Норвежанецот Каспер Руд се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако беше подобар од Французинот Корентин Муте со конечни 2-0 во сетови (7-5 и 6-3). Дванаесеттиот светски тенисер ја заврши работата за еден час и 45 минути, а победата ја обезбеди со одлична игра во двата сета и три освоени брејка. Во следната фаза противник ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Феликс Оже Алијасим и Марин Чилиќ. Пласман во осминафиналето ...

Италијанецот Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако беше поуспешен од Чехот Томаш Махач со 2-1, по сетови 6-1, 6-7/3 и 6-3. Мечот траеше точно два часа, а Махач прикажа солидна партија и успеа да го освои вториот сет. Сепак, вториот светски рекет не дозволи изненадување и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на турнирот. Во четвртфиналето, Синер ќе се соочи со Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој мина ...

Бранителот на титулата, Карлос Алкараз, го декласираше Александар Бублик со 2:0 (6:3, 6:0) за еден час и три минути и лесно се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло. Шпанецот беше убедлив против Казахстанецот, кој не беше достоен противник во Светскиот рекет број еден направи три брејка во двата сета, но загуби еден сервис во првиот сет. Алкараз утре ќе игра во полуфиналето на првиот Мастерс турнир на земјена подлога во ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на Мастерсот во Монте Карло откако денес го победи Германецот Александар Зверев со 6-1, 6-4 во полуфиналето. Натпреварот траеше еден час и 23 минути. Синер е второпласиран тенисер во светот, додека Зверев е трет на АТП листата. Италијанскиот тенисер направи три брејка во првиот сет, додека во вториот сет направи брејк против Зверев еднаш, со што оствари убедлива победа и пласман во ...

Италијанецот Јаник Синер го обезбеди своето место во финалето на Мастерсот во Монте Карло победувајќи го Германецот Александар Зверев со 2:0 (6:1, 6:4) во сетови. Во првиот сет, Синер дури трипати му го одзеде сервисот на противникот и за 35 минути го реши тој дел во своја корист. Во вториот дел имаше многу повеќе драма, а Синнер направи само еден брејк во последниот, десетти гем, за триумф со максимален резултат. Во финалето ќе игра со ...

Јаник Синер продолжи да доминира во дуелите со Александар Зверев, совладувајќи го по осми пат во низа, односно третпат сезонава. Во полуфиналето на мастерсот во Монте Карло, Синер без поголеми проблеми стигна до победа од 2-0 во сетови (6:1, 6:4) за само 82 минути игра. Иако Зверев по традиција игра добра на овој турнир и има шест полуфиналиња на последните седум настапи, Германецот повторно не успеа да направи исчекор кон финале, што јасно ...