Досегашниот Управен одбор на Радио-телевизија Србија денеска го обвини РЕМ за институционалната криза во јавниот сервис. Во реакцијата се тврди дека регулаторот навреме не ја започнал постапката за избор на нови членови на одборот. РЕМ претходно го оспорил продолженото работење на членовите чии мандати истекле во јули. Одборот предупреди дека, по оставката на генералната директорка и неконституирањето нов Програмски совет, јавниот сервис ...

По повод претстојниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. РСБСП укажува: Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Не ...

Сите знаат дека ни требаат околу 8 часа сон, но многумина од нас спијат многу помалку од тоа. Експертот за сон Оливија Ареколо вели дека постои значајна врска помеѓу спиењето и здравјето. Спиењето влијае на сè – од меморијата, до стресот и емоционалната состојба, до здравјето на кожата и општото здравје. А секој што спие само шест часа навечер, предупредува Ареколо, има четири пати поголеми шанси да настине. „Спиењето е од витално значење. ...

Научниците претставија нов експериментален тест на крвта кој може значително да го олесни откривањето и проценката на хроничните заболувања на црниот дроб. Резултатите покажуваат дека тестот достигнува точност споредлива со една од најпрецизните неинвазивни дијагностички методи – магнетно-резонантната еластографија. Новата технологија, наречена „LiquidTransformer“, беше претставена на годишниот конгрес на Американското здружение за проучување ...

Патниците кои планираат да влезат во Европската Унија повторно би можеле да се соочат со подолготрајни задржувања на границите, бидејќи вчера истече периодот на флексибилна примена на Европскиот систем за влез и излез (ЕЕС). ЕЕС предвидува електронска регистрација на државјаните на земји што не се членки на ЕУ и собирање биометриски податоци, вклучително и отпечатоци од прсти. Системот го замени класичното удирање печати во пасошите при влез ...

Под хаубата веројатно се наоѓа надградена верзија на познатиот 3,0-литарски линиски шестцилиндричен мотор со два турбополначи, познат интерно како С58. Сепак, моторот нема да биде идентичен со оној во сегашниот модел. БМВ претходно објави „нов тип шестцилиндричен мотор“, што ги поттикна шпекулациите за можно воведување на некаков вид електрификација. Во меѓувреме компанијата ја отфрли можноста за вградување тежок плагин хибриден систем, па ...

Македонското Собрание го задржа второто место меѓу парламентите во регионот според најновото мерење на Регионалниот индекс на отвореност, со исполнетост на индикаторите од 76,49%. Сепак, анализата укажува на потреба од поголемо учество на јавноста во законодавниот процес и почесто користење на редовната постапка за носење закони. Резултатот е благо подобрување во однос на претходното мерење, кога Собранието оствари 76,04%. На првото место е ...

Кон компјутерот Apple I има приложено писмо од Стив Џобс, во кое тој го прашува сопственикот дали би сакал да направи надградба на моделот Apple II. Познатиот компјутер Apple I Hatfield и потпишан од Стив Вознијак неодамна е продаден на анонимен купувач за рекордна сума од 1.148.200 долари, според аукциската куќа Bonhams. Овој уред, изработен во 1976 година и првично продаден за 666,60 долари на човек по име Фред Хетфилд, е еден од само 74-те ...

– Годишно, на 100.000 жители има од 200 до 300 граѓани со мозочен удар, што нè става некаде на врвот на статистиките. Последните две години тој број малку е зголемен. За жал, има и помлади пациенти. Имавме пациентка на 16-годишна возраст, што треба да нè алармира дека навистина треба да се внимава и дека секој може, всушност, да добие ваква состојба, односно болест, која навистина е сериозна – изјави денеска директорот на Универзитетската ...

Извршниот одбор на Народната банка вчера одржа редовна седница за поставеноста на монетарната политика, на којашто беа разгледани најновите макроекономски показатели од домашното и надворешното окружување, најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и согледувањата од најновите макроекономски проекции на среден рок. На оваа седница Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од ...

Оригиналната руска салата малку наликува на верзијата што ја гледаме на нашите трпези. Погледнете што вклучил нејзиниот творец и испробајте го овој рецепт од 1860 година. Оригиналната руска салата претрпела неколку промени; првичниот рецепт драстично се разликува од оној што го користиме денес. Верзијата што ја подготвуваме во големи чинии за прославите на слава е само поедноставена варијанта – при што недостасува една состојка која денес ...

