Шкендија на “Ваљекас“ во Мадрид ја испишува своја клупска историја. Актуелниот шампион на Македонија за првпат во својата историја ќе игра групна или по ново лигашка фаза и тоа во Лигата на Конференции, и тоа како гостин кај Рајо Ваљекано. Ова ќе биде вкупно 62 европски меч за Шкендија. Ако се навратиме малку низ историјата тогаш ќе видиме дека на тие 61 европски натпревари тетовци успеале да победат на 22 меча, поразени се на 28 и одиграле 11 ...
Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостувањето во Мадрид од Рајо Ваљекано со 2-0 (2-0) во воведното коло од главната фаза во лигата на конференции. Шпанскиот домаќин ја оправда фаворитската улога и дојде до рутинска победа над македонскиот противник. Шкендија одржуваше резултатска неизвесност во првите половина час на стадионот „Варељас“, кога Унаи Лопез му донесе водство на Рајо Ваљекано во 28 минута, а само пет минути подоцна Фран ...
Кој вложува, кој знае како се работи, тој и успева. Па така по Вардар, ете конечно дочекавме и Шкендија да настапи во групната или лигашка фаза во едно европско натпреварување. Вардар во 2017 година играше во групната фаза во Лигата на Европа против Сосиедад, Зенит и Розенборг, со тоа и испиша историја како прв клуб од Македонија кој стигнал до таков успех. По цели осум години конечно Македонија доби уште еден претставник, а тоа е Шкендија која ...
Откако по пауза од три години Шкендија го врати приматот во мак-фудбалот со својата петта титула, тетовци ја почнаа својата европска одисеја во квалификациите во Лигата на Шампионите. На стартот повторно ТНС од Велс, како и во таа 2018 година. И тогаш и сега Шкендија успеа да ја мине оваа пречка и со тоа да се пласира во следната рунда во ЛШ. Во 2.коло во ЛШ ривал беше ФЦСБ од Романија или Стеауа, некогашен европски првак. И четата на стратегот ...
Кога “Еколог“ во 2013 година влезе во Шкендија, се разбира дека амбициите и тоа како пораснаа. Иако и претходно тетовци беа шампиони, сепак планот беше да се оди на нешто големо. И тоа големо се чекаше цели 12 години, и конечно дојде, и конечно Шкендија го дочека денот кој што го сонуваше. По освоени пет шампионски пехари, по четири пласмани во плеј – офот во Лигата на Европа, еве вечерва на “Ваљекас“ во Мадрид, тетовци испишуваат историја, го ...
Тетовската Шкендија е вториот македонски клуб по Вардар што ќе настапи во групна фаза од европско натпреварвање на УЕФА. Актуелниот македонски првак сезонава е дел од лигашката фаза во Конференциската лига, а вечерва ќе го игра првиот меч, и тоа на гости кај Рајо Валјекано во Мадрид. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, е свесен дека пред тетовските Црвено-црни има голем предизвик затоа што Рајо е тим кој се натпреварува можеби во најсилната лига ...