Континентот е успешно место за основање стартапи, но нивниот понатамошен развој често е попречен од високи даноци, прекумерна бирократија и недостаток на капитал. САД имаат околу 70.000 стартапи, додека Европа има околу 60.000. Самиот број не покажува голема разлика. Клучната разлика е што повеќето американски стартапи се концентрирани во областа на Сан Франциско, додека европските се расфрлани низ целиот континент. Покрај тоа, САД создадоа ...

Според официјалните податоци, во земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, повредени се 16.740 лица, а 17.854 се раселени. Најтешко погодени се главниот град Каракас и крајбрежната област ла Гуаира, каде што продолжуваат спасувачките и хуманитарните активности. Властите информираа дека најмалку 12.800 лица се сместени во 80 привремени засолништа во Каракас и Ла Гуаира.. Според официјалните податоци, во земјотресите со магнитуда од ...

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи. Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, ...

Светот не престанува да се потсмева на однесувањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, околу Светското фудбалско првенство. Моментумот се случи кога белгиската фудбалска репрезентација катастрофално го порази американскиот тим со 4 спрема еден гол. Белгиските фудбалери на американска територија го изведоа по тој повод познатиот и карактеристичен танц на Трамп, а тој веќе не се појави во јавноста со оваа тема. Еве некои од видеата и ...

Балтичките држави си играат со оган ставајќи ги своите територии на располагање за непријателски дејствија против Русија, изјави денес рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин, пренесува „Спутник“. „Со тоа што се подложуваат на дисциплината на НАТО и ЕУ и ја ставаат својата територија на располагање за непријателски дејствија против Русија во контекст на украинскиот конфликт, балтичките држави си играат со оган. Тие тоа ...

Полска од почетокот на војната ѝ испрати на Украина воена помош вредна околу 3,6 милијарди евра, при што најголемиот дел го обезбеди претходната влада на опозициските конзервативни националисти, кои сега се бунат поради помошта што ја испраќа сегашната влада – конкретно овој викенд поради ракетите за системот „Патриот“, што сепак од Полска го побараа НАТО и САД, произлегува од податоците кои денеска ги објави министерот за одбрана Владислав ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Западен Балкан досега не ја разбрал доволно добро важноста на меѓусебната соработка и дека не е оптимист во однос на брзото членство во ЕУ за која било од државите во регионот. „Ме гледаа како песимист и претпазлив човек, но очигледно е дека бев во право. Не мислам дека ЕУ во следните неколку години ќе може да носи одлуки за проширување, но тоа не значи дека ние не треба забрзано да ...

Најмалку девет лица, меѓу кои осум бегалци Рохинџи, загинаа во свлечишта предизвикани од силните монсунски дождови во југоисточен Бангладеш. Свлечиштата се случиле на четири локации во бегалските кампови во Кокс Базар во текот на ноќта и затрупале засолништа додека луѓето спиеле. 🌧️⛰️ Disaster Zone: Deadly Landslide and Flood Hit Bangladesh! 😱🇧🇩⚠️ pic.twitter.com/0EJUMx5Jrw — Disaster Zone (@Disaster_X_) July 6, 2026 Спасувачките екипи ...

Бугарските безбедносни служби не располагаат со информации дека рускиот патријарх Кирил бил агент на КГБ“. Вака заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова одговара на прашањето на пратеникот од „Демократска Бугарија“ Ивајло Мирчев. Самото пратеничко прашање било формулирано вака: „Дали постојат мислења од Службата за воено разузнавање и од Државната агенција за разузнавање при формирањето на бугарскиот став рускиот патријарх ...

Фестивалот започна со традиционалниот „Chupinazo“, мала ракета испукана од балконот на градското собрание над преполниот плоштад. Насобраните славеле со леење вино и сок од грозје, држејќи црвени шалови, пеејќи и танцувајќи и скандирајќи: „Сан Фермин, Сан Фермин, Сан Фермин“. Повеќе од 12.000 луѓе се собрале во центарот на Памплона во северна Шпанија за да го прослават почетокот на фестивалот Сан Фермин, познат по трката со бикови. View this ...

Украинските сили за беспилотни системи синоќа погодија осум танкери кои припаѓаат на таканаречената руска флота во сенка во Азовското Море. Нападот го пријави командантот на силите за беспилотни системи, Роберт „Маѓар“ Бровди, пишува Украинска правда. „Пилотите од единицата Каирос, 414-та посебна бригада „Птици на Маѓар“, пронајдоа и погодија осум танкери на руската „флота во сенка“ во една ноќ. Битката за снабдување со гориво на Крим во ...

