ЛОКАЛНИТЕ избори, кои денес се одржуваат во 10 српски градови и општини, се проследени со тензии, инциденти и тепачки на некои избирачки места. Снимките на телевизијата Нова од терен покажуваат тепачка пред локалното седиште на владејачката Српска напредна партија во Бор, а во текот на утрото имало физички судири во Бајина Башта, каде што биле дупнати гумите на автомобилот на опозицискиот набљудувачки тим. На многу избирачки места се видливи ...
Денес во Србија се одржуваат редовни локални избори за советници во неколку градови и општини, вклучувајќи ги Бор, Смедеревска Паланка, Бајина Башта, Кула, Лучани, Аранѓеловац, Кладово, Књажевац и Мајданпек, како и во градската општина Севојно. Гласачките места се отвораат во 7:00 часот наутро и ќе бидат достапни до 20:00 часот. Почетокот на изборниот ден беше обележан со сериозни инциденти и физички судири. Атмосфера како „воено време“ ...
Редовните локални избори во десет општини во Србија започнаа утрово во 7:00 часот, а гласачките места ќе бидат отворени до 20:00 часот. Изборниот ден го одбележаа бројни инциденти, физички пресметки и повредени лица на повеќе локации, според извештаи од терен и медиуми. Според податоците за излезност, до раните попладневни часови гласале 41% од избирачите во Севојно, 40% во Лучани, 36,2% во Бор, 44% во Кула и 34,4% во Аранѓеловац, додека во ...
Денеска се забележани сериозни нарушувања на локалните избори и сцени на насилство во три од десетте места во Србија каде се одржуваат локални избори. Во Бор, Бајина Башта и Кула независните новинари и набљудувачи укажуваат на паралелни листи и организирани напади на маскирани тепачи меѓу кои се забележани функционери на владеачките партии. Ситуацијата е особено драматична поради фактот што полицијата воглавно не интервенирала против ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, носител на листата на владејачката Српска напредна странка, објави победа на коалицијата предводена од СНС во сите 10 општини и градови каде вчера се одржаа локални избори, проследени со инциденти, тепачки и нерегуларности на кои посочија опозицијата и студентското движење. Избори се одржаа во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва ги објави првите прелиминарни резултати од денешните локални избори и прогласи победа во сите 10 општини. Според него, најнеизвесно било во Бор, а во Кладово СНС забележала најубедливата победа, додека во Кула, како што рече, СНС имала 513 гласови повеќе од „блокаторите“. Денес едвај избегавме од големо зло. Некои луѓе ги извадија пиштолите, провалија во кол-центри. Основата на секоја демократска ...
Според еврокомесарката за проширување Марта Кос инцидентите со насилство, закани и неправилности при гласањето на локалните избори одржани на 29 март во Србија се неприфатливи. Таа ги повика надлежните органи да ги истражат и да се процесуираат сите инциденти. „Распространетите инциденти на насилство, закани и неправилности при гласањето – она што го виде набљудувачката мисија на Советот на Европа за време на локалните избори во Србија – ...

