Скопје
-6ᴼ /
-6ᴼ
Компанијата „Мајкрософт“ се согласи на измени во своите практики со цел да ја отстрани загриженоста на Брисел поради поврзувањето на популарната платформа за тимска соработка Мајкрософт Тимс со нејзините апликации Ворд, Ексел, ПауерПонт и Аутлук, преку пакетите Офис 365 и Мајкрософт 365. Како што соопшти Европската комисија, американската компанија се обврзала да ги нуди своите пакети без Тимс и тоа по намалени цени, да им овозможи на ...
Извршниот директор наОпенАИ, Сем Алтман, неодамна предизвика бранување на јавноста кога ја призна валидноста на таканаречената „теорија за мртов интернет“ која досега се отфрлаше како теорија на заговор. Таа сугерира дека голем дел од денешниот интернет, особено социјалните медиуми е доминиран од вештачки (нечовечки) активности, како што се содржини генерирана од вештачка интелигенција, ботови и корпоративни интереси, што доведува до пад на ...
Кинескиот луксузен бренд „Avatr“ го искористи саемот „IAA Mobility“ во Минхен за да претстави раскошен концепт автомобил. Иако моделот, наречен „Vision Xpectra“, не е наменет за сериско производство, тој ја покажува изработката на европското дизајнерско студио на „Avatr“ и дава навестување за идната дизајнерска насока на брендот. „Vision Xpectra“ е седан со четири врати со епски пропорции. Долг е 5.840 mm, широк 2.130 mm и висок 1.400 mm, со ...
Во новото истражување особено внимание е посветено на пасивноста на „Snapchat“ околу модерирањето мрежи и згаснувањето на опасните профили. За многу од тинејџерите „Snapchat“ е омилена и најчесто користена социјална мрежа. Но, како што тоа е случај и со останатите социјални мрежи и платформи, на неа има многу опасности за кои младите не се свесни. Минатата година во САД против оваа социјална мрежа била поднесена тужба во која се тврди дека ...
Mortal Sin е хаотична, крвава игра која неодамна излезе од фазата на ран пристап како комплетно искуство. Чедото на Никола Тодорович се залага да понуди брутална проверка на вашите рефлекси и тактичко размислување, каде што секоја пресметка се одликува со одредена тежина и последици. Во случај да сте фанови на roguelite игри, Mortal Sin ќе ве фрли во процедурално генерирани кошмари каде што единствениот начин да преживеете е преку крвава ...
Google Home веб-апликацијата ги проширува своите функции – освен камери и автоматизации, сега овозможува контрола на светла, термостати, паметни брави и уште многу други уреди. Google значително ја унапреди својата Home веб-апликација, која досега беше ограничена само на надзор на камери и креирање на автоматизации. Од сега, корисниците можат директно преку веб-интерфејс да управуваат со други паметни уреди во својот дом, вклучувајќи: светла, ...
Конечно добивме датум кога ќе биде објавена новата игра Football Manager. Откако објавувањето на нова игра од оваа серија беше откажано минатата година, FM26 пристигнува на 4 ноември на PC, PlayStation, Xbox и Xbox Game Pass. FM26 Mobile ќе биде достапен за претплатниците на Netflix на iOS и Android уреди истиот ден, а FM26 Touch ќе биде објавен на 4 декември за Nintendo Switch. Sports Interactive имаше многу проблеми со развојот на FM25, и ...
Јапонската мултинационална компанија „Сони“ (Sony) официјално го претстави „Експерија 10 VII“ (Xperia 10 VII) – најновиот паметен телефон од брендот. Паметниот уред доаѓа со редизајниран модул на задна камера и голем број подобрувања во споредба со неговиот претходник. Сега, имено, задните камери се распоредени хоризонтално – што потсетува на „Пиксел“ (Pixel). Тука е и главниот „Сони Ексмор РС“ сензор од 50 мегапиксели и ултраширок агол од 13 ...
Sony официјално го претстави Xperia 10 VII, својот најнов паметен телефон од средната класа. Xperia 10 VII доаѓа со редизајниран модул на задната камера и бројни подобрувања во споредба со претходникот. Тоа се унапредени задни камери кои сега се поставени хоризонтално во модул во форма на капсула, што многу потсетува на Pixel. Смартфонот има главен Sony Exmor RS сензор од 50 MP и ултраширока единица од 13 MP, додека за селфи фотографии се ...
Uber објави дека од следната година ќе започне да нуди превоз со хеликоптери и хидроплани, достапни директно преку апликацијата. Новата услуга се лансира во партнерство со Joby Aviation, само еден месец откако компанијата ја купи услугата за воздушно такси Blade за 125 милиони долари. Резервации преку апликација Корисниците ќе можат да резервираат летови со хеликоптери и хидроплани уште од следната година. Иако точниот месец не е прецизиран, ...
