Кардиналите повеќе не смеат да комуницираат со надворешниот свет


Од сега па натаму, кардиналите повеќе не смеат да имаат каква било комуникација со надворешниот свет сè додека не изберат нов папа.
Само еден круг гласање ќе се одржи денес попладне, но доколку не се донесе одлука, кардиналите ќе гласаат до четири пати на ден во наредните денови.
За избор на нов папа е потребно двотретинско мнозинство, што значи дека процесот може да потрае, иако последните два конклави завршија до крајот на вториот ден.
Секој кардинал го дава својот глас со пополнување на ливче на кое е напишано на латински Eligo in Summum Pontificem (јас го избирам за врховен поглавар), до името на избраниот кандидат.
Потоа, по редослед на стаж, тие пристапуваат и ги ставаат ливчињата во голема сребрена и позлатена урна.
