ВИДЕО: Ракометарите на Алкалоид пристигнаа во Атина на историскиот меч со АЕК

Ракометарите на Алкалоид во текот на ноќта пристигнаа во главниот град на Грција, Атина на првиот меч против АЕК во финалето во Европскиот Куп. Со автобус од Скопје до Атина, ракометарите во добро расположение го минаа патот од околу 800 километри.

Натпреварот против АЕК се игра утре во 18:00 часот со директен пренос на МТВ. Избраниците на Кире Лазаров ќе се обидат да извлечат добар резултат пред реваншот во Скопје, и ќе се обидат да дојдат до историски успех на меѓународна сцена.

Видеото од патувањето може да го видите на следниот ЛИНК. 

Се вчитува...