Останките се пронајдени во близина на плажа во покраината La Libertad, околу 675 километри северно од Лима. Археолозите на северниот брег на Перу пронајдоа 3.000-годишни остатоци од 14 луѓе, за кои веруваат дека починале во ритуал на човечка жртва, давајќи увид во античката историја на јужноамериканската земја. Научен тим откри скелетни остатоци во близина на она што се верува дека бил храм на културата Cupisnique, цивилизација која цветала ...
„Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) ќе ја прошири својата физичка инфраструктура за да усовршува сопствени модели на вештачка интелигенција, со кои се надева дека ќе биде конкурентен на „Опен еј-ај“ (OpenAI), „Антропик“ (Anthropic) и други компании. Компанијата ќе направи „значителни инвестиции“ во сопствени кластери на компјутерска моќ за усовршување на моделите, изјавил директорот за ВИ-потрошувачи Мустафа Сулејман на состанок со вработените ...
Тие проценуваат дека „новите“ жители на Помпеја живееле во областа до околу петтиот век, по што областа била целосно напуштена. Со години, археолозите го истражуваат некогашниот италијански град Помпеја, кој бил уништен во ерупцијата на Везув во 79 година од н.е. Досега, тие веќе откриле неколку траги што им даваат увид во животот пред ерупцијата, но сега наишле на нешто што ги изненадило. Имено, тие откриле траги од населба по ерупцијата. ...
Федерален судија во САД му наложи на Google да плати 425,7 милиони долари за нелегално шпионирање на паметните телефони на луѓето речиси една деценија. Пресудата, донесена во федералниот суд во Сан Франциско, следеше по повеќе од две недели судење во групна тужба што опфаќаше околу 98 милиони паметни телефони во Соединетите Американски Држави помеѓу 1 јули 2016 година и 23 септември 2024 година, објави Ројтерс. Со тоа, вкупната отштета ...
По Meta и Google, и Amazon влегува во трката со паметни очила и развива два модела – едни за своите возачи и други со екран во боја за потрошувачите. Паметните очила стануваат новата голема трка во технолошкиот свет, а по Meta и Google, сега и Amazon се подготвува да се појави на сцената. Според информациите што ги пренесува Cnet, компанијата развива очила со екран и камери, што би можело да претставува прв чекор кон вистински AR очила. ...
Американската вселенска агенција NASA им оневозможи на кинеските државјани со важечки американски визи пристап до нејзините објекти, потег што ефективно им забранува работа во еден од најугледните центри за истражување на вселената, пренесува BBC. Кинеските државјани, кои можеа да работат во НАСА само како изведувачи или студенти што придонесуваат во истражувањата, на 5 септември дознале дека го изгубиле целиот пристап до системите и ...
На 4 септември 1998 година беше основана една од највлијателните технолошки компании на модерната ера – Google. Компанијата започна во гаража во Менло Парк, Калифорнија, каде што нејзините основачи, Лари Пејџ и Сергеј Брин, решија официјално да ја регистрираат. Всушност, целата приказна започна две години порано, кога Пејџ и Брин се сретнаа на Универзитетот Стенфорд. Нивното заедничко истражување доведе до развој на алгоритам наречен ...
HMD го издава телефонот Nokia 3210 во ново руво, а класичниот телефон од деведесеттите пристигнува во модерна варијанта. Новиот телефон Нокиа 3210 доби модерни функции, како поддршка за 4G и свежи бои. Телефонот има екран од 2,4 инчи, се напојува со процесор Unisoc T107, а се напојува од батерија од 1450 mAh. За складирање податоци, има 64GB до 128GB внатрешна меморија, како и слот за microSD. Интересно е што новата Nokia 3210 ќе има камера ...
Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24-тиот меѓународен натпревар по програмирање CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт. Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу 12те финалисти, врвни таленти кои влегоа во годинешното натпреварувачко финале. CodeIT е создаден од Мусала Софт во 2000 година и е едно од најстарите натпреварувања за програмирање ...
АТС Груп е еден од поголемите изложувачи на најзначајниот саем на одбранбената индустријата – Еуросатори 2024 во Париз Франција, на кој од оваа година претставува вкупно четири фабрики. На саемот присуствуваат повеќе од 2000 излагачи од 62 земји, 62000 посетители од 150 земји, 400 изложени борбени возила и воздухоплови. Еуросатори 2024 не ги обединува само производителите, туку и повеќе од 250 официјални делегации од над 96 земји, експерти, ...
