Најмалку 17 луѓе загинаа, а 384 лица се водат како исчезнати во поплавата што го погоди пограничниот регион помеѓу Непал и Тибет. Помеѓу исчезнатите лица 105 се индиски државјани, 12 Британци, а на 111 човек сè уште не е утврдена националноста. Надојдената вода оштети села и патишта, а непалските власти побараа помош од Кина и од Индија. Реката Боте Коши извира во Тибет и се влева во непалската река Тришули, која на крајот се влева во Индија ...

Апелацискиот суд Скопје информира дека по одржана нејавна седница по кривичниот предмет, во јавноста познат како „Талир“, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер Никола Груевски. Пресудата, како што се посочува, е донесена по одржана нејавна седница на 26 август годинава и разгледување на списите ...

Стратешкиот план на Собранието за 2027-2031 година се темели на сите потреби на Собранието и службата, како и активностите што треба да придонесат за натамошно унапредување на законодавната, надзорната и претставничката функција на Собранието, а планот ги задржува шесте функционални цели-функционално, отворено, дигитално, безбедно собрание, парламентарна дипломатија и една новина е додавањето на интеграцијата во ЕУ и ефикасна служба, истакна ...

Во Скопје денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза. Одбележувањето, кое со различни настани ќе трае десетина дена, започна утрово со положување цвеќе пред спомен плочата на нејзината родна куќа во центарот на главниот град. Прв кој положи цвеќе и кој ги предводеше делегациите беше министерот за европски прашања и прв вицепремиер во Владата Беким Сали. -Денес сме тука во близина на старата куќа на Мајка Тереза во центарот ...

Во Спомен куќата на Мајка Тереза – Скопје денеска ќе бидат отворени три изложби посветени на животот и делото на Мајка Тереза - „Мирот започнува со насмевка“, „Наследството на Мајка Тереза“ и „Апостолот на мирот и љубовта преку зборовите на познатите“. Изложбата „Мирот започнува со насмевка“ е составена од фотографии и инспиративни мисли на Мајка Тереза, која преку нејзините пораки потсетува на значењето на љубовта, човечноста и грижата за ...

Дваесет и три лица останаа заглавени високо над земјата околу три часа откако рингишпил се расипа на саем во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата. Возењето запрело доцна синоќа поради технички дефект, што предизвика голема интервенција на полицијата и пожарникарите во обид да ја спуштат конструкцијата и да спречат паника каѓу заглавените луѓе, јави ДПА. Според весникот „Билд“ (Bild), патниците биле заглавени на околу 30 метри ...

Седум лица загинаа во пожарот што избувна на градилиштето на Амурскиот рударско-хемиски комбинат, кој сега е изгаснат, а во тек е потрага по девет кинески државјани. На градилиштето моментално се завршува со согорување на преостанатите процесни гасови под надзор на стручњаци и иницирана е истрага, наведено е на Телеграм. Вкупно 152 лица побарале медицинска помош, од кои 36 се хоспитализирани поради повреди со различна тежина. Преостанатите ...

Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари - јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле во јули или 1.955.099 што е зголемување од 7,1% во споредба ...

Сите мини во меѓународните води на Ормуска Теснина се отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го набљудуваат секој сантиметар од Ормуска Теснина. „Ќе има политика на нулта толеранција кон поставувањето мини, која ...

Штетите од природни непогоди врз земјоделските култури во Хрватска од почетокот на 2026 година до средината на август достигнаа околу 37 милиони евра - соопшти потпретседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, Давид Влајчиќ. Тој ги претстави податоците на средбата со словенечкиот министер за земјоделство Јанез Циглер Крал во рамки на 64. Меѓународен саем за земјоделство и храна „АГРА“ (AGRA) во Горња Радгона, во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...

Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа, доцна синоќа околу 22:20 часот беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови со возила пинцови исто така ангажирани од ДСЗ, како и три ер трактори и хеликоптер на МВР. ...

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и посебните извештаи на Антикорупциска за утврдените ...

Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи. Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во општина ...

Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката Доли Партон почина на 80-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот внук во видео на Инстаграм. Партон во последниот период имаше здравствени проблеми поради кои откажа и одложи повеќе јавни настапи. Само неколку дена пред смртта таа зборуваше за својата здравствена состојба и за тешкиот период по смртта на нејзиниот сопруг Карл Дин во март 2025 ...

Соединетите Американски Држави ја почнаа финансиската офанзива против Иран..Операцијата, наречена „Економски отпадник“, ќе треба да го запре пристапот на Иран до глобалниот финансиски систем и да ги блокира приходите кои Техеран ги добива од извозот на нафта. Американската администрација веќе се закани дека легитимни цели ќе бидат и сите држави кои ќе продолжат да му помагаат и финансиски да соработуваат со Иран... Скот Бесент - министер за ...

