Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во Бугарија се разгледува можноста буџетот за 2027 година да не предвиди повисоки плати за вработените во Министерството за внатрешни работи. Ова денеска го соопшти министерот Иван Демерџиев пред надлежната парламентарна комисија. Тој ја поврза разгледуваната опција со состојбата на државните финансии. Според неговото образложение, претходното зголемување на примањата во безбедносните структури било наменето да го надомести заостанувањето од ...
Фото: Македонски весник “Илинден” Далеку од родната Македонија, во срцето на македонската заедница во северниот дел на Германија, со години се негуваат македонскиот јазик, песната, орото и народните обичаи. Еден од примерите за посветена работа во зачувувањето на македонската традиција е Македонскиот клуб “Илинден“- Латцен – Хановер, кој повеќе од четири децении е место за собирање, дружење, културно поврзување и пренесување на македонските ...
Вредноста на биткоинот (BTC) денеска забележа пад од 2,55 отсто, додека обемот на тргување со оваа криптовалута значително се зголеми. И покрај намалувањето на цената, расположението на пазарот останува позитивно, а Индексот на страв и алчност покажува дека меѓу инвеститорите и понатаму преовладува оптимизмот. Цената на биткоинот денеска, во 15:15 часот, на платформата „Бајнанс“ (Binance), една од најголемите светски берзи за криптовалути, ...
За Бети Котовчевска од Ресен, позната како Бетика или „ледената кралица“, календарот не е пречка за капење. Таа ја отвори сезоната на капење во студени води во реката Црн Дрим во Струга, а фотографијата од ноемвриското капење ја објави на својот инстаграм-профил со кратка порака: – Сезоната официјално отворена. View this post on Instagram A post shared by Betika ✨ (@_betika_) За неа, ова не е само необично хоби, туку начин на живот што го ...
Климатските промени енормно ги намалија приносите на мед во Кумановскиот Регион, а го уништуваат и квалитетот на пчелната заедница. Пчеларите се жалат дека оваа година била најлоша во последните 20 години, поради што и количините на мед се на најниско можно ниво. Ако обично од едно пчелно семејство добивале од 10 до 15 килограми мед, сега просекот е до еден килограм, што значи до една тегла, а некои не добиле ни толку. „Климатските промени го ...
За таа пригода, таа беше трансформирана со помош на прекрасна руса фризура моделирана по познатата актерка, а носеше и реплика од проѕирниот боди со светки од филмот. Таа дополнително го адаптираше костимот за Ноќта на вештерките со солзи и детали што имитираат крв. Пејачката и актерка често експериментирала со фризури во текот на својата кариера, од природни кадрици од деведесеттите до медено руси прамени, пишува Харперс Базар. Најсветлата ...
Живееме во ера на паметни уреди, интелигентни системи и технологии што постојано го менуваат начинот на кој живееме, работиме и ги извршуваме секојдневните обврски. Од смартфоните и паметните часовници до апаратите за домаќинство што автоматски се приспособуваат на нашите потреби, иновациите стануваат составен дел од модерното секојдневие. Денешните потрошувачи бараат попаметни функции што обезбедуваат поефикасно и поквалитетно корисничко ...
Nvidia ги демантираше гласините дека го запрела производството на графичката картичка RTX 5090, иако признава дека ограничувањата во синџирот на снабдување би можеле да доведат до недостиг за гејмерите. Во текот на изминатите неколку недели се појавија гласини дека Nvidia го прекинала производството на RTX 5090 – модел што првенствено се користи во системи за играње видеоигри. Компанијата сега стави крај на овие шпекулации, но истовремено ...
Иако паркирањето во Битола беше бесплатно по повод одбележувањето на „Роденденска Битола“, голем број граѓани сепак испратиле СМС-пораки за плаќање паркинг. Од ЈП „Паркинзи Битола“ информираат дека целиот приход остварен на овој начин ќе биде пренасочен за хуманитарни цели. Според податоците на јавното претпријатие, во текот на денот кога паркирањето било бесплатно, вкупно 1.363 корисници испратиле 2.747 СМС-пораки за регулирање на ...
