Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Мал електронски имплант, кој се вградува во окото, им овозможува на луѓето кои го изгубиле видот повторно да можат да читаат, пренесоа денес британските медиуми. Уредот со димензии два на два милиметри, кој се вградува под мрежницата на пациентот, им овозможил да гледаат букви, броеви и зборови, пренесе Скај њуз. Експертите посочуваат дека оваа нова технологија носи револуција во вештачкото овозможување на видот и се надеваат дека имплантот ...
Во заедничка студија на научниците од Универзитетот Тохо во Јапонија и американската агенција NASA, користени биле компјутерски симулации за да се заклучи кога животот на Земјата би можел да престане да постои. Резултатите не се охрабрувачки – на нашата планета ѝ се заканува колапс на атмосферата и исчеснување на кислород, пренесува „LadBible“. Што ќе биде со луѓето? Според истражувањето наречено „Идниот животен век на атмосферата на ...
Компанијата SpaceX изминатиот викенд лансираше 56 нови Starlink сателити со помош на ракети Falcon 9, со што го надмина бројот од вкупно 10.000 сателити лансирани во ниска орбита околу Земјата. Овој пресврт беше постигнат со 132. лансирање на Falcon 9 во 2025 година, со што беше изедначен претходниот годишен рекорд за лансирања, иако остануваат повеќе од два месеци до крајот на годината. Од тие 10.000 сателити, во моментов во функција се ...
Huawei во Кина го претстави својот најнов преклопен телефон Nova Flip S, кој претставува надградба на минатогодишниот модел Nova Flip. Nova Flip S доаѓа во нови бои: Feather Black, White, Azure Blue, Green, Soft Pink и Star Black, како и со пониска почетна цена од 3.388 кинески јуани (околу 475 долари) за верзијата со 8/256 GB меморија, што го прави еден од најдостапните преклопни телефони на кинескиот пазар. Телефонот е опремен со нов, сè ...
Amazon Web Services – AWS, еден од неколкуте најпознати и масовно користени „сервери“, во текот на денешниот ден имаше сериозни проблеми поради што недостапни беа повеќе сервиси низ светот. Големи се шансите дека и корисниците во Македонија користат некој од сервисите кои не беа достапни во текот на денот, неколку часа, а тие ги вклучуваат такви како Signal, Snapchat, Facebook, Prime Video, Ring, Fortnite, Perplexity и други, меѓу кои и ...
Некои научници сега разгледуваат една интригантна можност – ако постојат вонземјани, нивната технологија може да e само маргинално подобра од нашата, а откако некое време го истражувале своето космичко соседство, едноставно им здодеало и престанале да се грижат, што го отежнува нивното откривање, пренесува Гардијан. Сценариото, опишано во нов труд од д-р Роберт Корбет, сега објавен на серверот арИксив, го прифаќа принципот на „радикална ...
Тим истражувачи од Канада и Кина успеа да создаде „универален“ бубрег, кој теоретски може да биде прифатен од секој пациент. По една деценија работа, истражувачите се поблиску од кога било до клучен пробив во трансплантацијата на бубрези – можноста за трансплантација на органи од донори со различни крвни групи, што би можело значително да го скрати времето на чекање и да спаси животи. Тим научници од Канада и Кина успеа да создаде ...
Објавите на X кои доаѓаат во форма на линкови ќе добијат подобар „третман“ на оваа мрежа. Од компанијата најавија две новини кои ќе треба да ја подобрат успешноста на ваквите објави, па тие кои објавуваат линкови во периодот што следи можат да очекуваат тие да стигнат до повеќе корисници. Првата новина ќе биде пуштена на iOS верзијата за почеток, а го менува начинот на којшто се отвораат линковите. Наместо линкот да се отвори на целиот екран, ...
Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com. Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред ...
Многу од најголемите апликации и веб-страници во светот одеднаш престанаа да работат, вклучувајќи ги Snapchat, Roblox, Fortnite, Perplexity и Canva, според веб-страницата Downdetector. Проблемите започнаа околу 9 часот наутро по македонско време, односно полноќ по пацифичко време. Според „Индипендент“, проблемите се чини дека се поврзани со тешкотиите во Amazon Web Services (AWS), кој ја обезбедува инфраструктурата што е основа на поголемиот ...
