Карло Анчелоти ги минува последните денови на клупата на Реал Мадрид, веќе е извесно дека Италијанецот нема да ја одработи последната година од актуелниот договор, но последните информации од Шпанија говорат дека може и да не ја доврши оваа натпреварувачка сезона на кормилото на „кралскиот клуб“. Флорентино Перез и Карло Анчелоти се договориле, Италијанецот дефинитивно си оди, а одлуката ќе биде официјализирана веднаш од „Ел Класико“, мечот што ...

Поранешниот тренер на Барселона, Чави, ги нарече прекумерните критики кон тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, неправедни, истакнувајќи дека фудбалот во Шпанија е фокусиран на непосредни резултати, а не на долгорочен развој. -Погледнете го Анчелоти - тој освои 30 титули за 10 години, а тие го критикуваат како да не постигнал ништо. Како што забележа Ернесто Валверде: „ако Анчелоти е напаѓан, тогаш што можеме да очекуваме ние останатите?“ ...

Мадрид, 8 мај 2025 (МИА) - Поранешниот тренер на Барселона, Чави, ги нарече прекумерните критики кон тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, неправедни, истакнувајќи дека фудбалот во Шпанија е фокусиран на непосредни резултати, а не на долгорочен развој. -Погледнете го Анчелоти - тој освои 30 титули за 10 години, а тие го критикуваат како да не постигнал ништо. Како што забележа Ернесто Валверде: „ако Анчелоти е напаѓан, тогаш што можеме да ...

Неделното Ел Класико на „Монжуик“ би можело да го реши прашањето за шампионот на Шпанија. Доколку Барселона го победи Реал Мадрид, ќе избега со седум бодови предност на врвот и практично ќе ја осигура титулата, три кола пред крајот. Но, атмосферата пред дербито е далеку од спортска, со оглед дека клупската телевизија на Реал Мадрид повторно удри по судиите. Реал Мадрид ТВ продолжува со својата практика да врши притисок врз судиите пред важни ...

Реал Мадрид цела седмица ќе се подготвува за неделното „Ел Класико“ дерби против Барселона на „Монжуик“, натпревар кој треба да даде одговор дали „кралевите“ ќе останат со шанси за единствената титула за која останаа во игра. Се уште актуелниот европски и светски шампион се најде во ситуација да брка победа по секоја цена за да остане во игра за титулата во домашното првенство, но без оглед на тоа што ќе се случи на теренот, една одлука е веќе ...