Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер му гостуваат на ПСЖ во второто коло во Лигата на шампионите. Во таборот на битолчани свесни се за силата на парижаните, но ветуваат максимално залагање во обид да се изненади големиот фаворит. Натпреварот во Париз почнува во 20 часот и 45 минути. Еурофарм Пелистер во првото коло го победи Загреб, додека ПСЖ загуби од Магдебург. Во групата се осум екипи а шесте најдобро пласирани ќе обезбедат пласман во ...

По големата победа над Загреб, Еурофарм Пелистер денеска го доживеа првиот пораз во новата натпреварувачка сезона во Лигата на шампиони, и тоа на едно од најтешките гостувања во Европа. Македонскиот првак покажа заби и извонредно му парираше на францускиот великан, но за жал, момците на Гарабаја останаа без енергија и мир во играта кога беше најпотребно. „Зелено-белите“ имаа одговор за почетната иницијатива на ПСЖ и во повеќе наврати го ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во резултатски докрај неизвесен натпревар претрпеа пораз вечерва на гостувањето во Париз од фаворитот ПСЖ со 33-27 во рамки на 2. коло од групата Б во Лигата на шампиони. Македонскиот шампион беше рамноправен противник и откако на полувреме резултатот гласеше 16-16, Еурофарм Пелистер го презеде водството во продолжението кое во неколку наврати изнесуваше и плус три голови разлика. Натпреварот влезе во неизвесна ...