Компанијата Meta, која стои зад Facebook, Instagram и WhatsApp, соопшти дека од 2026 година на платформата WhatsApp ќе бидат забранети четботови од трети страни. Како што пренесува PC Mag, четботовите ќе бидат забранети на платформата од 15 јануари 2026 година, а единствениот достапен chatbot ќе биде оној зад кој стои Meta AI. Овој потег може да има влијание врз WhatsApp клиентите на алатки како ChatGPT, кој беше интегриран во WhatsApp во ...
RedMagic 11 Pro+ и 11 Pro официјално се претставени во Кина. Најновите премиум модели од Nubia ги придвижува процесорот Snapdragon 8 Elite Gen 5. Новите паметни телефони имаат неколку заеднички карактеристики и спецификации, вклучувајќи го екранот, камерите и дизајнот. Двата модели се опремени со вграден активен вентилатор за ладење и VC комора од течен метал, но Pro+ дополнително има и пулсирачки мотор за водено ладење. Телефоните ...
Keeper, најновото дело од студиото Double Fine, предводено од уметничкиот ветеран Ли Пети (уметнички директор за игри како Brütal Legend и Broken Age, и проектен лидер за високо стилизираните Stacking и Headlander), е продукт кој е маестрална последица на неговото долго и креативно искуство. Родена од интроспекцијата за време на пандемијата и длабоката почит кон природата, на играта лесно може да се гледа како на медитативно патување низ еден ...
Доколку навистина се покаже дека концептот на интегриран заден екран долгорочно го задржува вниманието на корисниците, Xiaomi би можел да постави нов тренд на пазарот на паметни телефони. Иако се очекуваше дека серијата Xiaomi 17 ќе биде со релативно конзервативен дизајн, без многу промени во однос на претходната генерација, кинескиот производител реши да ги изненади сите и да воведе заден екран кај моделите Xiaomi 17 Pro и 17 Pro Max, сличен ...
Огромно парче запален отпад откриено во пустината Пилбара во Западна Австралија најверојатно е вселенски отпад што повторно влегол во атмосферата на Земјата, соопшти локалната полиција. Мистериозниот објект го откриле рудари на 18 октомври на оддалечен пристапен пат, околу 30 километри од рударскиот град Њуман, по што веднаш повикале служби за итни случаи, објавува Science Alert. Покрената е истрага во која учествуваат полицијата, ...
Отворивме прозорец во претходно скриена фаза од развојот, рече главниот автор и биоинженер Samuel Ojosnegros од IBC. Иако науката досега огромно напредувала, еден дел од човечкиот живот остана скриен. Научниците знаат како се случува оплодувањето и што се случува со оплодената клетка потоа. Но, сега, за прв пат, тие имаат специфични видео снимки од самиот момент на имплантација на човечки ембрион. Нов систем развиен од научници во Институтот ...
Научниците предупредуваат во новата студија дека прекумерното пумпање на подземните води претставува закана за животот на сите континенти на Земјата освен на поларните. Губењето на свежа вода сега го забрзува зголемувањето на нивото на морето повеќе од топењето на мразот, предупредува најновото истражување. Светските океани се зголемуваат не само поради топењето на ледените покривки, туку сè повеќе поради губењето на свежа вода од копното. ...
Големите сили имаат големи амбиции, а еден голем настан би можел да покаже кој е најдоминантната глобална сила. Според претходните амбициозни американски планови, астронаутите требало да одат по површината на Месечината минатата година, но по одложувањето на мисијата и бројните предизвици со кои се соочи NASA, прашањето е кога можеме да очекуваме враќање на луѓето на Земјиниот сателит. Доколку продолжат различните проблеми со кои се соочува ...
Познатиот серијал за стратегии за градење градови, Anno, уште еднаш ви се заканува со враќање кон историските корени, овојпат со Аnno 117: Pax Romana. Развивана од Ubisoft Mainz, студиото одговорно за успешниот Anno 1800, овој дел ве носи во најраната ера досега – зенитот на Римската Империја. Се очекува насловот да излезе на 13 ноември, но дали ќе успее да ги задоволи тврдокорните фанови и да ја еволуира основната формула на серијалот? ...
Корисниците на одредени OnePlus смартфони веќе од овој месец ќе почнат да го добиваат ажурирањето на новиот OxygenOS 16, кој меѓу другото, носи повеќе AI функционалности и подобрена флуидност на целото корисничко интерфејс. OnePlus официјално го претстави OxygenOS 16, новата верзија на својот оперативен систем базиран на Android 16, кој става акцент на вештачката интелигенција, подобрена флуидност, поширока поврзаност меѓу уредите и поголема ...
