Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија го прекршила прекинот на огнот што го воведе Киев почнувајќи од полноќ синоќа, додавајќи дека Украина ќе одговори со иста мера. Зеленски ја обвини Русија дека го игнорира договорот од самиот почеток и продолжува со нападите, пишува „Украинска правда“. Зеленски рече дека по претходните напади врз градови како што се Днепар, Запорожје и Краматорск, руските сили продолжиле интензивно ...

„По вчерашните дивјачки напади врз нашите градови и заедници – Днепар, Запорожје, Краматорск и други – руската војска продолжи со активни непријателства и терористичко гранатирање во текот на целиот ден. Изборот на Русија е јасно отфрлање на прекинот на огнот и спасувањето животи“, рече Зеленски. „Нападите продолжуваат на сите клучни делови од фронтот, а само од почетокот на денешниот ден, руската војска веќе изврши речиси 30 напади. Само во ...