Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Алегориската приказна за Вистината и Лагата отвора прашање што останува актуелно: зошто луѓето понекогаш полесно прифаќаат убава измама отколку непријатна вистина? Еден ден се сретнале Вистината и Лагата. „Денес е прекрасен ден!“, рекла Лагата. Вистината погледнала кон небото и се уверила дека навистина е така. Продолжиле да одат заедно, разговарајќи, сè додека не стигнале до еден бунар. „Водата е многу пријатна. Дојди да се капеме заедно“, ...
Проф. д-р Стивен Бојд од Универзитетот Стенфорд, САД ќе одржи предавање в петок во 10 часот во Амфитеатар 2 при Економскиот факултет во Скопје. Станува збор за еден од водечките светски истражувачи во областа на конвексната оптимизација и нејзината примена. Темата на предавањето е „Конвексна оптимизација во квантитативните финансии“ Во рамки на предавањето, проф. Бојд ќе ги претстави основните концепти, алгоритми и софтверски алатки за ...
Денес, илјадници деца го започнуваат својот поход во светот на учењето. За нив, секој ден е ново искуство, со нешто ново да се види, дознае, испроба и почувствува. Но овој поход не започнува само во училишната клупа. Започнува со испраќањето од дома и продолжува со пречекот при враќањето. Испраќањето е учење за разделба и охрабрување, а пречекот, учење за прифаќање, радост и заедничко делење на искуството. Семејството е првото училиште за ...
Големите производители на хемикалии планираат значително да го зголемат производството на PFAS, познати како „вечни хемикалии“, поради растечката побарувачка од индустријата за вештачка интелигенција и центрите за податоци, објавува денес The Guardian. Брзиот развој на вештачката интелигенција носи огромни технолошки промени, но зад експанзијата на AI се појавува и нов еколошки предизвик. Големите производители на хемикалии планираат ...
Според денешниот извештај на британскиот Guardian, проблемот станал толку голем што 26 локални власти овој месец привремено го прекинале собирањето фрижидери. Во Оксфордшир, само за една недела се фрла количество стари фрижидери со кое можат да се наполнат речиси три големи камиони. Зошто одеднаш има толку многу фрижидери? Една од причините се високите температури и топлотните бранови во Британија годинава. Старите уреди работат под поголемо ...
Фондацијата „Кантарот“ го организираше Evidence Day 2026 и ги отвори своите простории во Скопје Поттикнување на дијалог, вмрежување и развој на домашната и меѓународната научна заедница е целта на Фондацијата „Кантарот“ која официјално ги отвори своите нови простории во Скопје (на бул. „Илинден“ бр. 41). На свеченото отворање присуствуваа врвни имиња од светот на науката и високото образование. Тие гостуваа во Скопје во рамките на Evidence ...
Постои едно прашање кое, порано или подоцна, тивко се појавува во животот на речиси секој човек: Кој сум всушност јас? Не: кој сум според мојата професија. Не: кој сум според тоа што го мислат другите за мене. Не: кој сум според моето име, статус, улога или достигнувања. Туку: Кој сум јас кога ќе ги тргнам сите тие нешта и кога престанувам да се обидувам да бидам „некој“? Кој сум кога не морам никому ништо да докажувам и кога никој не ме ...
Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на право на студентска стипендија, остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, дека рокот за аплицирање е од 1 до 30 октомври 2026 година. За продолжување на правото на студентска стипендија, корисникот треба електронски да ги прикачи следните документи: потврда за запишан нареден семестар, ...
Можеби најчудното нешто што ни се случува денес не е тоа што светот со голема брзина се менува, туку тоа што сè потешко можеме да се потпреме на него за да ни каже кои сме, а на што сме навикнати. Понекогаш еден човек може да има работа, семејство, пријатели, дом, обврски, планови… и сепак, некаде длабоко во себе да живее со доживувањето: Не припаѓам овде!“ Не знае точно каде припаѓа. Не знае ниту што точно му недостига. Само чувствува дека ...
Проф. д-р Светлана Мојсов е во фокусот на Lost Woman od Science, каде е направен одличен профил на нејзината кариера. Мојсов ја откри активната форма на глукагон-сличниот пептид (GLP-1), што доведе до развој на исклучително успешни лекови за дијабетес и слабеење, како што се „Оземпик“ (Ozempic) и „Вегови“ (Wegovy), чија вредност денес се мери во милијарди долари. „Д-р Мојсов со години се бореше нејзиното име да излезе од сенката на тројца ...
