Денес, илјадници деца го започнуваат својот поход во светот на учењето. За нив, секој ден е ново искуство, со нешто ново да се види, дознае, испроба и почувствува. Но овој поход не започнува само во училишната клупа. Започнува со испраќањето од дома и продолжува со пречекот при враќањето. Испраќањето е учење за разделба и охрабрување, а пречекот, учење за прифаќање, радост и заедничко делење на искуството. Семејството е првото училиште за ...

Информацијата за резултатите од тестирањето на ПИСА според кое, само 26% од учениците во Македонија, учеле со разбирање, ме поттикна да ја напишам оваа колумна. Во Македонија постои еден сериозен феномен во образованието: – секој почеток се гради врз исклучување и негирање на претходното. Доаѓа нова власт, промовира нов пристап. Нови луѓе. Нови програми. Нови проекти. Нови приоритети. Наместо да се надградува тоа што е создадено, често се ...