Бројот на професионални новинари во Германија до 2035 година би можел да се намали за 12 до 50 отсто, а приходите на традиционалните медиуми од рекламирање и продажба на содржини да опаднат и до 43 отсто. Ова се дел од проекциите на студија изработена по нарачка на германските јавни сервиси АРД, ЗДФ и „Дојчландрадио“, пренесува „Бизнис.рс“, повикувајќи се на германската новинска агенција ДПА. Студијата, подготвена од истражувачите Кристијан ...
Македонката Дарија Ристеска освои златен медал на Балканскиот шампионат во дисциплина болдер, кој се одржа изминатиот викенд во Темишвар, Романија. Ристеска која е стипендистка на Министерството за спорт и претставничка на Спортско Качувачка репрезентација на Македонија, оствари извонреден спортски успех освојувајќи го првото место и златниот медал во категоријата девојчиња до 11 години. На Балканијадата учествуваа 136 натпреварувачи од ...
Експерти од болницата Johns Hopkins во САД идентификуваа пет симптоми кои би можело да бидат рани знаци на рак, симптоми што луѓето често ги занемаруваат. Иако повеќето од овие појави имаат безопасни причини, лекарите советуваат да се проверат доколку продолжат или се влошат. Според Johns Hopkins Medicine, ниту еден од овие симптоми сам по себе не потврдува дека лицето има рак. Сепак, тие може да укажуваат на тоа дека нешто не е во ред, па ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упатува препорака/ апел до сите родители и граѓани кои не ја примиле МРП вакцината (против мали сипаници, рубеола и паротит), согласно националниот Календар за имунизација, да ги посетат надлежните вакцинални пунктови и да ја надоместат пропуштената доза. ИЈЗ во објава на својот фејсбук профил наведува дека имајќи го предвид сè уште недоволниот опфат со МРП вакцината во нашата земја, како и актуелната ...
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на ...
Сепак, она што со години се случуваше зад сцената на нивните славни кариери наликува на вистинска серија на расправии и ривалства. Познатиот Рамбо сега реши да си ја отвори душата и да признае дека двете најголеми акциони ѕвезди со децении биле во кавга. Во една епизода од подкастот The Rest Is Entertainment, Силвестер Сталоне (80) искрено зборуваше за тоа како била неговата врска со Арнолд Шварценегер (79) од самиот почеток. Ривалството се ...
Сабота 7 ноември, носи различни предизвици и можности за сите хороскопски знаци. Некои ќе се соочат со финансиски ризици и тензии на работното место, други ќе треба да посветат повеќе внимание на љубовните односи, а за дел од знаците денот носи нови познанства, деловни договори и позитивни промени. Еве што предвидува дневниот хороскоп за сите 12 хороскопски знаци. ОВЕН Внимателно испланирајте ги деловните потези бидејќи постои финансиски ...
Безбедносните служби затаиле во превенцијата во случајот со измамата со инвестициски фондови, смета професорот Владимир Пивоваров и поранешен шеф на воено разузнавање. Во меѓународна истрага на Европол и Евроџаст во која беа запленети 100 серври и уапсени седум лица се осомничени и кол-центри во Македонија. Истрагата се однсеува на мрежа која преку лажни платформи за тргување со криптовалути, девизи и акции измамила луѓе за над 4 милиони ...
Сонетот во светската и македонската книжевност е насловот на научната монографија од Елена Пренџова, поетеса, лингвистка и книжевничка, која претставува прво научно дело во земјава посветено на истражувањето на оваа класична поетска форма. Во изјава за Телевизија 24, авторката посочи дека монографијата го обработува сонетот како книжевен феномен – од неговото настанување и историски развој, до неговото присуство во македонската книжевност и ...
Центарот за македонски јазик во Грција, организација што го чува и негува македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција, беше распуштен од Апелациониот суд во Кожани на 13 август 2024 година. Организацијата веднаш поднесе жалби до Врховниот суд на Грција за поништување на одлуката за распуштање, а рочиштето беше закажано за 21 септември 2026 година. Наместо тоа, Врховниот суд ги одложи рочиштата за 20 септември 2027 година, со што го ...
Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари. Рокот за пријавување истекува на 11 ноември, а повикот е отворен за сите средношколци во Македонија. За учество не е потребен готов производ, разработен бизнис или претходно претприемачко искуство, туку добра бизнис-идеја, ...
