Струга, 10 мај 2025 (МИА) - Драмското студио „Миладин“ утревечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Белото циганче“ од Видое Подгорец, во режија и драматизација на Ристе Миладин. Белото Циганче - Таруно го игра Максим Тодоровски, во улогата на Баба Мулон е Даниел Спироски, Хенза ја толкува Бранкица Петкоска, Насиха е Мила Бајческа, Рапуш го игра Милан Блажески.... Приказната, според ...

Четкар таму ќе се претстави со својата авторска музика на главната сцена на која ќе настапат некој од најзвучните светски џез имиња од поновата и старата генерација како Ричард Бона, Јулиан Лаге, Тигран Хамасјан и други. Ова ќе биде втор пат како Четкар настапува на Јарасум Џез Фестивалот, а покрај овој фестивал тој ќе одржи уште два концерти во Јужна Кореја од кој на 6 Октомври во водечкиот џез клуб во Сеул, а на 8 Октомври во центарот за ...

Битолскиот камерен оркестар, диџеј Шилер и повеќе македонски музички поп-рок ѕвезди се подготвени за четири часовен концертен спектакл кој на 20 мај ќе се одржи во скопската арена „Борис Трајковски“. Во пресрет на концертот, диригентот на битолскиот Камерен оркестар Владимир Димовски изјави дека очекува полна сала во Скопје, исто како што минатата година беше полн градскиот стадион во Битола. Старс симфони (Star’s Symphony) е проект, ...

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектура, со проектот „Страда бруталисима“ е вброен меѓу десетте најдобри павилјони и павилјони кои не смеат да се пропуштат на годинешната 19. меѓународна изложба, во списанието „Артрибуне“, соопшти Националната галерија на Македонија (НГМ), кој е носител на проектот. Станува збор за онлајн списание, кое има и бесплатна печатена верзија во 55 илјади примероци. Списанието е од областа на ...

„Начинот на Чипан“ – изложба, панел-дискусија, промоција на публикација 11.05.2025 • Изложби Фотографии: Раде Гогоски, Мила Гавриловска, Зоран Вељаноски На 3.5.2025 год. во 18 часот со настанот „Начинот на Чипан“ беа одбележани јубилеите – 70 години од изградбата на објектот на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ од Борис Чипан со настанот „Начинот на Чипан“. Настанот се одржа во ...

Чарна Невзати со впечатлива креација блесна на отворањето на 72-рото издание на Мис на светот. Македонската претставничка изгледаше сензационално на церемонијата која се одржа во Хајдерабад, Телангана. Плисираната омбре керација со боите на македонското знаме беше надополнета со раскошен цветен додаток на главата. Фустанот е со потпис на Fouad Sarkis. „Почестена сум што ја носев оваа прекрасна креација од Fouad Sarkis, благодарам што направи да ...

Македонската асоцијација на издавачи оваа година по вторпат ја организира Фелоушип-програмата на МАИ за време на Саемот на книгата. Во рамки на неа, ќе биде организирана и панел-дискусија на тема: Како изгледаат македонското издаваштво и македонската книжевност гледани однадвор? Панелот ќе се одржи денес, во 16:00 часот, во Промо центар на Саемот на книгата. Учесници во дискусијата ќе бидат учесниците на Фелоушип-програмата на МАИ и еден ...

На регионалниот натпревар по хемија, двајца ученици на ОСУ „Св. Климент Охридски“, освоија први места со што се пласираа на државниот натпревар. Никола Танески од 1 година под менторство на Јасминка Иваноска го освои првото место, а прво место освои и Митко Савев од 4 година чиј ментор е Билјана Толевска Стевоска. Им честитаме на учениците и на менторите и им посакуваме многу успех на државниот натпревар, стои во објавата на охридската ...

Putan Club повторно во Скопје. По нивниот незаборавен лански концерт, еве уште една ретка можност да се доживее оваа атипична реалност на светскиот музички андерграунд. Екстремен пример за бестрашен отпор кон нашите апатични времиња. Концертот ќе се одржи вечерва, во Ла Кања, со почеток во 21:00 часот. Putan Club (Франција/Италија) е ентитет посветен на вечно движење, способен да помине илјадници километри низ светот и да отсвири 150 концерти ...

Завчера, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола доби вредна донација на книги од домашната библиотека на истакнатиот археолог и научен советник д-р Томе Јанакиевски (1938–2004). Донацијата ја оствари неговиот внук, Томислав Јанакиевски, кој во знак на сеќавање и почит кон делото на својот дедо, ни ги довери овие значајни дела. По тој повод, директорката на библиотеката, м-р Емилија Стефановска Давкова, му врачи благодарница за подарените книги. ...

