• Саше Љолес
Екипата на Леганес се избори за многу важен триумф и славеше со убедливи 3-2 (2-0) над Еспањол во 35. коло на шпанската Примера.
Домашниот состав ја најави победата со два гола во првото полувреме, а двојната предност ја донесоа Сисе и Диоманде, кои стрелаа прецизно во 33. и 41. минута. Второто полувреме донесе трет гол за Леганес, овој пат мрежата ја затресе гостинскиот играч Кумбула, кој си постигна автогол, а гостите од Каталонија погодија преку Леандро Кабрера и Пере Миља, кој ги постави конечните 3-2 во 98. минута.
- Извештај од натпреварот:
Леганес сега има вкупно 34 бода, еден помалку од Алавес, кој е прв над опасната зона, додека Еспањол има 39 бодови, доволни за четиринаесеттата позиција на табелата. До крајот на сезоната во Примера има уште три кола и ќе гледаме жестока битка за опстанок во елитното друштво.