Ферибот полн со патници се судри со товарен брод во пристаништето на Крит ! Камерите го забележаа моментот кога патничкиот ферибот „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К.“ се судрија во пристаништето Суда. Во моментот на несреќата, фериботот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристигнување во пристаништето. ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече потенцијалните кандидати на студентската изборна листа „некомпетентни паразити на државни јасли“, по што студентите му одговорија со иронична порака: „Но, претседателе… не сте на листата“. Политичката пресметка започна откако медиуми блиски до власта во Србија објавија список со околу 250 имиња на јавни личности, за кои тврдат дека би можеле да бидат кандидати на листата поддржана од ...

Mинистерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто. Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната. Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат поставени ...

Грција започна јавна кампања насочена кон македонските граѓани кои имаат грчко потекло и би можеле да ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство. Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина, стои во јавната објава на Амбасадата на Грција во Скопје. Во објавата се посочува дека граѓаните можат да најдат информации за условите, потребната документација и основните чекори за аплицирање за грчко ...

Полицијата во словенечкиот град Копер започна обемна потрага во крајбрежната област, откако непознати сторители инсценирале филмски грабеж на возило за транспорт на пари во Изола, пренесува 24Ур. Пријавата за грабеж била примена во 13:45 часот, кога е јавено дека од пред продавница во Изола неодредена количина готовина е украдена од специјализирано возило. Полицијата веднаш реагирала и го кренала нивото на тревога на максимум. Веднаш биле ...

Силна бура проследена со град го погоди Ровињ и неговата околина кратко по 9 часот утрово. „Паѓаа ледени камења. Јавуваат дека има и полесно повредени граѓани. Не се сеќаваме на толку голем град во Истра“, објави ИстраМет. Бројни жители на Ровињ и Ровињско Село испратија фотографии на кои се гледа дека градот бил со големина на орев на некои места. Некои велат дека не се сеќаваат дека некогаш виделе да паѓа мраз со оваа големина, пренесе ...

Словенечката полиција го уапси 39-годишен државјанин на Босна и Херцеговина осомничен дека ја избодел до смрт својата 36-годишна партнерка во Вухред. Тој бил пронајден кратко пред полноќ во близина на местото на убиството и не се спротивставил на апсењето. Словенечкиот портал Žurnal24 објави, повикувајќи се на неофицијални, но, како што тврди, проверени информации, дека станува збор за Амир Узуновиќ. Полицијата официјално не го објави ...

Додека илјадници туристи уживаат на грчките плажи, крадците ги користат метежот и моментите на невнимание. Грчката полиција соопшти дека уапсила две лица осомничени за повеќе обивања на возила на популарни туристички локации. Уапсени осомничени за серија обивања автомобили Како што објави порталот Grčka info, грчката полиција уапсила двајца мажи кои се сомневаат дека во периодот од 26 јуни до 14 јули обивале паркирани автомобили во ...

Пристапниот пакет за Црна Гора би требало да постави модел за финансирање на идните проширувања на Европската Унија, што дополнително ги компликува веќе напрегнатите расправи за следниот долгорочен буџет. Европската комисија минатиот месец го претстави финансискиот пакет за пристапувањето на Црна Гора, која моментално го предводи процесот меѓу земјите кандидатки. Економскиот трошок за влезот на таа држава од Западен Балкан со околу 626.000 ...

Познат е идентитетот, а објавени се и фотографии од тројцата загинати на патот кај граничниот премин Блаце. Тие загинаа откако нивното возило “мерцедес“ излетало од патот. Се работи за 56-годишната Ф.Ш.Т. од Косово, нејзиниот брат – У.Т. (64) од Косово и неговата сопруга 54-годишната Џ.К. од Турција. Нив за исчезнати откако претходно неможел да стапи во контакт, во полицијата, ги пријавил сопругот на Ф.Ш.Т., 56-годишниот М.Ш. од Косово. Тие ...

Топлотниот бран ова лето во Грција денеска го достигува врвот со очекувани температурите до 40 степени Целзиусови во некои области, покажуваат временските прогнози. Највисоки температури се очекуваат во Централна Македонија, регионот Агринио, тесалиската рамнина, Централна Грција и Пелопонез, додека островите исто така ќе бидат многу жешки. Меѓу градовите каде што се очекуваат особено високи температури се Атина, Ламија, Солун и Триполи. ...