Француската метеоролошка служба соопшти дека 61 департман во земјата денеска е ставен во портокалово ниво на предупредување поради високите температури, со очекувања топлотниот бран да продолжи до крајот на неделава. Метеоролошките служби најавија температури меѓу 35 и 38 степени Целзиусови низ поголемиот дел од земјата, додека на југозападот на Франција тие би можеле да достигнат и 41 степен. Пожарот во департманот Источни Пиринеи што зафати ...

Американскиот Стејт департмент изрази „сериозна загриженост“ по однос последните активности на кинеската армија односно спроведеното тестирање балистичка ракета, способна да носи нуклеарна боева глава, а лансирана од подморница во Тихиот Океан. „Во време кога САД работат поинтензивно од кога било за да го спречат ширењето на нуклеарното оружје, Кина го прави токму спротивното. Брзото и нетранспарентно зголемување на нуклеарниот арсенал на ...

Во владиниот кварт во Берлин, на една деловна зграда е поставен таканаречениот „часовник на долговите“. Тоа е црн дигитален екран со црвени бројки, кој му припаѓа на Сојузот на даночни обврзници и го прикажува германскиот државен долг. Бројката постојано се менува, а сумата забрзано расте. На 6 јули, околу пладне, часовникот на долговите покажа 2,78 илјади милијарди евра. Во исто време, на неколку стотини метри подалеку, во Канцлерамтот, беше ...

Бугарија е една од најпосакуваните летни туристички дестинации во Европската унија, со 43% од сите ноќевања во 2025 година реализирани само во јули и август, покажуваат податоците на Евростат. Според овој показател, Бугарија е на второ место во ЕУ, веднаш по Хрватска, каде уделот достигнува 55%. По неа следи Грција со 42%, додека просекот во Европската унија изнесува 31%, јавува БГНЕС. Податоците покажуваат дека туристичкиот поток во Бугарија ...

Поранешниот германски министер за надворешни работи Јошка Фишер оцени дека Европа повеќе не може да ја гради својата безбедност врз основа на претпоставката дека Соединетите Американски Држави трајно ќе останат столб на НАТО и гарант на американскиот нуклеарен чадор. Во интервју за „Berliner morgenpost“, Фишер предупреди дека САД, според сегашната политика на Доналд Трамп, се на пат да излезат од НАТО и дека Алијансата, во својата сегашна ...

Телото на Анастасија Березовска – осомничена за вмешаност во обидот за убиство на украинскиот милионер Вадим Јермолајев во Монако – вчера беше пронајдено во близина на Киев. Според неофицијални информации, жената била застрелана, пишува „Украинска правда“. Березовска беше осомничена дека поставила бомба во станбена зграда во Монако која експлодираше кога во зградата влегуваа Јермолаев, неговата партнерка и неговиот син. Најтешко беше ...

Здружението „ГЛАС“ – Босилеград, во соработка со Студентското читалиште „Св. Климент Охридски“ 1997 – Софија, го подготвува шестото издание на Меѓународниот пленер „Босилеград во боја 2026“, кој ќе се одржи од 12 до 19 јули 2026 година во Босилеград, јавува Радио Бугарија. Официјалното отворање е закажано за понеделник, 13 јули, во 18:30 часот по локално време, на отворената сцена во дворот пред канцеларијата на здружението „ГЛАС“, каде што ...

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Хенри П. Клуге, предупреди денеска дека Европа во наредните недели би можела да биде погодена од нови смртоносни топлотни бранови и ги повика државите итно да ги унапредат плановите за заштита на населението. Како што соопшти СЗО, Португалија и југот на Шпанија оваа недела очекуваат температури до 43 Целзиусови степени, додека нов бран жештини се најавува и за ...

Во серија тешки невремиња во Кина загинаа повеќе лица, а десетици сè уште се водат како исчезнати. Во централната кинеска провинција Хубеи најмалку единаесет лица загинале како последица на две торнада, јавија кинеските државни медиуми. Торнадата, со брзина на ветерот до 149 километри на час, откорнувале покриви од згради и превртувале автомобили. Во период од четири часа ги погодиле градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Шјанинг, кои се ...

Најмалку 16 лица останаа затрупани во свлечиште во планинска област во западната кинеска покраина Гансу во вторник. Спасувачите досега успеаја да извлечат 17 од 33 лица кои беа заробени. Кинескиот претседател Ши Џинпинг нареди максимални напори за спасување на жртвите од природната катастрофа, објави државната телевизија CCTV. Иако причината за свлечиштето сè уште не е позната, Кина беше погодена од серија смртоносни бури оваа недела, објави ...

Едно лице загина, а најмалку 40 патници се повредени откако автобус се преврте на автопатот Каман – Анкара, во близина на турскиот град Кирикале. Според првичните информации, несреќата се случила откако возачот изгубил контрола над автобусот, по што возилото излетало од коловозот и се превртело. Seyir halindeki yolcu otobüsü kaza yaptı: 41 kişi yaralandı Tekirdağ’dan Kayseri istikametine seyir halinde olan Süha firmasına ait yolcu otobüsü ...

