„Досега, почитувајќи го принципот на поделба на власта, не сум коментирал конкретни судски и обвинителски одлуки. Тоа е темел на правната држава. Но кога одлуките отвораат сериозни дилеми и ја доведуваат во прашање еднаквоста пред законот, должност ми е да побарам отчетност“, рече Филков. Министерот рече дека јавноста има право да знае како лице кое 14 месеци било во бегство, за кое има ризик од бегство, добило куќен притвор, кои се правни ...
Има ли адути бегалецот Артан Груби, кои, за само половина ден, направија да му се симнат полициските лисици, да си замине од Судот дома со придружба, испратен со титули од своите приврзаници што го чекаа надвор, а на кои тој им возврати со задоволна насмевка? Одлуката поранешниот вицепремиер, осомничен во предметот „Државна лотарија“ тежок над осум милиони евра, да биде префрлен од затворски во куќен притвор со 24-часовен полициски надзор ...
Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори. Досега, почитувајќи го ...