CUPRA Raval официјално е номиниран за финалната рунда од гласањето за наградата Автомобил на годината 2027 (COTY). Жири од 64 новинари од 25 земји оценува вкупно 38 возила пред да ги избере седумте финалисти, а CUPRA Raval е меѓу нив. Номинацијата означува уште една важна пресвртница за CUPRA Raval. Електричното урбано возило на брендот претставува кулминација на трансформацијата на компанијата и годините на инвестиции во електрификација на ...
До крајот на 2026 година, овој пад би можел да достигне дури 27 отсто. Според податоците собрани од истражувачката фирма „Counterpoint“, глобалните испораки на компјутери во третиот квартал се намалиле за 21 отсто во споредба со истиот период претходната година. Во тој период минатата година, индустријата испорачала над 70 милиони уреди, но таа бројка сега е падната на 57 милиони. Всушност, забележан е пад од 13,8 отсто во однос на ...
Данската писателка и илустраторка Ане Бјорн гостуваше во Скопје на 20 и 21 октомври со програма од четири креативни работилници за деца, инспирирани од нејзината сликовница „Магичен поглед“. Посетата беше дел од проектот „ЕУрека: Читањето – семе на иднината!“ на издавачката куќа „Антолог“, а во средиштето на работилниците беа цртањето, раскажувањето, емоциите и начинот на кој детето преку сликата и зборот создава сопствен поглед кон светот. ...
Економските аналитичари очекуваат забавување на ценовниот притисок, но со проценка дека до 2029 та домашната економија ќе се соочи со инфлација не пониска од 3%, пишува Порталб.мк. И Владата со нови пооптимистички прогнози за годинава. За разлика од економистите, од Владата сметаат дека главните причини за ценовните притисоци доаѓаат само од надвор. Проценка на економистите, и во следните години инфлација над 3%, на светските берзи храната ...
Спортскиот директор на Шахтјор од Доњецк, Дарио Срна, ги критикуваше ФИФА и Џани Инфантино, но исто така истакна дека верува оти нема место за Русите во натпреварувањата на УЕФА додека трае војната. Дарио Срна го покани Џани Инфантино да ја посети Украина и самиот да се увери во условите во кои работат клубовите во оваа земја, но особено нагласи дека ФИФА не направила ништо за да им помогне на клубовите откако започна војната меѓу Русија и ...
Истражувањето на ДНК на кучињата од Чернобил откри силни докази за забрзана природна селекција. Кучињата во близина на нуклеарната централа во Чернобил се генетски различни од кучињата од град оддалечен 10 милји, открива нова студија. Научниците веруваат дека радиоактивното зрачење можеби не е главната причина, туку дека преживеаните кучиња носеле ретки гени што им помогнале да преживеат. Кучињата што живеат во непосредна близина на ...
text size Потенцијалните инвеститори во иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Антропик“ (Anthropic PBC) се соочуваат со викенд на неизвесност пред почетокот на официјалната промоција на понудата, откако острата распродажба на акциите на компаниите за вештачка интелигенција по изборите поттикна преиспитување на очекуваната вредност на компанијата. text size Потенцијалните инвеститори во иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Антропик“ ...
Побрза обработка на примероците крв и побрзо издавање на резултати на пациентите, е овозможено со новите лабораториски анализи воведени во Институтот за јавно здравје кои претходно не беа целосно достапни во државното здравство. Новата лабораториска опрема – имуноанализаторите се користат за прецизно откривање и квантифицирање на специфични протеини, хормони, антитела, туморски маркери и други биомаркери во биолошки примероци. Исто така, со ...
Криптовалутата Zcash (ZEC) се најде меѓу највпечатливите дигитални средства на криптопазарот во 2026 година, по силниот раст на нејзината вредност и обновениот интерес кај инвеститорите. Цената на ZEC се движи над 1.200 американски долари, а дополнително внимание привлекува претстојното мрежно ажурирање NU7, кое треба значително да ја зголеми брзината на обработка на трансакциите. Според пазарниот преглед на ZECstats, цената на Zcash ...
Сценарието за продажба, како едно од најможните за решение на проблемот со Алта банка АД Битола, за кое деновиве пишуваше еМагазин, станува се пореално. Денеска премиерот Христијан Мицкоски изјави дека следниве денови заедно со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ќе имаат состаноци со неколку заинтересирани купавачи. Дека заинтересирани за купувачи за Банката има, неодамна ...