Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Gboard Dial Version претставува уште еден интересен концепт на Google Japan, кој го спојува ретро дизајнот на старите телефони со ротирачки бројчаници и модерните функции. Google Japan повторно ја покажа својата склоност кон необични технолошки експерименти. По низа креативни концепти за тастатури во изминатите години, сега ја претставија Gboard Dial Version — тастатура која, наместо класични копчиња, користи ротирачки бројчаници, по примерот на ...
100 дена за 100% сигурна одлука Samsung Electronics претставува ексклузивна промоција што ви овозможува без компромиси да ги испробате исклучителните перформанси и напредната технологија на правосмукалките. Во рамките на акцијата „100 дена за да се уверите 100 %“, можете да ги тестирате одбраните безжични правосмукалки дури 100 дена. Доколку не бидете целосно задоволни, можете едноставно да ја вратите правосмукалката – без никакви трошоци. Оваа ...
Новиот стандард за флеш меморија, UFS 5.0 ќе почне да се појавува во мобилните уреди и компјутерски системи веќе во текот на следната година. JEDEC (Joint Electron Device Engineering Council) официјално го претстави UFS 5.0, новата генерација на флеш меморија која наскоро ќе се најде во мобилните уреди и компјутерите. Главниот фокус на UFS 5.0 е зголемување на перформансите и енергетската ефикасност, со задржување на компатибилноста со ...
Земјата го губи својот сјај, особено на северната хемисфера. Научниците ги проучуваат климатските промени, аеросолите и природните катастрофи како можни причини. Ново истражување покажува дека Земјата постепено рефлектира сè помалку светлина, со поизразен ефект на северната хемисфера, што ги менува долгогодишните претпоставки за симетријата на сјајот на планетата. Научници од истражувачкиот центар NASA Langley Research Center користеле податоци ...
Од своето основање, WhatsApp бараше регистрација на телефонски броеви кои служеа како кориснички идентификатори. Сепак, популарната платформа за размена на пораки наскоро ќе овозможи поврзување преку кориснички имиња – функција која веќе со години постои во други апликации за пораки како Telegram и Signal. Во најновата бета верзија за Android, менито со поставки на WhatsApp им овозможува на корисниците да го резервираат своето корисничко име ...
Американската вселенска агенција НАСА потврди постоење на нов мистериозен објект кој го „пресекол“ Сончевиот систем — објект со меѓуѕвезден ориентир, што значи дека потекнува од надвор од нашиот Сончев систем. Објектот, кој во почетокот беше означен како A11pl3Z, доби официјално име 3I/ATLAS (C/2025 N1). Според НАСА, тој се движи по хиперболна траекторија, што значи дека не е гравитациски „заклучен“ за Сонцето и дека ќе помине низ системот, но ...
Google Maps доби сеопфатно ажурирање кое значително го подобрува искуството при патување со автобус и воз. Новата лента на дното од екранот прикажува важни информации за тековното патување и останува видлива за време на целата навигација. Корисниците сега можат паралелно да пребаруваат локации без да го прекинат насочувањето на патот. Овој континуиран приказ овозможува и лесно префрлување на алтернативни видови превоз, како што се велосипед или ...
Американскиот истражувач Фред Рамсдел, еден од тројцата овогодишни добитници на Нобеловата награда за медицина, конечно бил известен за оваа награда, 12 часа по останатите добитници, бидејќи неговиот телефон бил во авионски режим за време на планинарењето и немал мрежна конекција. Тој за „Њујорк тајмс“ изјавил дека вчера бил во природа на северозападниот дел од САД, додека организаторите на Нобеловата награда, медиумите и пријателите залудно се ...
Милијардерот не понуди дополнителни детали за овој проект, но во одговор на платформата Икс, тој истакна дека четботот Грок ќе биде вклучен во креирањето на идните видео игри. Video games will be dynamically generated by Grok in the future. pic.twitter.com/tYYMnBirhm — DogeDesigner (@cb_doge) October 5, 2025 Кон крајот на минатиот месец. Маск, исто така, објави дека иксАИ моментално развива онлајн енциклопедија, наречена Грокипедија, што треба ...
Астероидот е широк приближно 1 до 3 метри и првпат бил забележан од страна на Каталина Скај истражувања неколку часа откако поминал покрај Земјата. Објектите со оваа големина не претставуваат значителна опасност. Тие можат да произведат огнени топки доколку ја погодат атмосферата на Земјата и може да резултираат со откривање на мали метеорити на земја. Астрономите од Канцеларијата за планетарна одбрана на ЕСА го набљудувале објектот набргу по ...