Во понеделник, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи пијано дуото „Променада“ во кое свират пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска. На програмата се дела од Менделсон, Рахмањинов, M. Тајчевич/Б. Светиев и Равел. Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 година во Битола. Во 2000 дипломира, а во 2003 и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по пијано, во класата на проф. ...

Денес, со почеток во 14:00 часот, на штандот на ТРИ ќе се одржи саемската промоција на збирката поезија „Слепо сонце“ од Ванчо Накев. Слепо сонце укажува на една сериозна „пукнатина“ во „совршеноста“ на светот. Ако и светлината е „слепа“, имаме сосема малку рационални причини да веруваме дека ова е „најдобриот од сите можни светови“, како што тврдеше Лајбниц… Оваа поезија трепери меѓу тие два пола: дали среќата и несреќата имаат воопшто смисла? ...

На 13 мај (вторник), со почеток во 18 часот, на саемскиот штанд на „Три“ читателите ќе имаат можност да добијат потпис и да се сретнат со македонската писателка Румена Бужаровска. Со над 2 000 продадени примероци, третото издание на „Тони“, првиот роман на Бужаровска, излезе свежо од печат пред Саемот на книга. „Реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите – дојдете на дружба со домашната проза што ја освои Европа и наскоро ќе ...

По големиот интерес и успех на првата промотивна тура, со задоволство ве покануваме на нова прошетка низ архитектонското творештво на Иван Артемушкин – овојпат во пролетна атмосфера. Настанот има за цел да го доближи до јавноста проектот и публикацијата „Артемушкин и Скопје“, дело на авторите Мартин Ефремовски и Ноеми Чаусидис. Турата ќе се одржи денес, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк. Прошетката е ...

Во Народен театар – Битола започнаа пробите за петтата премиера во овој театар за оваа година. Се работи за „Едмонд“ по текст на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски. Во претставата играат: Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска Јанкуловска и Маја Андоновска Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, ...

Денеска во Градски парк на Школка со почеток во 11 часот, ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на Аутизам ААМК, што е шести по ред инклузивен настан од ваков вид од 2018 година, соопштија организаторите. -Како и претходните така и овојпат повторно тоа ќе биде една голема игротека со многу разновидни игри, работилници, ...

Книгите на Венко Андоновски се македонски современи класики. И додека тој пишува дека „книгата ја напишал човек, а човекот го пишува неговата душа“, факт е дека делата на Андоновски ја менуваат температурата на душата, како што овој автор си поигрува со температурата на текстот. Денес, со почеток од 13 часот, на саемскиот штанд на ТРИ посетителите ќе имаат можност да добијат потпис и да се сретнат со еден од најцитираните и најпопуларни домашни ...

5 книги без кои не треба да си заминете од Саемот на книга 2025 За сите вљубеници во пишаниот збор, остануваат уште неколку дена до затворањето на Саемот на книгата 2025 каде на едно место, меѓу десетиците издавачи, секој ќе најде по нешто за себе. А кои книги не смеете да ги пропуштите (и треба да ги има во вашата домашна библиотека)? Саемот за книга во Скопје, кој традиционално се одржува секоја година, годинава ќе биде отворен од 8 до 14 ...

Во среда во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на охридскиот уметник Сашо Блажес со наслов „Нурни во мене“. „После моите самостојни изложби во Париз и Венеција минатата година на покана и замисла на кустосите Гордана Велков и Маја Чанкуловска како и директорот на Музеј на Град Скопје г-дин Панче Велков си зададов задача да творам на една нова изложба, која го носи насловот ”Нурни во мене”. Куратор на изложбата е Гордана ...

Во рамките на мајскиот циклус НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ Кинотеката на Македонија со гордост ќе угости двe извонредни имиња од современата полска документаристика – режисерот Куба Микурда и визуелната уметница и филмска монтажерка Лаура Павела. Лаура Павела е визуелна уметница, скулпторка и монтажерка со богато искуство во областа на уметничкиот и документарниот филм. Таа е авторка на бројни изложби во Полска и светот, и предавачка на предметот ...

Од денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да ги побарате следните пет нови наслови од издавачот „Книгохоличари“: „Од сирак до ѕвезда“ од Мерлин Монро, „Првата жена фараон“ од Полин Геџ, „Француската куртизана“ од А. Г. Морган, „Љубовно писмо до виски“ од Кенди Стајнор и „Мајски рози“ од Дот Хачинсон. Зачленувањето во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари за една година. Библиотеката со читатели овој летен ...

