Побавен раст и повисока инфлација. Војната на Блискиот Исток ги влоши прогнозите за економиите во светот. Цените растат, синџирите за снабдување се нарушени, а штетите врз економиите оргомни, пишува ММФ во најновиот извештај. Светската економија ќе забави на 3,1 отсто, додека трошоците за живот ќе се зголемат за 4,4 отсто, но доколку војната потрае, може да достигне 5.4%. За Македонија Фондот прогнозира инфлација од 4,5%, иста како во Босна. ...

Воениот конфликт на Блискиот исток ги влоши економските прогнози на земјите. Па, така фондот за Македонија прогнозира инфлација од 4, 5 отсто. Исто колку Босна нешто пониска од Србија која се очекува да има највисока инфлација во регионов од 5, 2 проценти. Од ММФ сметаат и дека растот на македонската економија ќе биде 3,1 отсто, додека владините проекции се пооптимистички 3, 8 проценти. Во регионот најголем раст се очекува да испорача ...