Македонецот со австриски пасош, Андреј Тодороски беше стрелец за ТСЦ Бачка Топола на дуелот против ОФК Београд во 5. коло од Суперлигата на Србија. Тодороски на домашен терен погоди во 36. минута за 1-0 за својот тим, но ТСЦ со пресврт во второто полувреме загуби со убедливи 1-3. А, еден од најзаслужените за пресвртот на ОФК Београд беше поранешниот младински репрезентативец на Македонија Стефан Деспотовски кој беше и асистент на вториот погодок ...
Стефан Деспотовски излезе како победник од македонската пресметка со Андреј Тодороски во првата српска лига, меч на кој двајцата играчи имаа конкретен учинок. Тодороски донесе водство за ТСЦ Бачка Топола во 36 минута, но во вториот дел гостите направија комплетен пресврт, а меѓу оние кои имаа улога беше Деспотовски. Деспотовски испрати совршена топка до Енем во 69 минута за 2-1 на гостите кои до крајот реализираа уште еднаш и го потврдија ...