Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Прва македонска фудбалска лига за следната сезона. На стадионот во Битола силите ќе ги одмерат АП Брера Струмица и Скопје. Струмичани ќе се обидат да го задржат прволигашкиот статус, додека Скопје ќе атакува на враќање во македонската фудбалска елита. Во Кавадарци, пак, ќе се одигра вториот бараж дуел меѓу Пелистер и Шкендија Арачиново. Битолчани ќе ...

Во следната сезона во нашата елитна лига ќе играат 10 клубови. Откако осум се веќе познати, остануваат уште две места да се пополнат. А за тие две места се играат два баражи и тоа Пелистер – Шкендија (А), кој се игра во Кавадарци и Брера – Скопје, кој се игра во Битола. И двата овие меча се закажани за во недела (31 мај) со почеток од 16:30 часот. Инаку баражите за пополнување на ВМФЛ за следната сезона се играат ден порано, во сабота. Во ...

Брера Струмица и Пелистер од Првата лига, заедно со Скопје и Шкендија Арачиново од Втората лига, се наоѓаат пред клучни натпревари кои ќе ја одредат нивната иднина во македонскиот фудбал. Станува збор за бараж-дуели за пласман во елитата, во кои ќе се судрат екипи со различни цели — едни да го сочуваат прволигашкиот статус, други да обезбедат промоција во најсилната конкуренција. Во првиот натпревар, Брера Струмица ќе игра против Скопје на ...