Viber го најави воведувањето на функцијата „Избриши без трага“. Имено, оваа функција ќе им овозможи на премиум корисниците на пакетот Viber Plus да ја избришат испратената порака без да остават никакви траги. Функцијата се воведува како позитивен одговор на бројни барања од корисници, кои изразија посебен интерес да им биде достапна. „Избриши без трага“ е ексклузивно достапна за корисниците на претплатничкиот пакет на услуги Viber Plus без ...
Различните индустрии имаат специфични барања за одржување и чистење на електронските уреди за да се осигура нивната сигурна работа и максимални перформанси. Професионалното чистење на електрониката е клучно за спречување на дефекти, продолжување на животниот век на уредите и зачувување на оптималните перформанси. Во продолќение ќе го разгледаме значењето на професионалното чистење во неколку клучни сектори. Индустриски сектор Во ...
„Мелодијата на Европа“ е иницијатива на Дојче Телеком, во која се трансформираат податоците од мобилните мрежи на десет земји во Европа со помош на вештачка интелигенција и се претвораат во уникатно аудио-визуелно искуство. Преку овој иновативен пристап, се прикажува технолошкото лидерство на Дојче Телеком низ цела Европа. Истовремено се демонстрира поврзаноста низ Европа, преку музиката како поинаков медиум за поврзување. Мрежата на ...
ATS Group ја претстави земјата на SHOT Show 2025, најпрестижниот саем за професионалци од областа на одбрана и огнено оружје. SHOT Show е водечки настан од затворен тип, каде може да се погледне најновата генерација на воена опрема што не може да се најде на ниедно друго место, и поставува нови стандарди во индустријата. Организиран од светската Трговска асоцијација за огнено оружје (NSSF), секоја година привлекува над 2.400 изложувачи од ...
Иако името „Твитер“ веќе долго време не е во официјална употреба, оние што сакаат да го зачуваат од заборав славното лого со сината птица, сега имаат можност – доколку имаат доволно пари. Знакот, кој е една од двете птици што ги краселе канцелариите на Твитер, моментално се наоѓа на аукција. Огромното лого, кое беше дел од седиштето на компанијата во Сан Франциско, е еден од најпознатите симболи поврзани со оваа социјална мрежа. Без ...
Персеверанс, ровер на НАСА на Марс, собра примерок наречен „Сафир Кањон“ од карпа именувана „Чејава Фолс“ во древното корито на река Неретва во кракот на кратерот Језеро. Новата студија, објавена во научниот журнал Nature, покажува дека примерокот носи потенцијален биосигнал, состав или структура што може да има биолошко потекло, но бара дополнителна анализа за да се потврди. Зошто ова е важно Откритието е значајно затоа што ги комбинира ...
Кина официјално го отвори за сообраќај најдолгиот мост со кабелски столб во светот, кој се наоѓа во источната кинеска провинција Џиансу. Според официјалните лица, мостот долг 10,3 километри, кој ги поврзува градовите Чанчоу и Таичоу, го намалува времето на патување од 80 на само 20 минути. Главниот распон на мостот е 1.208 метри, а неговата изградба траела околу шест години. Тоа е првиот мост изграден на реката Јангце кој интегрира автопат за ...
Рибите што живеат на големи длабочини обично изгледаат застрашувачки. Меѓутоа, истражувачите неодамна пронашле нови видови во длабоките делови на Пацификот, од кои еден вид е неверојатно симпатичен. Во студија објавена на 27 август во списанието „BioOne“, научниците опишале розова риба со тркалезна глава наречена „Careproctus colliculi“, колоквијално позната како „груткаста риба-полжав“, која изгледа како да се смее, а нејзините слики брзо ...
Замислете технологија што не е само уред, туку ваш личен бизнис асистент, гаџет за ултра забава, тренер за здрав живот и стилски детал. Токму тоа го добивате со Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic – комбинација што го подига животниот стил на едно ново ниво. Моќ и елеганција на дофат Ако се прашувате во кои ситуации Galaxy Z Fold7 би ви бил од огромна корист, еве само неколку од вашето и сечие секодневие: Работен состанок со белешки ...
Тоа не е некое големо изненадување. Одговорите што ги дава ЧетГПТ се засноваат на огромна количина на текстови од Интернет. А повеќето од тие текстови се напишани – да бидам искрен – од момци со иста преголема самодоверба и став дека сè им припаѓа ним, оценува психологот за „Денешна психологија“. ЧетГПТ може малку да го прилагоди стилот, но не може да го промени општиот тон на апсолутна сигурност во сопствената вистина. Тој даде пример дека ...