„BMW“ официјално влезе во својата ера „Neue Klasse“ откако го претстави „iX3“ на Саемот за автомобили во Минхен минатиот месец. Електричниот „SUV“ не само што означува почеток на нова ера за пошироката гама на модели на „BMW“, туку ги има и сите предуслови да стане еден од најбараните автомобили на самиот пазар. Помалку од два месеци по неговото претставување во Минхен, раководителот на продажба на „BMW Group“ во Германија, Кристијан Ах, ...
Двајцата браќа од Охрид, Боби и Жанко Мојсовски, од македонското студио MystiveDev, најпознато по креирање на фантастични хорор игри, официјално најавија дека работат на нивната нова и шеста по ред игра. Овој пат се работи за ретро хорор сурвајвл играта „Saint of Chains“. По големите успеси што ги имаа уште од 2021 година со Alan Sharp, Wipe: Toilet Plague, Santa Fell in the Wrong House, Mirror Forge (во соработка со Холивудскиот издавач – ...
Меѓу најпосакуваните дестинации за дигитални номади оваа година се издвојуваат Малезија и Индија. За разлика од претходните години, кога во фокусот беа Португалија и Шпанија, вистинско изненадување сега претставува Унгарија, која се наметна како поволна европска локација за "remote" работа. Доколку сакате да живеете живот на дигитален номад, истражувањата покажуваат дека неколку фактори можат значително да влијаат на вашиот избор. Меѓу нив ...
Нова функција со вештачка интелигенција во апликацијата Facebook предизвика загриженост за приватноста, бидејќи може да ги скенира сите фотографии и видеа на телефонот на корисникот и да ги користи за обучување на AI моделите. Meta, во рамките на Facebook, лансираше нова функција со вештачка интелигенција која, со наводна дозвола од корисникот, може автоматски да ги скенира сите фотографии и видео-снимки на телефонот – дури и оние што никогаш ...
Comfy Girl: Lofi Companion – Дигитално прибежиште за релаксација Во случај да барате да навлезете во мирен простор за релаксација, Comfy Girl: Lofi Companion е дизајнирана да биде ваш придружник во секојдневните активности, без разлика дали работите, учите или едноставно ви е потребен момент за одмор. Comfy Girl: Lofi Companion има за задача да ви дозволи да создадете пријатен и персонализиран виртуелен простор. Па така, веднаш започнувате со ...
Компанијата EA имаше исклучително бурен месец – а бројките зборуваат сами за себе. Пред неколку недели, компанијата потврди договор за приватизација од 55 милијарди долари, а сега е објавено дека Battlefield 6 продала повеќе од 7 милиони примероци во првите три дена од објавувањето. За време на празничниот викенд, Battlefield 6 забележа повеќе од 172 милиони онлајн натпревари, додека играчите гледаа повеќе од 15 милиони часа содржина на ...
Американци го развија првиот борбен робот во светот со моќно микробраново оружје што може да уништи цели флоти дронови за секунди Американската компанија Epiirus, во соработка со производителот на воена техника General Dynamics Land Systems (GDLS), ја претстави новата револуционерна борбена машина – Леонидас. Ова е првиот роботски комплекс на светот опремен со напредно микробраново оружје, создаден специјално за борба против современите ...
Последниве години, Samsung ја претставуваше својата премиум серија телефони Galaxy S во јануари, но изгледа дека тоа ќе се промени. Според нови гласини од Јужна Кореја, Samsung планира да го одложи претставувањето на својата претстојна серија флегшип модели. Наместо во вообичаениот јануарски термин на кој сме навикнати во изминатите години, Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra треба да бидат претставени дури во март 2026 година. Како причина за ...
„Google Wallet“ добива нова функција која им овозможува на корисниците поедноставно користење на нивните дигитални пропусници, картички за лојалност, билети за настани или пропусници за јавен превоз. Сега секој корисник може да додаде прекар на своите дигитални картички, што го олеснува нивното препознавање. Функцијата, која првично беше најавена во април, сега е достапна за сите. За да се додаде прекар, треба да се отвори избраната ...
Швајцарската лабораторија Empa, во соработка со партнери од Цирих и Холандија, развива проѕирен самолеплив имплант на рожница изработен со 3D печатење Како и стаклото на прозорец, проѕирната рожница е најоддалечениот слој на ткиво што ги штити нашите очи. Ако ова ткиво, дебело од 500 до 600 микрометри, се оштети поради инфекции, повреди или малформации, може да дојде до нарушување на видот или дури и до слепило. Од последиците на оштетување ...