Чеди Осман од Панатинаикос е МВП на евролигашките „мајсторки“

Кошаркарот на Панатинаикос, Чеди Осман, официјално е прогласен за најкорисен играч МВП во евролигашките „мајсторки“. 

Гигантот од Атина во петтиот натпревар од четвртфиналната серија го елиминираше Анадолу Ефес, а Осман забележа учинок од 28 поени, осум скокови и една украдена топка, со индекс на корисност - 32. 

Втор на оваа листа е Кевин Пантер од Барселона, а меѓу петте најдобри играчи во оваа рунда се уште Јоргос Палајанис и Мајк Џејмс од Монако, како и Џастин Андерсон од Барселона. 

Панатинаикос на завршниот турнир ќе се сретне со Фенербахче, а втората полуфинална двојка ја сочинуваат Монако и Олимпијакос