Втората вечер на 45. Скопски џез-фестивал, денеска, 16 октомври, носи исклучително музичко патување низ современиот нордиски џез, електрониката и слободната импровизација. Под заедничкиот концепт „Punkt International“, на сцената на Националната опера и балет ќе настапат музичари од Норвешка и Исланд, а вечерта ќе кулминира со необичен полноќен концерт во кој веќе изведената музика ќе добие сосема нов живот. По синоќешното отворање на 45. ...

Албанските власти започнаа со примена на новите построги правила за учесниците на протестите, а првите санкции веќе се изречени. По демонстрациите што се одржаа во средата вечерта во Тирана, полицијата казнила 31 лице, со што бројот на изречени казни во последните неколку дена се искачи на 83. Според соопштението на албанската полиција, казнетите граѓани го блокирале патот и го попречувале движењето на возилата, и покрај предупредувањата што ...

Вакцината против мали сипаници МРП е апсолутно безбедна и најефикасен начин за заштита на децата и населението од ова заразно заболување, изјави за „Локално“, проф. Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација. Таа објаснува дека малите сипаници или морбили може да предизвикаат сериозни заболувања, особено кај малите деца и новороденчињата кои се невакцинирани и дека родителите не треба да се плашат да ги вакцинираат. ...

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор имала детство обележано со отсуството на татко ѝ, кој ја напуштил кога имала само две години и никогаш повеќе не сакал да воспостави контакт со неа. За болната семејна приказна таа зборувала во неколку наврати, а сега повторно се наврати на неа во делови од емисијата на подкастот „Маме код Лане“. Косор раскажува дека бракот на нејзините родители бил ужасен и дека татко ѝ ја тепал мајка ѝ, а таа ...

„Volkswagen“ ќе ја замени претходната стратегија „Во Кина, за Кина“ со нов пристап – „Во Кина и преку кинеските граници“, објави во средата подружницата со седиште во Хефеј во среда. „На тој начин, Кина ќе стане не само еден од неговите пазари на Volkswagen, туку и клучен центар за иновации и извоз во рамките на глобалните операции на групацијата“, се истакнува во соопштението. Реклама Компанијата планира, со поддршка на кинески партнери, да ...

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во организација на УЕФА. Нашата селекција ќе настапи на турнирот во Трабзон, Турција, во периодот од 11 до 17 ноември. За противници во квалификациската група ги имаме селекциите на Унгарија, Сан Марино и домаќинот Турција. Собирот на репрезентативците е ...

Хуманоидните роботи сè побрзо стануваат дел од реалниот работен свет. Американската компанија Agility Robotics, чиј робот Digit веќе извршува физички задачи во магацини и индустриски капацитети, направи историски чекор со излегувањето на американската берза Nasdaq. Компанијата обезбеди околу 465 милиони долари, кои ќе ги искористи за проширување на производството и примената на роботите. Она што до неодамна изгледаше како научна фантастика ...

Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година и за законитоста на работењето на пет друштва за игри на среќа во кои Државна лотарија има сопственички удел од 51 отсто. Ревизорите утврдиле неусогласености во уплатата на основачките влогови, долгорочни договори без примена на Законот за јавните набавки и недоволна документација за дел од трошоците. Ревизијата ги опфатила „Државна лотарија – 77 ...

Италијански готвач во Австралија останал без работа откако одбил да подготви пица со шунка и ананас, образложувајќи дека ставањето ананас на пица е навреда за неговата култура. Давиде Тамбурела бил отпуштен во мај од ресторанот „Ла Коста“ во Бризбејн, кој во меѓувреме престанал да работи, а случајот завршил пред австралиската Комисија за правични работни односи. Во однос на ананасот, Комисијата забележала дека ова не бил првпат готвачот да ...

Грција претстави нов суперкомпјутер, „Дедал“ (Daedalus), кој со брзина на обработка од 85,69 петафлопси отвора нови можности за развој на напредни модели на вештачка интелигенција во земјата. „Дедал“ е најмоќниот суперкомпјутер некогаш инсталиран во Грција. Системот, кој претставува инвестиција од 58,9 милиони евра, според достапните податоци, се рангира како 31-ви најмоќен суперкомпјутер во светот. Иако брзината од приближно 86 петафлопси ...

Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови бидејќи влијанијата на Ел Нињо почнуваат да се чувствуваат глобално, предупреди генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Светската метеоролошка организација (СМО) ги објави најновите податоци за природниот временски феномен, кои покажуваат дека може да биде најсилниот во последните 70-ина години и да трае барем до февруари 2027. Ел Нињо ги менува временските обрасци ...

Есента е сезона на јаболка, а вие можете лесно да направите домашен сок од јаболка без конзерванси. Ако имате соковник или преса, можете да добиете сок од свежи јаболка; во спротивно, можете да го добиете со варење на овошјето. Не ви е потребна сложена опрема за да направите домашен сок. За еден литар добиен сок ќе ви бидат потребни приближно 1,25 до 1,5 килограми јаболка. Без оглед на методот што ќе го користите, најважно е да имате чисти, ...

Оценката на Виња, која прв ја пренесе Ројтерс, беше проследена со изјава која звучи речиси како благодарност. „Како Европеец, ви благодарам што покажавте дека дури и во стариот свет сè уште може да се биде иновативен и храбар“, кажа Виња. Тој додаде дека презентацијата на родстерот е доказ дека сè уште има свежи идеи во индустријата. Тесла го претстави својот родстер од новата генерација во центарот за тестирање ракети на Спејсекс во ...

Од активирањето на апликацијата vakcinacija.mk за бесплатна вакцинација против сезонски грип, досега се пријавени 70.185 лица, од Министерството за здравство. Досега се вакцинирани 6.282 лица од ризичните групи население. Вакцинацијата се одвива на 31 пункт низ државата, од кои пет пункта се во Скопје, во поликлиниките Идадија, Битпазар и Ѓорче Петров, во Центарот за јавно здравје-Скопје и Институтот за јавно здравје. Бесплатната вакцинација ...

Казната сè уште не е објавена и ќе биде одредена за неколку дена, додека актерот моментално е во притвор. Покрај повеќегодишната затворска казна, тој се соочува со сериозни финансиски последици. Според извештаите на медиумите, вклучувајќи го и „Гардијан“, други жртви би можеле да го тужат Бренд за отштета. Неговото богатство се проценува на околу 17 милиони евра, но оваа сума не е официјално потврдена и би можела значително да се намали ...

Македонското еколошко друштво (МЕД), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, започна со генетскиот мониторинг на кафеавата мечка, што за првпат се спроведува на национално ниво. Активноста е дел од петгодишниот меѓународен проект „Зачувување на популацијата на кафеава мечка во Динарско-пиндскиот масив“. Генетското пребројување ќе ја опфати целата динарско-пиндска популација на кафеавата мечка, од Алпите до ...

Давид Темелков на Макфест ја претстави својата нова авторска песна „ДОМ”, со која го најавува својот трет албум. Овојпат не се задржа само на музиката, текстот и аранжманот. Тој ги потпишува и сценариото и режијата на видеоспотот, снимен на седум локации, а пред камерите ги собра великаните на македонското глумиште – Марија Кондовска и Владо Јовановски. Новата песна пристигнува во пресрет на неговиот прв солистички концерт во Загреб, закажан ...

Мистериозни лица облечени во одори на калуѓерки, со бели маски на лицата, кои во последните недели се појавуваат на улиците во градовите низ Србија, ги вознемирија граѓаните, особено родителите и децата, пишуваат српски медиуми. Иако на социјалните мрежи се проширија различни теории за нивното потекло, се покажало дека станува збор за вирален тренд од Тикток, чија цел е да предизвика страв и да собере прегледи и лајкови. Граѓани пријавувале ...

Случајот со АЛТА банка – Битола отвори сериозни прашања за ефикасноста на финансискиот надзор, навременото препознавање на ризиците и заштитата на граѓанските депозити. Додека штедачите се соочуваат со драстично ограничен пристап до сопствените средства, на површина излегува уште еден загрижувачки податок од последниот ребаланс на Буџетот, велат од Левица. Имено, како што се додава, Владата на ДПМНЕ ги намалува средствата за Управата за ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.45
77%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Злато

130856.75