Зелената транзиција отвора и нови еколошки прашања Критичните минерали се неопходни за производство на батерии, електрични возила, ветерни турбини и друга опрема што треба да ја намали употребата на фосилни горива. Но нивната експлоатација може да предизвика значителни последици врз природата, вклучително и нарушување на живеалиштата, потрошувачка на вода и создавање рударски отпад. Токму затоа, европската стратегија отвора важно прашање: ...
Според најавите, дата-центарот ќе има енергетски капацитет до еден гигават, што го прави проект со исклучително големи потреби од електрична енергија. На 9 октомври Андабак изјави дека подготовките се одвиваат според планот. Почетокот на изградбата е предвиден за 2027 година, а почетокот на работењето за 2029 година. Соларна електрана од 500 мегавати и големи батериски системи Еден од најважните делови на проектот е планираната енергетска ...
Седиш со луѓе, а сепак не си навистина со нив. Некој ти зборува. Гледаш во него, го слушаш, или барем така изгледа. Климаш со главата, се насмевнуваш, поставуваш прашање. Но, некаде во позадина се одвива сосема друг разговор во себе… Дали премногу го гледам во очи? Како ми звучи гласот? Дали забележа дека се збунив? Што да кажам сега? Дали сум му интересен? Дали изгледам чудно? Разговорот тече пред тебе, но твоето внимание е насочено кон ...
По две успешни сезони, детскиот квиз „Мислотека“ прерасна во многу повеќе од телевизиска емисија. Децата го препознаваат водителот Мики Анчевски на улица и во театар, родителите прашуваат кога започнува новата сезона, а квизот стигна и до македонските деца кои живеат надвор од Македонија. Со Анчевски разговараме за искуството од првите две сезони, популарноста на проектот и моментите што најмногу ги памети. Зад вас се две сезони на ...
Дали некогаш сте се запрашале колку многу може да научи едно дете додека реди коцки, бара скриена играчка или прави меурчиња од сапуница? Она што на возрасните им изгледа како обична игра, за детето претставува можност да го истражува светот, да ги развива своите способности и да воспоставува врска со луѓето околу себе. Преку едноставни активности можеме да поттикнеме комуникација, внимание, моторички вештини, сетилна перцепција, самостојност ...
Археолози во североисточна Франција откриле необично голема колекција од повеќе од 1.000 коцки изработени од коска во остатоците од римска населба. Веста е објавена денес, 7 октомври. Arkeonews Количеството е толку големо што локалитетот веќе неформално се споредува со своевиден „антички Лас Вегас“. Коцките покажуваат дека игрите на среќа и забавата биле значаен дел од секојдневието во населбата, а археолозите сега ги анализираат нивната ...
Промената би означила нов пристап во дизајнот на британските пари, во кој природата и биолошката разновидност ќе добијат поголемо внимание. Наместо исклучиво да се слават значајни личности од историјата, банкнотите би можеле да ја претставуваат и природата што е дел од британскиот национален идентитет. Таквиот избор би имал и едукативна вредност. Секојдневното користење на банкнотите би можело да придонесе за поголема препознатливост на ...
Во експериментот, истражувачки тим предводен од Франческо Марин користел ласерска светлина за да задржи мала стаклена сфера во оптичка стапица. Потоа успеал да воспостави квантна врска меѓу нејзиното движење и светлината. Квантната испреплетеност е необична појава во која состојбите на два физички система се меѓусебно поврзани на начин што не може да се објасни со класичната физика. Зошто ова откритие е важно? Голем дел од експериментите со ...
Кога еден човек ќе влезе во психотерапевтска просторија, на прв поглед изгледа дека во неа постојат само двајца: клиентот и терапевтот. Но, тоа никогаш не е целата приказна. Со човекот во терапевтската просторија влегува и неговото семејство. Влегува домот во кој растел, улицата по која одел на училиште, училиштето и искуствата од него, пријателите, првите љубови, работното место, економската несигурност или сигурност, културата, религијата, ...
