Искри од пиротехника кој се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени. Министерот вели дека се приведени лица, со кои се одвива разговор за причините за пожарот. Претходно беше објавени дека најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на ...

Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Илјадници граѓани се собраа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти. Создавајќи ѕвездено небо присутните изразија сочувство и заедништво. Низ разни транспарентите граѓаните го искажаа својот револт и повик на одговорност. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што избувна за време на настапот на ...

Погребите на нашите сограѓани на 59 македонски души ќе бидат во четврток, 20 март, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион. -На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на ...

Погребите на нашите сограѓани на 59 македонски души ќе бидат во четврток, 20 март, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион. -На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на ...

Дамаск, 17 март 2025 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а 19 се повредени во израелските бомбардирања во јужната сириска провинција Дара, соопштија сириските медиуми. Израелските вооружени сили ги потврдија нападите, кои се најнови во серијата против сириската воена инфраструктура. Тие рекоа дека нападнале воен штаб и складишта за оружје и опрема. Во меѓувреме, меѓународните донатори се собраа денеска во Брисел во знак на поддршка за Сирија, ...

Денеска Кочани плаче. Денеска Македонија тагува. Небото е темно, а градот немо ја спушта главата пред огромната трагедија што одзеде десетици млади животи, оставајќи зад себе болка што никогаш нема да исчезне. Ова не е само трагедија на еден град; ова е рана за целата земја. Десетици семејства засекогаш изгубија дел од себе, додека цела нација ја споделува нивната тага, солзите и прашањата за тоа како можеше да се случи вакво нешто. Млади луѓе ...

Според она што официјално се знае најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 155 се повредени во пожарот што избувна во неделата во раните утрински часови во ноќен клуб во Кочани во источна Македонија. Оваа информација попладнево ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Пожарот настанал од искри од пиротехнички средства што се користат за светлосни ефекти при настап на групата ДНК, соопштија властите, а во тек е префрлањето на 22 ...

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје. Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува ...

Ноќта над Кочани е потемна од било кога. Тишината е потешка од зборовите. Пред Домот на културата, покрај реката, илјадници свеќи горат како нем сведок на болката што ја обзеде цела Македонија. Граѓаните на Кочани, скршени од болка, тивко чекорат, палат свеќи и со солзи во очите испраќаат последен поздрав до оние што прерано нè напуштија. Цела држава е во жалост – оваа загуба е непоимлива, неправедна, неиздржлива. Македонија не памети ваква ...

Во страшниот пожар што ја зафати дискотеката за време на концертот на групата ДНК, згаснаа 59 млади животи, 59 соништа прекинати. 59 судбини распарчени. Најмладите жртви имаа само 14 години. Граѓаните на Кочани, скршени од болка, тивко чекорат, палат свеќи и со солзи во очите испраќаат последен поздрав до оние што прерано нè напуштија. Цела држава е во жалост – оваа загуба е непоимлива, неправедна, неиздржлива. Македонија не памети ваква ...

Црна недела во Mакедонија - 59 млади луѓе меѓу кои и малолетници загинаа рано изутринава во катастрофален пожар во дискотеката Пулс во Кочани на концерт на македонската група ДНК. Пожарот се случил од пиротехнички материјали. Трогателни и шокантни сведоштва на дел од преживеаните, но и на семејствата на жртвите, повредените не можат да добројат. Дискотеката Пулс пак стар магацин за теписи, со еден влез и еден излез, решетки на прозорците близу ...

Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани според првичните информации на МВР имало околу 500 лица, а продадени биле околу 250 карти, а досега утврдени се три починати и повеќе од 20 повредени малолетни лица. Според последните информации бројот на починати лица е 59, а 155 се повредени. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференција, информираше дека идентификувани се најголем број од жртвите и дека имињата на ...

Голем пожар избувна ноќеса во дискотеката „Пулс“ за време на концерт. Во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе. Има инфотмации за повредени и жртви. Спасувачката акција се уште трае. Вклучени се и цивилни возила поради голем број на повредени, објавија Радио Кочани и ТВ Кочани. На социјалните мрежи се шират повици за помош во болницата во Кочани, со оглед дека имало како што се вели недостаток на ...

Животот го загубија 51 лице, а повеќе од 100 се хоспитализирани низ болниците во Штип, Кочани и Скопје, откако во раните утрински часови пожар ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи изјави дека полицијата ги утврдува околностите за одговорност. Тој изрази сочувство до блиските на загинатите. Околу трагичниот случај што се случи за време на ...

МВР Билтен

10 минути - МИА