Министерот за здравство Азир Алиу извести дека работна група бара начин како да ги ослободи од партиципација речиси 200-те повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година и кои се принудени да доплаќаат за здравствените услуги. „Дефинитивно ние работиме на креирање на програма бидејќи знаете партиципација е законска надлежност за да може на секоја институција да се плати за секој пациент. Разговараме со работната група да ...
Според него, партиципацијата, колку и да е мала, треба да се отстрани, со цел полесна и комуникација меѓу институциите и семејствата или граѓаните што имаат некаков тип барање за третман На една недела пред одбележување на годишнината од пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, министерот за здравство Азир Алиу ја посети кочанската Општа болница со проширена дејност и се сретна со нејзиното раководство ...
По една година од страотниот пожар во „Пулс“, здравствените власти дури сега ги ослободија повредените од плаќање партиципација за здравствените услуги. Одлуката на фондот е објавена пред четири дена, но прашање е дали клиниките и болниците ја применуваат. Иако мерката е во сила, министерот Азир Алиу денеска внесе забуна со изјавата дека работната група бара начин како да им го тргне овој товар на пациентите. На прашањето дали државата ќе им ...
И по речиси една година од трагедијата во кочанската дискотека Пулс, државата и понатаму размислува дали да ја укине партиципацијата, што ја плаќаат повредените од кобниот 16ти Март. Министерот за здравство Азир Алиу вели дека Министерството сè уште работи за повредените во Пулс да бидат ослободени од партиципација, а станува збор за околу 200 лица, кои лани ноќта помеѓу 15 и 16 март беа повредени, од кои најголем дел се млади луѓе. Во ...
Два тима, едниот во бели а другиот во црни дресови сите со бројот 63, на ден пред годишнината од големата трагедија во Пулс, во училиштето Свети Кирил и Методиј Кочани ќе играат кошаркарски натпревар. Во тимовите ќе бидат повредените од пожарот а парите од влезниците ќе бидат наменети за спомен одбележје за 63-цата загинати. А речиси една година од пожарот кој ја потресе јавноста, триесетина од повредентие се уште одат на физикална терапија а ...