Новата функција Computer Control овозможува AI агенти самостојно да управуваат со Android апликации, што отвора пат кон целосно автоматизиран телефон Минатата година уреди како Rabbit R1 привлечеа внимание со идејата за мали AI уреди кои извршуваат задачи наместо корисникот. Иако брзо исчезнаа од пазарот, концептот „агентска вештачка интелигенција“ продолжи да живее, а сега Google го оживува преку нов системски рамка наречена Computer Control. ...
Брачен пар од Њу Орлеанс во својот двор открил околу 1.900 години стар римски надгробен споменик посветен на морнарот Секстус Конгениј Верус, што предизвика напори за негова репатријација во Италија. Антропологот од Универзитетот Тулејн, Даниела Санторо и нејзиниот сопруг, Арон Лоренц, ја пронашле мермерната плоча додека го чистеле дворот, пренесе „Гардијан“. Натписот на латински јазик укажувал дека станува збор за римска реликвија, по што тие ...
Првпат во историјата навистина е достигната квантна супериорност. Не како онаа на Гугл, кој се обиде да ја присвои титулата во 2019 година за својот модел Сикамор, кој за 3 минути и 20 секунди заврши пресметка, за која на класичен компјутер му се потребни 10.000 години. Машина од лабораторија за вештачка интелигенција во Шангај лани го собори тој рекорд и ја заврши задачата за 13 секунди. Но и Сикамор и неговиот импресивен кинески конкурент ...
За образованите млади во Швајцарија влезот на пазарот на труд станува сè потежок. Најдобар пример за тоа е приказната на Паскал М. (30), кој завршил биологија и екологија, а докторирал географија со највисока оценка. И покрај тоа, по повеќе од 160 испратени пријави, успеал да добие само една слабо платена пракса – и тоа надвор од областа во која посакува да работи. Според податоците на Федералниот завод за статистика, стапката на невработеност ...
Скопје 7 Октомври 2025 – Денес е доволно само да го извадиме паметниот телефон од џеб за да направиме фотографии и видеа со професионален квалитет. Во срцето на таа револуција се наоѓа Galaxy технологијата на камерата, која веќе петнаесет години им овозможува на корисниците секој момент да го забележат на едноставен и сигурен начин без потреба од класичен фотоапарат. Од самиот почеток, Samsung Electronics е пионер во развојот на мобилните ...
Меѓузвездениот објект 3I/ATLAS, кој е третиот идентификуван посетител однадвор од нашиот Сончев систем, пролета покрај Марс, а NASA го сними преку роверот Perseverance. На објавените фотографии се гледа светлосен траг кој се издвојува од темнината на вселената, додека објектот бил на околу 38 милиони километри од Марс. Астрономот од Харвард, Avi Loeb, кој долго време го следи објектот, објаснува дека светлосниот траг е резултат на долгото ...
Нобеловата награда за физика годинава им припадна на Џон Кларк, Мишел Х. Деворет и Џон М. Мартинис за нивната работа на квантното пресметување. Одлуката беше објавена на прес-конференција во Стокхолм од страна на Кралската шведска академија на науките. „Денес не постои напредна технологија во употреба која не се потпира на квантна механика, вклучувајќи мобилни телефони, камери... и оптички влакна“, соопшти Нобеловиот комитет. Еден од лауреатите, ...
На 22 октомври во хотел „Александар Палас“ ќе се одржи гламурозната церемонија на доделување на престижните признанија Македонската бизнис заедница се подготвува за својот најважен и најпрестижен настан. На 22 октомври 2025 година, во хотел „Александар Палас“, ќе се одржи гламурозната церемонија на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“, вечер на прославување на извонредноста и успехот на најуспешните во македонскиот деловен свет. ...
Александар Ванг, коосновач на „Scale AI“ и еден од најмладите милијардери од Сицилиумската долина, предупредил дека вештачката интелигенција за пет години ќе може да го напише сиот код којшто тој некогаш го направил. Оваа изјава предизвикала неверување во технолошкиот свет затоа што доаѓа од човекот којшто своето богатство го изградил на развојот на AI технологијата. Говорејќи во поткастот „TBPN“ со Џон Куган и Џорди Хејс, Ванг изјавил: ...
Lost Rift е амбициозен проект кој се залага да спои два навидум различни стила на игра на кохерентен начин. Пукачката авантура на People Can Fly ја комбинира креативната слобода на градење бази и PvE истражување со адреналинската напнатост која преизлегува од PvPvE експедиции. Фрлени на бреговите на мистериозен архипелаг, вашата цел не е само да преживеете, туку и да напредувате, да изградите свој дом и да се впуштите во опасни мисии, сами или ...
