Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Нема веќе криење. Пензионери, студенти, ученици, невработени и корисници на социјална помош ќе можат легално да работат без да ги загубат пензијата, стипендијата или социјалните права. Со новиот Закон за работно ангажирање се воведуваат електронски процедури и јасна рамка за повремено и сезонско вработување. Се очекува преку 17илјади луѓе да излезат од сивата зона. Досега многумина работеа преку договори или воопшто не беа пријавени, а ...
Угостителите бараат одложување на новиот закон за пушење кој треба да стапи од следниот месец, додека лекарите предупредуваат на штетните последици и бараат што побрзо да се воведат мерки против цигарите. Министерот за економија не прецизираше дали постои реална можност за пролонгирање на примената на законот. Рече дека уште еднаш ќе седне на заедничка маса со угостителите и министерот за здравство, кој е и предлагач на законот. „Ќе имаме ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го преземаа случајот со големата нарко афера во Србија, каде беа запленети пет тони марихуана пренесена од фирмата „АлфаФарм“ регистрирана во Македонија, дознава Телевизија 24. Ќе се истражува дали во Македонија постојат организирани групи поврзани со нарко аферата. Телевизија 24 побара став од ОЈО ГОКК. Оттаму велат дека засега не може да соопштат повеќе детали од ...
Судскиот совет ги проверува наводите за работењето на судијата Ѓоко Ристов, но под лупа ќе биде и целокупната работа во скопска Апелација. Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски изјави дека била извршена контрола на дел од прдметите во кои постапувал Ристов, но засега нема податоци или детектирано пропуст бидејќи се уште се разгледуваат предметите. Камбовски посочи дека неделава ќе бидат завршени извештаите. Александар ...
ДКСК отворила два предмети за антикорупционерката Цвета Ристовска брифираат за ТВ 24 од антикорупциска. Станува збор за предмети од кои во едниот треба да се истражи дали се работи за судир на интереси а другиот за фирма на синовите. Партијата Левица веќе изнесе дел од забелешките и наодите кои ги презентираа во јавноста а повикувајќи се на поднесениот имотен лист од 18.01.2024 во кој фирмата од 2020 та останала не пријавена . Другиот случај ...
Одложено судењето за Вангелица Илијевска, на која и се суди за двојно убиство во семејната куќа во Кратово. Ќе се прави супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата, информираат од кумановскиот Основен суд. ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО - На претходното рочиште судот ја донесе одлуката по барање на обвинителството, со образложение дека новото мислење ќе ги отстрани сите евентуални недоречености, пропусти и можни различни правни ...
ЈСП ќе се модернизира, но кога – сè уште останува непознато. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави набавка на 100 нови автобуси, кои, како што вели, ќе го променат секојдневието на илјадници граѓани што го користат јавниот превоз, но без конкретен датум кога автобусите ќе почнат да сообраќаат низ главниот град. „Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе ...
Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност - Министерството за здравство се огласи на темата извоз на македонски мозоци во САД. Оттаму велат дека научно-истражувачката работа која е поврзана со биолошки материјал е предмет на ригорозно нормативно регулирање. Министерство за здравство - Законската обврска за чување на оваа документација била 15 години, а од 2018 наваму законската обврска за чување на ...
На 10 месецов ССМ излегува повторно на улиците со блокади и протести пред институциите кои немаат слух за работникот, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Посочи дека кога веќе нема слух на власта работниците ќе бараат функционерите да си ги намалат платите бидејќи функционерите водат инает со работниците кој едвај преживуваат. Остануваат на ставот 600 евра минимална плата и плус 100 евра за останатите. Ресорниот министер за ...
Европската Комисија и преставнци од Западен Балкан разгледуваат решенија за непречено движење на транспортните работници во шенген зоната. Работна група, ќе ги усогласува ставовоите а една од опциите која се разгледува е возачите на камиони да се најдат во иста категорија со машиновозачите и пилотите, професии за кои важат поинакви правила.. Во очекување на трајно решение, од владата се надеваат дека Европската Комисијата е свесна за ...
Со цел унапредување на судските реформи и приближување кон европските стандарди, во Скопје ќе се одржи конференција „Засилување на ефикасноста и независноста на судството во Северна Македонија“. Фокусот ќе биде ставен на конкретни чекори за подобрување на транспарентноста и дигиталната модернизација на судската мрежа, како дел од Секторската развојна стратегија за правосудството 2024–2028. Конференцијата ќе почне со воведни обраќања на ...
Преку „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 651 прекршок, од кои 585 биле за пребрзо возење. Изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило. -Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 ...
Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, идната недела најверојатно ќе се одржи уште еден состанок на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, а ќе се разгледаат сите можности. Дурмиши не кажа дали можеби ќе се пролонгира имплементацијата на Законот ...
Државата има побарувања од над 200 милиони евра и тоа од речиси 6 илјади должници. Официјалните податоци велат дека само за даноци и придонеси долгот изнесува близу 200 милиони евра, додека износот на неплатените царински давачки е 3,5 милиони евра. Обврските требало да се подмират до 30 септември, но до крајот од 2025 година не биле регулирани. На последната листа на должници што Управата за јавни приходи ја објави на 9 јануари, посочено е ...