Неверојатна спасувачка приказна доаѓа од Венецуела, каде мајка и нејзините три деца биле извлечени живи од под урнатините речиси 12 дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата. Спасувачките екипи успеале да го лоцираат семејството во неделата вечерта, откако со денови траела потрагата по преживеани лица заробени под урнатите објекти. По сложена и ризична операција која продолжила до раните утрински часови во понеделникот, ...

Германскиот министер за надворешни работи во понеделникот изјави дека Иран на крајот би требало да ги сноси трошоците за секоја меѓународна операција за отстранување на мините од Ормускиот Теснец. Јохан Вадефул го изјави ова во интервју за весникот „Ханделсблат“, одговарајќи на прашањето дали европските земји би можеле да му понудат на Иран финансиски стимулации за Техеран да се согласи на мисија за разминирање. Од нашата мрежа Грчки рецепт ...

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави денеска дека на самитот на НАТО во Анкара оди со намера да го одбие предлогот на Германија на Украина и за следната година да ѝ се обезбеди помош вредна 70 милијарди евра. Тој рече дека не знае дали ќе има можност да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и да му објасни зошто Чешка не издвојува за одбрана ниту два отсто од БДП, иако Бабиш со месеци ја најавуваше таа средба. Од нашата мрежа ...

Разорно невреме со поплави и свлечишта синоќа ја погоди Кина, при што загинаа најмалку 15 луѓе, а неколкумина сè уште се водат за исчезнати, објави „Гардијан“. Грмотевици и ветрови со ураганска јачина усмртија најмалку 11 луѓе и повредија 331 човек во централната провинција Хубеи, каде што силно невреме ги погоди градовите. Во други делови од земјата биле регистрирани и торнада. Околу 4.800 куќи биле оштетени, а уште 22 целосно се урнале. Во ...

Владата на германскиот канцелар Фридрих Мерк го усвои нацрт-федералниот буџет за 2027 година, кој предвидува дека за одбрана ќе бидат издвоени 109,7 милијарди евра. Поточно, речиси една петтина од вкупните државни трошоци, како дел од планот за забрзано зајакнување на воените капацитети и исполнување на новата цел на НАТО за распределба на средствата за одбрана. Според нацрт-буџетот, кој денес беше одобрен од кабинетот, вкупните расходи на ...

Страшна несреќа денеска ја потресе Србија и цел регион, кога петнаесетгодишно момче од Нови Пазар рано утринава загина во Голија. Според неофицијални информации, малолетникот испаднал од возилото откако автомобилот се превртел. Во несреќата биле повредени уште три лица, од кои едно потешко. Засега не е позната причината за несреќата. Во неа учествувало само возилото во кое се наоѓал загинатиот малолетник. Полициски екипи и спасувачки служби ...

Разорно невреме со огромна сила ја погоди Кина, предизвикувајќи смртоносни поплави, силни ветрови, торнада и опасни свлечишта. Во природната катастрофа загинаа најмалку 15 лица, додека неколкумина и понатаму се водат како исчезнати, соопштија надлежните власти. Најтешко погодена е централната кинеска провинција Хубеи, каде силните грмотевици и ветрови со ураганска јачина предизвикаа големи штети. Во овој регион загинаа најмалку 11 луѓе, а 331 ...

Претседателот на САД Доналд Трамп тргна од Вашингтон за самитот на НАТО во Турција, велејќи дека патува од една причина: турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Одам поради Ердоган“, им рече Трамп на новинарите, нарекувајќи го турскиот лидер „пријател“ и „почитуван лидер“, а воедно сигнализирајќи дека двете нации би можеле да ја зајакнат одбранбената соработка. Самитот на НАТО започнува денес во нкара, каде што се очекува Трамп да се ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.36
45%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1016
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.97
75%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.41
54%
1017
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.86
54%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.41
94%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
3.58
39%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.62
33%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.1
47%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
4.92
64%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
47%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
3.59
58%
1016
Currency

61.645

Currency

53.9983

Currency

72.4174

Currency

37.5504

Currency

38.1008

Currency

66.7433

Currency

7.96794

Currency

0.70105

Currency

0.33399

Currency

0.52508

Currency

1.14928

Currency

0.56524

Цинк

0.00

Алуминиум

3.15

Кобалт

56.29

Иридиум

245953.21

Сребро

1924.70

Рутениум

49029.89

Злато

132441.79

Платина

52244.96

Калај

52.82

Бакар

12.63

Родиум

262028.58

Паладиум

40509.94