Галоски со успешна интернационална турнеја и ново издание на издавачката куќа на Dimitri Vegas & Like Mike Македонскиот DJ и продуцент Галоски продолжува со својот успешен поход на светската музичка сцена, реализирајќи значајна интернационална турнеја низ Азија и Европа. Во текот на последниот период, Галоски имаше успешни настапи во престижни клубови во Tokyo, Bangkok и Pattaya, каде ја освои публиката со својот уникатен и динамичен ...

Делчево, 10 мај 2025 (МИА) - Здружението на роднокрајни автори „Пијанечки Глас“ од Делчево во соработка со Националната установа „Никола Јонков Вапцаров“ синоќа во фоајето на Спомен домот АСНОМ, организираа промоција на монографијата за Косово Дабје од авторот Крум Николовски. Подготовката на монографијата траела 23 години, бидејки авторот располагал со многу малку податоци за да се напише една монографија. -Монографија било тешко да се пишува, ...

Дваесет и четири дела од Мена Спировска (1928-2011), првата македонска академски образована сликарка, на 13 мај ќе се изложат во Културно информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Загреб (19 часот). Изложбата е насловена „Визуелна фасцинација со Загреб“, а е иницијатива на Музејот за уметности и занаети од Загреб во соработка со македонскиот КИЦ во Хрватска. Изложбата е во рамки на одбележувањето на 145-годишнината на загрепскиот музеј. „Како ...

На Фронтлајн, во сабота, го претставуваме романот „Кругови“ издание: „Или-Или“ на авторката Тина Иванова. Ова е современа книга – новела која обработува неколку ликови коишто живеат надреален живот, меѓутоа чие поведение, е поттикнато од објективните општествени, политички и социо-културни случувања. Нејзината кружна симболика потекнува од ликовите коишто тргнуваат од едно место и повторно се враќаат на истото тоа место, без притоа да ја ...

Борби со личните демони- Марија Шерифовиќ: Патот на успехот, борбите и трансформацијата Објавена во: 10 Мај, 2025 14:00 Марија Шерифовиќ, една од најпопуларните и најпризнатите пејачки на Балканот, ја дефинираше музичката сцена со својот моќен глас, искреност и храброст да биде себе. Со години на сцената, таа стана симбол на искрената уметност, но и на личните битки, трансформации и размислувања. Истовремено, Марија го освои срцето на ...

Book Buddy (Книжевен пријател) е името на новата дигитална алатка на издавачката куќа „Антолог“ која е замислена како платформа преку која на книгите ќе им се даде можност да живеат многу животи, а на читателите да имаат побогат социјален пристап до сродните луѓе и да добијат поголема достапност до книжевните дела објавени во различни временски периоди. „Секој од нас има некој пријател со кој разменува или позајмува книги, а сега постои соврешен ...

Terra Viva, интернационалната платформа за организирање на меѓународни конкурси за архитектура, го распиша вториот конкурс со фокус на Охрид. Овој пат станува збор за античкиот театар сместен во срцето на стариот град, за кој е нагласено дека станува збор за светско културно наследство заштитено од UNESCO. За најдобрите решенија предвидени се три главни награди (5000+2000+1000 евра) и дополнителни признанија, што е пракса за сите повици на Terra ...

Во време на глобална неизвесност, техно-феудализам и екстремни општествени поделби, колективот јапан@мк организира уникатен настан под наслов „Киберпанк: Надежта е револуција – Како да преживееш апокалипса“. Настанот ќе се одржи во Лабораториум, Скопје, на 10 мај 2025 година, со почеток во 20:00 часот. „Настанот е концептуализиран како перформанс во живо, кој ќе ги вовлече посетителите во симулирана база на отпорот во постапокалиптична реалност. ...

Денес, во Гевгелија ќе се одржи Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Гевгелиска везилка“. Со почеток во 19:30 часот, сцената на Народниот театар- Гевгелија ќе биде обоена со богатството на народната традиција, музика и игра, претставени низ чекорите и насмевките на детските фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од државата и соседството. На Фестивалот ќе настапат: домаќините Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија, КУД „Илинден“- Струга, КУД ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
82%
1014
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
80%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
0.0
76%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.74
71%
1014
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
91%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
65%
1008
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
46%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.24
82%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
70%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
73%
1010
Currency

61.56

Currency

53.3066

Currency

71.1701

Currency

34.6055

Currency

38.6599

Currency

66.1266

Currency

7.42752

Currency

0.65049

Currency

0.35977

Currency

0.52492

Currency

1.31354

Currency

0.60958

Алуминиум

2.71

Иридиум

148831.87

Кобалт

42.99

Никел

14940.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.77

Сребро

1224.45

Злато

107116.67

Бакар

11.28

Паладиум

40574.24

Платина

45476.29

Родиум

225858.99

Цинк

2.79