Сопствен остров, недопрена природа, бескрајни морски хоризонти и целосен мир – за околу 414.000 евра. Во Шкотска е понуден на продажба островот Хилдасеј, со површина од приближно 110 хектари, но зад необичната понуда се крие предизвик: островот нема приклучок на електричната мрежа, а до него може да се стигне единствено со брод. Островот се наоѓа западно од Шетландските Острови, на северот на Шкотска. Во XIX век таму живеела мала заедница, но ...
За прифаќањето, свесноста и способноста да останеме во контакт со себе и кога животот не се одвива според нашите очекувања… Живееме со многу очекувања. Очекуваме работите да се одвиваат според нашите планови, луѓето да нè разбираат, односите да ни носат сигурност, а вложениот труд да биде награден. Сакаме да имаме контрола врз сопствениот живот и да ги избегнеме болката, разочарувањето, конфликтите и неизвесноста. Но, животот не ги следи ...
Меѓународен тим научници предводен од Универзитетот во Оксфорд откри необични својства на полупроводнички материјал што би можел да придонесе за создавање поефикасни соларни панели. Истражувањето, објавено на 28 октомври 2026 година во престижното научно списание „Nature“, претставува значаен напредок во разбирањето на начинот на кој сончевата светлина се претвора во електрична енергија. Во центарот на откритието е бизмут сулфидот (Bi₂S₃), ...
Што значи да се вратиш дома откако со години си живеел далеку од него? Дали враќањето е крај на патувањето или само уште една станица на патот? Овие прашања се во сржта на Arriving, вториот авторски клавирски албум на македонскиот композитор и пијанист Дамјан Томоски. Како продолжение на On My Travels од 2025 година, новото издание ја заокружува музичката приказна за заминувањето од родниот крај, животот во туѓина и потребата повторно да се ...
На пацифичкиот остров Нуутеле, во Самоа, се забележуваат охрабрувачки резултати од голем проект за обновување на природата. Морските желки повторно се гнездат на островските плажи по повеќедецениско отсуство, додека домашните растителни и птичји видови покажуваат знаци на закрепнување. Според информациите од организацијата Island Conservation, пренесени во извештаите од 27 октомври, проектот започнал во 2025 година со цел отстранување на ...
Понекогаш најдобрите гастрономски задоволства се и наједноставните. Свежо печено лепче, омилен фил, малку сос и комбинација што секогаш го погодува вкусот. Сендвичот одамна го надмина статусот на брз оброк и стана вистински мал гастрономски свет, во кој традиционалните рецепти се среќаваат со модерните кулинарски трендови. А кога најмногу ни се јаде сендвич? Изгледа дека денот најчесто го започнуваме токму со него. Податоците од Wolt ...
Во скопската населба Бутел официјално е отворен новиот парк „Бутелска оаза“, кој на жителите им нуди дополнителен простор за одмор, рекреација и активности на отворено. Паркот е уреден како јавна зелена површина наменета за сите генерации. Во рамките на комплексот се изградени пешачки патеки, детски игралишта и фитнес-зони, со што се создадени услови за секојдневна физичка активност, семејни прошетки и дружење на отворено. Посебно внимание е ...
На програмата на 26. Скопје филм фестивал претстои богат филмски викенд. Гледачите денес може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз прашањата за слободата на поединецот, медиумските манипулации и комплексите на современото семејство, надополнета со селекција од најдобрите европски краткометражни филмови. Програмата ќе започне во 13 часот со специјална проекција на 5 „EFA Shorts“ краткометражни филмови. Во 17 часот во кино „Фросина“ ќе ...
Во Битола на 30 октомври се регистрирани повремени зголемувања на концентрацијата на ПМ10-честички во воздухот, покажуваат податоците од државниот систем за мониторинг на квалитетот на воздухот. Според мерењата на станицата Битола 2, во 16 часот концентрацијата достигнала 64,34 микрограми на кубен метар, а во 17 часот се искачила на 65,78 микрограми. Во останатиот дел од денот вредностите биле претежно пониски, со што е забележлива разликата ...
Кога 12 години од професионалниот живот ќе посветиш на реализација на пасионираната љубов кон природата, поточно на создавање на цветни приказни преку аранжирање на букети и икебани, тогаш најверојатно е полесно креативноста да посакаш да ја надополниш со нов уметнички израз. Треба да си жена, во период од животот во којшто очекуваш да се реализираш како мајка, за длабоко во себе да ја почувствуваш љубовта кон убавината на душата што си ја ...