Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата земја ќе игра улога во обезбедувањето на гаранции за безбедност како дел од мировен договор за ставање крај на војната што ја започна Русија, јавува БГНЕС. На заедничка прес-конференција во Белата куќа со украинскиот колега Володимир Зеленски, Трамп нагласи дека европските држави се „првата линија на одбрана, затоа што тие се таму, тие се Европа“, но додаде: „и ние ќе им помогнеме. Ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го прими во Вашингтон својот украински колега, Володимир Зеленски, за да разговараат за можните патишта кон мир. Неколку европски шефови на држави и влади го придружуваа претседателот на земјата нападната од Русија, вклучувајќи го и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, исто така беа во Белата куќа. Нивната ...
За претседателот на Украина, Володимир Зеленски, многу зависи од тоа колку може да му верува на претседателот Трамп. Трамп во понеделникот понуди само нејасни гаранции дека Соединетите Држави ќе играат улога во гарантирањето на безбедноста на Украина доколку Зеленски склучи договор со рускиот претседател Владимир Путин за запирање на борбите. „Ќе се погрижиме тоа да функционира“, рече Трамп на почетокот на едночасовниот состанок со Зеленски и ...
Украина ќе се обврзе да купи американско оружје во вредност од 100 милијарди долари, финансирано од Европа, како дел од договорот за добивање гаранции од САД за нејзината безбедност по постигнувањето мировен договор со Русија, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на документ што го видел. Препорачано Весникот наведува дека според предлозите, Украина и САД ќе постигнат и договор од 50 милијарди долари за производство на беспилотни летала со ...
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека европските лидери не успеале да го надмудрат американскиот претседател Доналд Трамп и изрази сомнеж како украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се постави во врска со прашањата за териториите и безбедносните гаранции. Медведев преку платформата „X“ порача дека „антируската ратоборна Коалиција на подготвените не успеа да го надмудри @POTUS (претседателот на САД) на негов терен. ...
Големиотсамит за Украинаво Белата куќа заврши. Еден од важнитерезултатие најавата на американскиот претседателДоналд Трампдека подготвува средба меѓу шефот на КремљВладимир Путини украинскиот претседателВолодимир Зеленски. Трамп го напиша ова на својата платформа Трут соушал по телефонскиот разговор со Путин. Како што објавија неколку новински агенции, повикувајќи се на преговарачките кругови од самитот за Украина во Вашингтон, средбата ја ...
Во врска со безбедносните гаранции, весникот „Фајненшл тајмс“ објави дека Украина ќе вети купување на американско оружје во вредност од 100 милијарди долари кое го финансира Европа, како дел од договорот за добивање на гаранции од САД за сопствената безбедност по мировниот договор со Русија. Повикувајќи се на документ што медиумот го имал на увид, од „Фајненшл тајмс“ додаваат дека, според предлозите, Украина и САД ќе склучат договор вреден 50 ...