Последен поздрав од редакцијата По 4970 дена известување денеска официјално престана со работа „Ал Џезира Балканс“. Тие се регионалната редакција на глобалната медиумска мрежа, која од 2011 година известуваше од клучните градови на Балканот, вклучително и Скопје. Во својата последна програма, редакцијата испрати емотивна порака до гледачите: „Трудевме се да бидеме глас на оние чиј глас не се слуша, остров на вистината, културата на дијалог и ...

Во кратко соопштение медиумската мрежа Ал Џезира образложува дека одлуката да престане со емитување на Ал Џезира Балканс е дел од поширока стратегија за зајакнување на нејзиното дигитално присуство и проширување на нови медиумски платформи. Од саботата, 12 јули со последните вести во 12:25 часот, беше исклучена опремата со која се емитуваше програмата од централното студио во Сараево, со регионални центри во Загреб, Белград, Скопје и Подгорица, ...

По четиринаесет извонредни години, медиумската мрежа Ал Џезира ја објавува одлуката да престане да емитува Ал Џезира Балканс. Одлуката е дел од поширока стратегија за зајакнување на нејзиното дигитално присуство и проширување на нови медиумски платформи, што ќе ја одржи Ал Џезира како лидер во брзо развивачкиот медиумски пејзаж. Од своето лансирање, овој канал одигра клучна улога во известувањето од Балканот, претставувајќи ја разновидноста на ...

Веројатно никогаш нема да дознаеме што го натерало катарскиот емир да инвестира десетици милиони долари во лансирањето на Ал Џезира Балканс, исто како што сè уште не знаеме што го натерало да го затвори проектот. Не може да се каже дека АЏБ беше угасена затоа што не ги исполни очекувањата, бидејќи никој не знае какви биле очекувањата на неговите сопственици, освен евентуално да привлече малку повеќе емпатија за страдањето во исламскиот свет. Но, ...

Регионалната телевизиска мрежа Ал Џезира Балканс (АЏБ) во саботата ја емитуваше својата последна самостојна емисија, а целосното затворање на програмата ќе се случи до крајот на јули. Во завршниот говор, водителката Далија Хасанбеговиќ им се заблагодари на гледачите за речиси 14 години доверба и најави дека до затворањето ќе се емитуваат само репризи. Ал Џезира Балканс функционираше од 2011 година и опфаќаше студија во Сараево, Загреб, Белград, ...

Балканската подружница на меѓународната телевизиска мрежа од Доха „Ал Џезира“ – „Ал Џезира Балканс“ ја прекина својата програма по 14-годишна работа. Основана во 2011 година во Сараево, покрај глобалното покривање, покриваше настани во балканскиот регион, со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина. „Целиот тим на ‘Ал Џезира Балканс’ е горд на секој од 4.970-те дена што ги поминавме служејќи им на гледачите и ...

Медиумската куќа Ал Џезира Балканс денес го прекинува своето емитување, а последното издание на вестите ќе биде прикажано во 12 часот, потврдија извори блиски до редакцијата. Иако официјалната потврда од менаџментот сè уште не е објавена, информацијата веќе е потврдена преку јавни објави на социјалните мрежи од страна на новинари и вработени, кои со емотивни пораки се простуваат од својата публика и колеги. Овој потег доаѓа по денови шпекулации ...

По 14 години работа во Босна и Херцеговина, телевизијата Ал Џезира Балканс престана со работа, а 200 вработени, како што беше наведено, останаа на улица и без работа, пишува сараевски Аваз. Според нови информации од „Аваз“, пред еден месец, медиумската мрежа Ал Џезира од Доха одлучи да испрати ревизорска инспекција во Сараево за да ја утврди фактичката состојба, бидејќи долго време се шпекулираше за неправилности во работата. Со преглед на ...