Иако ударите од молњи во луѓе се ретки, тие можат да имаат смртоносни последици. Затоа, лекарите советуваат одговорно однесување за време на грмотевици, пишува хрватски „Дневник“. Силвија Тотар од Загрепскиот наставен институт за итна медицина објасни како да се пружи прва помош. „Доколку некое лице е во несвест, треба да се постави во странична положба. Доколку бурата и грмотевиците сè уште траат, треба загрозеното лице да се премести на ...

Полицијата, планинска служба за спасување и Црвениот крст на Хрватска спроведуваат обемна потрага по тројцата мажи кои исчезнаа во неделата во областа на реката Сава кај Ругвица. Во акцијата се вклучени беспилотни летала, пловила, а потрагата се одвива по бреговите на реката. Сè уште нема траги од исчезнатите мажи. Нивните лични документи се пронајдени во близина на брегот на реката Сава, што дополнително ја насочи потрагата кон таа област, ...

М.В.(29) од Аранѓеловац е уапсена под сомнение дека избодела маж (56), потврди за РТС Вишото јавно обвинителство во Крагуевац. Според неофицијални информации, станува збор за емотивни партнери. Како што се дознава, осомничената наводно го прободела двапати со нож во пределот на левата страна од градниот кош. Осомничената за кривично дело обид за убиство е приведена до 48 часа. Таа ќе биде приведена во Вишото јавно обвинителство во Крагуевац ...

Најпродаваните коли во Грција во првата половина на 2026 година покажуваат дека купувачите сè повеќе избираат мали теренци и хибридни автомобили. На врвот убедливо се најде „Тојота јарис крос“, пред „Пежо 2008“ и стандардниот „Тојота јарис“. Во првите шест месеци од годината во Грција биле регистрирани 83.869 нови патнички автомобили, што претставува раст од 7,4 отсто во споредба со истиот период во 2025 година. „Тојота јарис крос“ го освои ...

Агенцијата за надзор на работата на албанската полиција (АМП) објави дека во првата половина од годинава, 24 полицајци биле отпуштени од редовите на државната полиција, додека до Обвинителството за разни кривични дела се упатени досиејата за 232 полицајци и двајца вработени во Националната гарда. -Во текот на првата половина од годинава, 9 полицајци, еден службеник од гардата и еден вработен во противпожарната и спасувачка служба беа уапсени ...

Ниското ниво на водата во Дунав во близина на Опатовац, град помеѓу Вуковар и Илок, откри остатоци од брод за кој се верува дека потонал пред околу 90 години, објави општина Ловас на својата Фејсбук страница. Според градоначалничката на општина Ловас, Леа Видиќ, историјата „буквално се појавила од Дунав“, поради што општината објави фотографии на својата официјална веб-страница и ги покани локалните жители, историчарите и секој што има ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави поддршка за државјаните на Србија кои сакаат да се вратат од странство и повторно да живеат и работат во земјата, пренесе Н1.рс. Тој нагласи дека државата ќе подготви програма за субвенции и поддршка за граѓаните кои живеат во странство, а сакаат да се вратат во Србија. Вучиќ вели дека најчесто се враќаат пензионери, но дека има и помлади семејства кои размислуваат за враќање. Според него, целта е ...

Силно невреме попладнево ја погоди југозападна Србија, а многу голем град падна во близина на Пријепоље. Како што е наведено на Инстаграм страницата на Метео Србија, ужасно силна бура го погоди југозападот на Србија. Голем град кој достигнува дијаметар од над 5 сантиметри е снимен во близина на селото Звијезд, во близина на граничниот премин Јабука. Апокалиптични снимки се снимени во близина на Пријепоље, градот уништи посеви и оштети ...

Утринава, за време на невреме што зафати делови од Кварнер, гром удри жена на островот Крк во Хрватска. Жената е пренесена во Клиничкиот болнички центар (КБЦ) во Риека и е сместена на одделот за интензивна нега, потврдија од таа здравствена установа. Како што се дознава, несреќата се случила околу 7:10 часот наутро на плажата во Башка. Громот ја удрил додека таа носела чадор, а прва помош ѝ пружил спасувач на плажата, по што со хеликоптер на ...

Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, зборуваше за прелиминарните наоди од истрагата, откако Љубиша Карановиќ речиси беше вовлечен низ скршен прозорец на „Рајанер“. Според него, прелиминарните наоди од истрагата укажуваат на „оштетување од туѓ предмет“ (FOD), што значи дека моторот бил оштетен од предмет што не е дел од авионот. Во пракса, може да биде птица, камен или чакал од пистата, парче метал, алатка оставена на пистата, дел од ...

Претседателот на Унијата на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, изјави дека Европската Унија е подготвена војната во Украина да трае „до последниот Украинец“ и дека, затоа, конфликтот нема да заврши наскоро. Во соопштението, Додик потврди дека ЕУ се обидува да ги постигне своите цели и интереси „со животите и крвта на другите“. „Војната се води само на територијата на Украина, но во суштина тоа е борба на Европската Унија да ја ...

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Прокупље го уапсиле 43 годишниот германски државјанин В. Н., поради сомнение дека предизвикал тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Несреќата се случила на државен пат во општина Куршумлија, кога возилото со кое управувал осомничениот преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во автомобил управуван од 59 годишен маж. По ударот, автомобилот на жртвата се одбил и удрил во ...

Необичен инцидент се случил вчера утрото пред портата на црквата „Свети Пророк Илија“ во Неохори, во грчкиот регион Кардица, кога жестока расправија помеѓу селскиот свештеник и претседателот на месната заедница, прераснала во физичка пресметка со тупаници. Претседателот на месната заедница завршил во болница, а потоа следеле меѓусебни кривични пријави и апсења, објави Алитиа њуз. Според порталот, во притвор е и друг жител на селото, ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека исплатата на новиот пакет државна финансиска помош ќе започне од 1 септември, а средствата ќе бидат префрлени на сметките на пензионерите, борците и другите категории граѓани. При посетата на Лапово, Вучиќ изјави дека исплатите ќе започнат за околу месец и половина и изрази уверување дека граѓаните ќе бидат задоволни од мерките што ги подготвила државата. Новиот пакет беше претставен кон ...

Инцидентот се случил во фабриката „Хипол“, а според првичните информации, работниците поминале со полесни повреди. Во фабриката „Хипол“ во Оџаци вчера околу 18 часот дошло до експлозија во која се повредени тројца работници, дознава српски „Блиц“. Како што пренесуваат медиумите од неофицијални извори, работниците во експлозијата се стекнале со лесни телесни повреди. Истрагата за причините кои довеле до овој инцидент е во тек. Инцидентот се ...

Бугарија ќе побара одобрение од парламентот за сместување на до осум американски авиони-цистерни во воената база Безмер, изјави денеска премиерот Румен Радев, откако претходниот план за нивно поставување на цивилен аеродром предизвика контроверзии. Владата до парламентот ќе го упати барањето на Вашингтон за стационирање на авионите во воениот објект Безмер со цел да се поддржат операциите на американската војска на Блискиот Исток, рече Радев ...

Кога се поставува темата за одмори и туризам во Грција, јавноста обично ги споменува милионите посетители кои доаѓаат од големите западноевропски пазари, како што се Германија, Велика Британија или Франција. Сепак, официјалните податоци и анализата на пазарот откриваат дека со години друга група туристи го има статусот меѓу најлојалните и економски најважни посетители на оваа медитеранска земја - а тоа се граѓаните на Србија. Колку пари ...

Само неколку недели откако замина и последниот авион-танкер од аеродромот во Софија, Бугарија, САД побарале дозвола неколку нивни авиони повторно да се стационираат во бугарските воздухопловни пристаништа „Денес, со одлука на Советот на министри, ќе му предложиме на Народното собрание да дозволи присуство на американски авиони-танкери на аеродромот Безмер“, изјави премиерот Румен Радев, пренесоа бугарските медиуми Премиерот објави дека САД ...

На Црна Гора денеска ѝ се исплатени околу 3,4 милиони евра од средствата на Европската Унија во рамките на програмата за секторска буџетска поддршка за реформа на јавната администрација и управувањето со јавните финансии, соопштија од Министерството за финансии и Министерството за јавна администрација на Црна Гора. Како што се наведува, исплатата на првата варијабилна транша следуваше откако Министерството за јавна администрација, ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76