Обвинителството презема дејствија во врска со наводите за дивоградбите на територија на Општина Чаир. Оттаму велат сите надлежни и службени лица кои имаат некакви сознанија за незаконски дејствија да пријават во обвинителството. Апелираат да се наведат конкретни локации и парцели. Директорот на БЈБ во врска со дивоградбите во Чаир вели дека полицијата ги проверува сите наводи и за секаде. Скопската градоначалничка Арсовска повторно преку ...

Обвинителството ќе ги анализира доказите што вчера ги достави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за легализирање на дивоградби во Чаир со фалсификувани документи. Партиите со обвинувања за урбан хаос и одговорност за состојбите во општината. Во Чаир се градела зграда на место предвидено за улица, а ваквото решение исчезнало во општинските лавиринти, обвинија од СДСМ. Агенцијата за Катастар ги избришала претходно впишаните нелегални ...

Прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје Почитувани скопјани, Урбаната мафија не спие ниту за викенди. Наместо да се бара одговорност и да се спречат сите компромитирачки дејствија во врска со 150 дивоградби во Чаир, ситуацијата добива нови размери, а мрежата на инволиврани во овој мега скандал се проширува. Последните информации покажуваат фрапантни работи. ...

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска попладнево достави докази во Основното јавно обвинителство во врска со легализирани дивоградби во општина Чаир спротивно на закон. Арсовска посочи дека за повикот на Основото јавно обвинителство до Град Скопје дознала утрово од медиумите и нагласи дека документацијата, односно доказите би требало да бидат добавени од страна на Обвинителството по службена должност, бидејќи, како што рече, Град ...

Денеска во 15:00 часот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе поднесе релевантна документација до Јавното обвинителство, со која, како што наведуваат од Град Скопје, се потврдуваат незаконски градби на територијата на општина Чаир. Од Градот информираат дека претходно се испратени повеќе од 15 јавни соопштенија во кои биле објавени информации и докази за случајот, а сето тоа било достапно и на медиумите, што значи дека и ...