Со пуштањето на најновата верзија од бета каналот на Windows Insider програмата, Microsoft најави блокирање на една можност која е доста популарна кај одреден број на корисници на Windows 11. Се работи за неколку достапни механизми кои им овозможуваа на корисниците да го прескокнат делот при првичното прилагодување на нова инсталација од Windows 11, кој бара најава со Microsoft сметка. Познато е колку Microsoft не сака корисниците да го користат ...
OpenAI и AMD ги здружуваат силите во повеќегодишен договор вреден повеќе милијарди долари за изградба на AI центри и развој на чипови од новата генерација OpenAI и AMD склучија стратешки договор вреден повеќе милијарди за соработка во развојот на AI чипови. Во понеделник, OpenAI потпиша повеќегодишен договор со компанијата Advanced Micro Devices (AMD), со што продолжува инвестициониот бран насочен кон обезбедување огромна компјутерска моќ ...
Honor Magic 8 Pro со Snapdragon 8 Elite Gen 5 чипсет постигна најдобри Geekbench резултати досега, со 20 проценти подобри перформанси од својот претходник. Новите Honor Magic 8 Pro се појавија во базата на Geekbench тестови и веднаш привлече внимание со резултати кои ги надминуваат сите досегашни Android телефони. Иако компанијата претходно ги објави главните технички карактеристики на уредот, најновите податоци јасно покажуваат колкав напредок ...
ChatGPT доби доста новини изминатиот период, па од OpenAI сега најавија и апликации во овој „четбот“. За почеток од компанијата претставија неколку апликации во соработка со нивните партнери, но со достапноста на новата Apps SDK алатка, сите ќе можат да ги поврзат нивните сервиси со ChatGPT. Апликациите во ChatGPT во основа претставуваат можност за директно поврзување со некоја од познатите веб страни, на пример, со цел да се побара извршување ...
„MAN Truck & Bus“ го искористи саемот „Busworld Europe 2025“ во Брисел за да го претстави електричниот автобус – „Lion’s Coach 14 E“, кој беше најавен уште напролет. Ова е првиот електричен автобус од европски производител и се очекува многу наскоро да се појави на патиштата на Стариот континент. Дизајнот на патничкото возило вклучува аеродинамични подобрувања со закривен C-столб, подигната линија на покривот со продолжен спојлер, стакло ...
Глобалните испораки на паметни часовници во периодот од април до јуни, односно во второто тримесечје (Q2 2025), пораснаа за 8% во однос на истиот период минатата година – достигнувајќи 34,4 милиони примероци. Според податоците на Counterpoint Research, Huawei забележал раст од 53%, со околу 7,2 милиони испорачани единици, со што за првпат го зазеде водечкото место со 21% глобален пазарен удел. Цените на Huawei се клучна причина за нивната ...
YouTube започна со тестирање на нов мобилен интерфејс и промените се толку драстични што веднаш предизвикаа поделени реакции. Некои корисници го поздравуваат новиот изглед како помодерен и почист, додека други го сметаат за „пренатрупан“ и непрактичен. Поголеми профилни слики и нов распоред Највидлива новина е големата профилна слика веднаш до насловот на видеото. Имињата на каналите се заменети со @кориснички имиња, што е дел од стратегијата ...
Болеста се пренесува низ семејствата, немилосрдно ги убива мозочните клетки и наликува на комбинација од деменција, Паркинсонова болест и моторна невронска болест. Емоционалниот истражувачки тим се расплака додека опишуваше како податоците покажуваат дека болеста е забавена за 75% кај пациентите. Тоа значи дека опаѓањето што нормално би го очекувале за една година би траело четири години по третманот, давајќи им на пациентите децении „квалитетен ...
Порано се веруваше дека „Android“ телефоните се нестабилни, полни со грешки и дека не можат да се споредат со „iPhone“. Сепак, тие времиња се одамна минато. Еве седум застарени митови за „Android“ уредите кои веќе немаат никаква основа во реалноста. Прво на сите, идејата дека евтините „Android“ телефони се „електронски отпад“ веќе не е валидна. Денешните прифатливи модели нудат сè подобар квалитет на изработка, солидни перформанси и долг период ...
Легендарниот „Nokia 3310“ стана еден од најпопуларните мобилни телефони на светот по неговото лансирање во 2000 година, а беше продаден во околу 126 милиони примероци пред да биде повлечен од пазарот во 2005 година. Иако брендот постои веќе 160 години, многумина и денес не знаат што всушност значи неговото име. Приказната за реката и куната Компанијата била основана во 1865 година од финскиот рудар Фредрик Идестам како фабрика за производство ...