Наглиот раст на инвестициите во вештачката интелигенција сè повеќе отвора прашања за можните последици врз глобалната финансиска стабилност. Иако новите технологии можат суштински да ја променат економијата, сè поголем дел од инвестициите се финансираат со долг, додека идните приходи остануваат неизвесни. Претседателот на американските Федерални резерви, Кевин Ворш, неодамна најави формирање работна група која ќе го анализира економското ...

Претседателот на Федералните резерви на САД, Кевин Ворш, неодамна објави создавање нова работна група која ќе „ја испита брзината, досегот и економското влијание на новите технологии за општа намена, вклучително и вештачката интелигенција, и ќе ги разгледа нивните импликации за ФЕД“ при спроведувањето на своите „мандати кои се однесуваат на вработеноста и инфлацијата“. Во изјавата на Ворш, видливо отсуствуваше какво било споменување на ...

Повеќе од 1.000 вработени во водечките технолошки компании, вклучувајќи ги „Опен АИ“, „Антропик“ и „Мета“, потпишаа петиција со која се повикува американската Влада намерно да го забави развојот на вештачката интелигенција. Меѓу потписниците се истакнати поединци, како што се извршниот директор на „Антропик“, раководителот на истражувањето во „Опен АИ“ и главниот научник во „Мета АИ“, пишува „Еуроњуз“. Со петицијата се бара од американската ...

Патот од „напиши ми е-пошта“ до „ти си единствениот што ме разбира“ се покажа многу пократок отколку што многумина очекуваа. Ново истражување покажува дека 15 отсто од мажите имале флертувачки разговори со чет-бот со вештачка интелигенција, додека кај жените тој процент изнесува 8 отсто, пипува „Вајс“. Станува збор за алатки што голем број луѓе веќе ги користат секојдневно. Истражувањето на компанијата за испитување на јавното мислење „Токер ...

Забрзаната изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција (ВИ) во Соединетите Американски Држави би можела да придонесе за зголемување на инфлацијата, велат економистите. Од друга страна, тие очекуваат оваа технологија да ја зголеми продуктивноста и да ги намали притисоците врз цените на долг рок, објави CNN. Медиумот наведува дека најновите податоци покажуваат дека огромниот интерес и инвестиции во примената на вештачката интелигенција ...

Европската комисија започна програма од 10 милијарди евра за изградба на седум гигафабрики за вештачка интелигенција (ВИ), со цел да се намали јазот на Европа со САД и Кина во оваа стратешка област. Се очекува јавното финансирање да привлече дополнителни 20 милијарди евра приватни инвестиции, со што вкупната вредност на проектот ќе достигне повеќе од 30 милијарди евра. Планот предвидува секоја гигафабрика да биде опремена со најмалку 100.000 ...