СДСМ го обвинува градоначалникот на Куманово дека со помош на ДУИ го изменил урбанистичкиот план на просторот кај поранешен Чик, каде треба да се гради ЛИДЛ со цел да се збогатат членови од потесното семејство на Димитриевски. Според опозиционерите, првиот човек на Куманово имал доброосмислена шема за лично богатење, преку продажба на државно земјиште во индустриската зона Речица, каде купувач е ЛИДЛ. Од ЗНАМ демантираат и велат дека нема ништо ...
Според опозицијата, лидерот на ЗНАМ со овој скандал ги сруши единствените две ветувања дадени пред граѓаните, а тоа е дека ќе се бори за правда и ќе се бори против ДУИ Од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) вечерва излегоа со соопштение во кое велат дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и лидерот Максим Димитриевски го потврдија скандалот што денеска го објавија, а е поврзан со најголемиот урбанистички корупциски скандал во последните децении ...
СДСМ Куманово обвинува дека од влезот на ланецот маркети Лидл во градот, најмногу заработил градоначалникот Димитриевски. Според партијата, парцелата каде ќе се гради маркетот од фамилијата на Димитриевски е продадена на неговиот кум, па препродадена на Лидл за двојно повисока цена. За ова да се реализира општината вчера го изменила Деталниот урбанистички план, со поддршка од советниците на ДУИ. - Во август 2023, Општина Куманово распишува ...
Според него, опозициската партија постојано се води од народната поговорка „крадецот вели, држете го крадецот“ Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) е во паника и прави дефокус од нивните корупциски афери. Ова денеска на прес-конференција го рече портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов, како одговор на обвинувањата од советниците на СДСМ од Советот на општина Куманово, според кои, градоначалникот Максим Димитриевски и лидер ...