Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го победи Маџари со 77:70 во мечот со кој започна новата сезона во кошаркарското првенство. За Маџари ова беше дебитантски настап во елитното кошаркарско друштво и даде достоен отпор против фаворитот. По стартните 5:2 за МЗТ, Маџари со серија од 8:0 стигна до предност од 10:5. Потоа домаќините возвратија со низа од 10:0, а Маџари во првите 10 минути (27:25) покажа дека нема да се предаде. Во втората ...

Екипата на Феникс 2010 ја совлада екипата на КК Ангели со резултат 79:62. Домашниот тим одигра одличен меч и со висока победа ја отвори новата суперлигашка сезона. Виктор Златевски беше најдобар во редовите на домашниот тим забележувајќи импресивен скор од 24 поени, 10 асистенции и 6 скока. 15 поени постигна Богатиновски, додека пак Атанасов со 12 поени беше најдобар во гостинската екипа. Во второто коло екипата на Феникс ќе се соочи со МЗТ ...

Кошаркарите на Тиквеш Голден Игл го направија првиот „брејк“ во новата сезона од МТЕЛ Супер лигата откако на гостински терен , во салата„Младост“ го совладаа Гостивар, на крајот мошне убедливо со 67:81. Гостите од Кавадарци беа подобар ривал во првите 20.минути. Уште на почетокот на средбата во „Младост“ дојдоа до солидна предност која на истекот на првата четвртина изнесуваше седум поени (23:16). Во исто темпо продолжија кавадарчани и во ...

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше новата сезона во Првата лига, откако на домашен терен славеше над дебитантот Маџари кој даде одличен отпор на фаворитот со 77-70. Двата тима одлично го отворија мечот поентерски. Одиграа една модерна кошарка во првите десет минути со многу поени, која доведе актуелниот шампион по првиот период да има минимална предност од 27-25. Дебитантот одлично одигра и во вториот ...

Новата, 34-та сезона во машката кошаркарска МТЕЛ Супер лига започна со дуел на актуелниот шампион МЗТ Скопје и новиот член на елитата Маџари, а фаворитот стигна до победа со резултат 77:70. МЗТ беше голем фаворит во пресрет на оваа соочување, но имаше сериозни проблеми со гостинскиот тим кој доби позитивна оценка за своето деби во елитната конкуренција. Шампионот имаше само плус три на полувреме, а Маџари ја одржуваше неизвесноста до половината ...