Студентските протести во Белград и Нови Сад ескалираа во понеделник вечерта. Групи демонстранти ги блокираа зградите на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина. Студентите реагираат на, како што велат, игнорирање или искривено прикажување на протестите од страна на јавниот медиумски сервис. Протестните групи организирано се упатија кон зградите на јавните сервиси во белградските населби Кошутњак и Таковска, како и во новосадскиот ...

Студентите во блокадата покажаа како изгледа автентична борба за општото добро: никој не се става себеси во преден план, а многумина кога даваат изјави или се појавуваат во медиумите – речиси никој повеќе од двапати – не сакаат да се споменува нивното презиме, па дури ни името. Имено, објаснуваат дека не се работи за нив, туку за тоа за што се борат. Јелена ЈОРГАЧЕВИЌ* Општеството во Србија се разбуди. До вчера празните зборови се исполнети со ...

Зградата на Радио Телевизија Србија е трет ден под блокада. Така и ќе остане се додека, според најавите на студентите, не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за медиуми или додека не се изгасне РТС. Утрово на два часа беше прекината и Утринската програма на националниот сервис. Денот во Белград, сепак, почна со инцидент меѓу демонстрантите и полицијата додека нејзини припадници ги спроведуваа новинарите и ...

Утрово беа блокирани полициските возила кои ги носеа работниците на РТС на работа. Според информациите возилата биле блокирани и не можеле да продолжат, а работниците не можеле да влезат во зградата. Раскрсницата на улиците Таковска и Светогорска која утринава околу 6 часот беше блокирана од студенти во обид да ги спречат вработените во РТС да влезат во зградата на јавниот сервис, е деблокирана и сообраќајот е обновен. Затворени за сообраќај ...

Неколку стотици студенти се наоѓаат пред зградите на Радио телевизија Србија (РТС) во Белград, блокадата влезе во 11-тиот час, а студентите велат дека ќе трае „до понатамошно известување“. Додека пак, единицата на полицијата во полна опрема за бунт пристигнала утрово околу 5 часот и 30 минути пред зградата на Радио телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, која синоќа била блокирана од студенти, ги вратила назад и формирала кордон, но немало ...