Близу 700 милиони евра должат државните институции. До крајот на јуни, 903 од нив пријавиле неплатени сметки, а за шест месеци долгот пораснал за 26,4 милиони евра, од кои 17,5 милиони во вториот квартал и речиси три милиони на годишно ниво. Кон други јавни институции се должат 344,5 милиони евра, а кон приватни фирми и организации – 315,2 милиони. Општините должат 93,2 милиони евра, за 28,5 милиони повеќе од лани. Според поранешниот ...

На недела дена пред стартот на учебната година, министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека оваа година ќе има 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование. Министерката посочи дека во учебната 2026/2027 се запишани околу 14.500 првачиња. Во врска со оптимизацијата на училишната мрежа заради воведување едносменска настава, министерката соопшти дека оваа година очекува природно да бидат ...

Градежните активности за изградбата на автопатот Кичево – Охрид ги пресушуваат изворите на реката Треска, предупредуваат еколошките активисти, оценувајќи ја ситуацијата како сериозно уништување на животната средина. Според нивните сознанија, интензивните ископи, пробивањето тунели и изградбата на мостови резултирале со оштетување на сите подземни извори и притоки што ја напојуваат реката. Поради ова, дури и главниот извор на Треска во селото ...

Македонија направи премногу за нејзините евроинтегративни процеси но остана предадена од страна на Брисел, откако пропадна и последниот обид, а тоа беше промената на името. Вака премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Брајтбар њуз го објаснува тридеценискиот пат на земјата кон нејзините евроинтеграции. Во интервјуто не пропушти прилика ниту да ја спомне стратешката поддршка кон САД како најголем стратешки партнер но и да посочи дека токму ...

Во тензична атмосфера помина двочасовната средба меѓу производителите на ајварката и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. На денешниот нов протест во Струмица, гневните земјоделци посочија дека наместо договорените 30 денари за килограм мешана прва и втора класа како што претходно се согласиле откупувачите и преработувачите, цената паднала на 25 односно 20 денари за килограм. Пред подрачната служба на ...

Со вкрстени прашања за вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје од страна на адвокатите на обвинетите во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“ , продолжи денешното судско рочиште. Прашањата најмногу се однесуваа за пренамената на објектот од производствен погон во дискотека. Адвокатката на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, поставуваше прашања во насока на тоа дека во 2012 година Милковски му го ...

Власта со Премиерот Мицкоски подготвува сценарио за предвремени парламентарни избори и вештачко предизвикување на меѓуетнички тензии, обвини опозицијата. Главната причина за одржувањето на изборите е празниот буџет и немањето на економски резултати на актуелната валст - посочи Андреј Жерновски. Сценариото според него е во режија на српските и руските служби. По пропаѓањето на првичното сценарио со Бугарија, фокусот на Владата ќе се пренасочи ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека прв пат се согласува со претседателот на СДСМ Венко Филипче дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија. - Јас можам прв пат да се согласам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа ...

Пожарникарите кои се борат со шумскиот пожар во американската сојузна држава Невада кој брзо се шири, соопштија дека пожарот е локализиран 27 проценти. Таканаречениот пожар „Хок“ (Hawk Fire) на ридестиот терен на периферијата на Рино уништи 32 дома и оштети уште шест, според првичните проценки. Началникот на противпожарната служба Ричард Едвардс предупреди дека бројките најверојатно ќе растат. Пожарот брзо се прошири од саботата, а според ...

Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Од таму информираат дека директорот на ЦУК, Мухамед Али, е на терен заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. - Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува укинување туристички и деловни визи за до 200 илјади странски државјани кои поднеле барање за азил во САД. Доколку биде спроведена, мерката би претставувала најголемо еднократно масовно укинување визи во историјата на САД. Стејт департментот во следните недели би требало да објави укинување на таканаречените Б1 и Б2 визи издадени во периодот од 2016 до 2026 година на лица ...

Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите насочени кон војната меѓу САД и Израел против Иран и изнаоѓање пат кон мир, изјави денеска пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, по завршувањето на посетата на Техеран. Во пакистанската делегација беше и командантот на армијата Асим Мунир. Разговорите биле насочени кон мерки за спречување на натамошна ескалација, повторно отворање на Ормускиот Теснец и ...

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со кој ѝ се дозволува на државата привремено да презема контрола врз стратешки важни инфраструктурни објекти, доколку тие не се доволно заштитени од украински напади со дронови и други закани. Според указот, државата ќе може да ги презема контролата, имотот и сопственичките права доколку компаниите одговорни за објектите не ги исполниле обврските за нивна заштита или доцнат со нивната обнова по ...

Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година - изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како држава, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“. Според податоците на канадската Влада, САД во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32