„Скандал кој не смее и не треба да се премолчи“ – вака министерот за правда Игор Филков го коментира куќниот притвор определен на поранешниот вицепремиер Артан Груби. Филков ги повика Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да свикаат седници и да утврдат дали има одговорност за обвинителот Даниел Коцев и новиот шеф на скопското обвинителство Анел Фидоски кои предложија куќен притвор, како и за судијата на претходна постапка Марин ...

Министерот Игор Филков нека не се прави како да не е од тука. Тој е дел од циркусот, од режираното сценарио на криминалната власт и диловите на ВМРО со ДУИ. Филков многу добро знае: За договореното сценарио за враќање на Груби. За дилот меѓу ВМРО и ДУИ кое се реализира пред очите на јавноста. За контролата врз судството и обвинителството од страна на нивната тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ, стои во реакцијата на СДСМ. Според партијата за ...

Министерот за правда Игор Филков го повика Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да свикаат седници и да се преиспита одлуката за преиначување на мерката притвор во куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби кој вчера по 14 месеци бегство се врати во државата и им се предаде на истражните органи за случајот Државна лотарија. Филков рече дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое бил утврден ризик ...

Реконструкцијата на Владата, која се очекува да се случи до средината на годината, останува отворено прашање во однос на тоа кои министри би можеле да бидат разрешени поради слаби перформанси во одредени ресори. Најчесто споменувани во јавноста се министерот за правда Игор Филков и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. Од ВЛЕН велат дека Филков може да биде дел од реконструкцијата бидејќи, според нив, повеќе се ...

Одлуката Артан Груби, по 14 месеци недостапност за органите на прогонот, за помалку од еден ден да биде преместен од ефективен притвор во куќен притвор, ја отвори старата пукнатина во правосудниот систем: дали мерките се исти за сите, или „високите“ добиваат третман што за обичен граѓанин е речиси незамислив. Министерот за правда Игор Филков денеска јавно го нарече потегот „скандал“ и директно го оспори образложението со кое обвинителството ...

Министерот за правда Игор Филков денеска остро реагираше на одлуката за куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби, нагласувајќи дека мора да се утврди конкретна одговорност за ваквата постапка. Тој побара Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници и да разгледаат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител. Филков потсети дека Груби е осомничен за проневера на над осум милиони евра, ...

Демократската унија за интеграција изразува длабоко незадоволство и остро реагира против, како што велат, заканите упатени кон судиите и обвинителите од страна на министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција. Од ДУИ велат дека не само што извршната власт нема уставно право да сугерира како ќе дејствуваат судските органи, туку улогата на Министерството за правда е токму да го заштити интегритетот и независноста на судството, ...