Поранешниот вицепремиер Артан Груби вечерва оди во куќен притвор, откако помина само 3-4 часа во истражниот затвор ,,Скопје”. Поблагата мерка му ја одреди судија на претходна постапка, а по барање на скопското обвинителство. Оттаму се предомислија и се откажаа од веќе одредениот притвор од 30 дена, со образложение дека Груби денеска се предал и е спремен да соработува. Мерката притвор за Груби, заменета со куќен притвор, загрозена била ...

Откако вечерва судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби, во јавноста има реакции кон судот, но во случајот целата одговорност паѓа на грбот на скопското обвинителство, бидејќи тоа побара поблага мерка, а според законската регулатива, судот не може да изрече построга мерка од онаа што се бара. -Во текот на денот, одбраната на осомничениот, до судот достави предлог за замена на мерката притвор ...