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од полноќ до 20 часот, направени се 508 прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“. Од нив, за надминување на брзината се 454 прекршоци, за поминување на црвено светло 42, а 12 лица возеле нерегистрирано возило. Во Скопје се регистрирани 78 отсто од прекршоците, и тоа за надминување на дозволената брзина 359, за поминување на црвено светло 25 и 10 за нерегистрирани возила. Во Куманово се ...
На ул. „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т. (29) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал. При увид, лицето приложило фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, која му била одземена. Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување со моторно ...
Двата недовршени објекта кај Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чија изградба е стопирана повеќе од една деценија, конечно ќе се доградуваат откако ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи. Од Министерството за образование и наука информираат дека на 30 јануари завршил рокот за пријавување на тендерот за изработка на нови проекти за градба, кој беше објавен на крајот од 2025 година. Од ...
Сојузот на синдикати денеска ќе објави кога и каде ќе започне со радикализирање на протестите. Ваквиот чекор доаѓа по неуспешните обиди да го седнат премиерот Мицкоски на заедничка маса со синдикалците и да договорят повисока плата. Егот на поединечни владини претставници е директна причина зошто минатата година не дошло до зголемување на работничките плати. Според Слободан Трендафилов од ССМ, работодавачите биле подготвени да ги зголемат ...
Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, зашто директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани. Тоа е сериозен предизвик кој бара ...
Врнежите од дожд од снег ги полнат хидроакумулациите во Струмичко, од кои, заради сушниот период лани, во сезоната на наводнување имаше распоред за пуштање вода од по три дена за повеќе атари во регионот, а годинава нема да има проблеми за земјоделците. Според раководителот на Подружницата „Струмичко поле“ при АД „Водостопанство на Македонија“, Томе Спасов,врнежите ги полнат акумулациите, а неколкуте помали веќе преливаат. - Според мерењата ...
Македонскиот мотоциклист, Христијан Бузалковски, ја продолжи низата на врвни меѓународни успеси, освојувајќи втор бронзен медал на престижниот ФИМ Европски шампионат во брзински мотоциклизам. - Изминатата година конкуренцијата беше на значително повисоко ниво, па борбата за првите три места беше исклучително неизвесна и се одлучуваше во стотинки. Затоа сум многу среќен што повторно медалот и пехарот доаѓаат во нашата земја, како доказ дека ...
Одложено е судењето за обвинетата Вангелица Илијевска, која предминатата година ги уби својот сопруг и свекор во семејн ата куќа во Кратово. Од Основниот суд Куманово информираа дека судењето се одложува, бидејќи треба да се направи супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата Илијевска. На претходното рочиште судот ја донесе одлуката по барање на обвинителството, со образложение дека новото мислење ќе ги отстрани сите евентуални ...
Со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, објави на фФејсбук скопскиот градоначланик Орце Ѓпрѓиевски. - Почитувани скопјани, кај мене дадениот збор е обврска, а не само формалност пред избори. Затоа, со огромна одговорност, ви ја соопштувам веста што значи нов почеток за нашиот град. Како што истакна ...
Во Амбасадата на Јапонија денеска беа потпишани два нови договора за грант во рамките на ГГП-програмата за мали проекти за човекова безбедност, со вкупна вредност од 81.956 евра. Грантовите се наменети за Универзитетската клиника за ендокринологија - Скопје и за Општина Свети Николе. Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, истакна дека проектите претставуваат продолжување на долгогодишната соработка меѓу двете земји и придонесуваат за ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - декември 2025 година, во однос на периодот јануари - декември 2024 година, се намалил за 3,5 %, објави Државниот завод за статистика. Во декември лани, пак, во споредба со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2,8 %. Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6,0 %, во секторот ...
Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна цел - придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните, порача од Дубаи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит за влади. Во видеопораката споделена преку неговиот фејсбук-профил Муцунски информира дека ќе оствари ...
Европската народна партија (ЕПП) усвои стратегија која има за цел да го отстрани правото на вето од земјите-членки на ЕУ и да ја претвори Унијата во воен сојуз, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Ова е стратегијата што ја усвои ЕПП, чиј член е опозициската Тиса. Ова е нивната цел. Секој што е член на ЕПП се согласува со оваа програма. Не треба да има сомнение: Тиса не може да се откаже, дури и да сака“, напиша тој доцна синоќа на ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави со работна средба во MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работи директно за владата на САД во областа на кибербезбедноста и управува со повеќе FFRDC-центри (Federally Funded Research and Development Centers). Како што информира Министерството за дигитална трансформација, на средбата се ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка -5 степени, во Крива Паланка се измерени -4, во Скопје-Петровец -3. Над нулата е само во Гевгелија со два степена, информира УХМР. На Попова Шапка има и најмногу снег 34 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 18, а во Маврови Анови 11 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ...
Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан од денеска е нов ракометар на ГРК Охрид, потпишувајќи договор со македонскиот суперлигаш до крајот на актуелната сезона, со можност за продолжување на соработката. „Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид“, изјави Борозан за клупскиот ...