Ракометарите на Алкалоид во текот на ноќта пристигнаа во главниот град на Грција, Атина на првиот меч против АЕК во финалето во Европскиот Куп. Со автобус од Скопје до Атина, ракометарите во добро расположение го минаа патот од околу 800 километри. Натпреварот против АЕК се игра утре во 18:00 часот со директен пренос на МТВ. Избраниците на Кире Лазаров ќе се обидат да извлечат добар резултат пред реваншот во Скопје, и ќе се обидат да дојдат до ...
Алкалоид со 25-29 победи на првиот финален меч од Европскиот куп против АЕК во Атина, но мечот на двапати беше прекинуван во второто полувреме. Околу 9.000 навивачи во Олимписката сала во Атина како да не можеа да се помират со резултатот кој во моментот беше активен на семафорот, 17-20 за Алкалоид, но и со четирите одбранети пенали на Галевски, па започнаа со шишиња и тврди предмети да фрлаат во теренот. Сепак, тоа не беше доволно за ...
Ракометарите на Алкалоид со голема победа се враќаат од Атина против АЕК од првиот натпревар од финалето од Европскиот куп на ЕХФ. Алкалоид славеше со 25-29 и овие четири гола ќе ги брани во возвратниот натпревар по седум дена во Скопје. Најефикасен играч во таборот на Алкалоид беше Мартин Сефаримов со шест погодоци, а „пет од пет“ имаше Франциско Да Силва. Голем удел во овој триумф имаше голманот Иван Галевски кој фати пет пенали и вкупно девет ...
Полни со оптимизам и верба во своите квалитети, ракометарите на Алкалоид се подготвени за денешниот прв финален меч во ЕХФ Европскиот куп и тоа на гостински терен во Атина против АЕК. Грчкиот тим ќе ја има предноста на домашен терен, но и искуството затоа што АЕК веќе еднаш го има освоено овој европски трофеј. Алкалоид е млада екипа која испишува клупска историја, но на клупата го има искусниот Кирил Лазаров кој многупати досега во својата ...
СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева Алкалоид го одработи својот тренинг во Олимписката сала во Атина во пресрет на утрешното историско финале во рамките на ЕХФ ЕвропскиотКуп. Македонскиот и грчкиот претставник ќе ги вкрстат копјата во првиот дуел од финалниот двомеч во „Сунел Арена“ утре со почетокот од 18:00 часот. Натпреварот ќе биде директно пренесуван на МРТВ. Засега најавите се дека ќе биде исполнет половина од капацитетот на Арената, што ...