Туристичките дестинации на југот на Европа се уште се попристапни за германските туристи отколку во нивната земја во однос на цените за угостителство и хотели, при што Хрватска е само малку попристапна од Германија, според статистиката објавена денес. Од податоците на Федералниот завод за статистика во Висбаден, се чини дека гастрономските и хотелските услуги во Хрватска се девет проценти поповолни отколку во Германија, додека повеќето други ...

Добивај вести на Viber Продуктивноста на трудот во Европската Унија(EУ) расте со бавно темпо, а Данска е предводник. Продуктивноста на трудот во Европската Унија забележа мал раст од 0,1 процент во првиот квартал од 2026 година во споредба со истиот период минатата година, додека Данска има најбрз раст од сите членки на ЕУ, според најновите податоци на Евростат. Овој минимален скок е регистриран и преку пресметката на бројот на вработени и ...

Добивај вести на Viber Од почетокот на оваа година, неизвесноста што владее на енергетскиот пазар поради блокадата на Ормутскиот теснец и проблемите во транспортот на суровините потребни за производство на градежни материјали ги покачи цените на одредени градежни материјали и до 30 проценти. И токму од причината што производителите го оправдуваат зголемувањето на цената на одредени материјали со цените на нафтените деривати, цените на ...

Добивај вести на Viber Анкетата „Што прават успешните компании во Србија?“, спроведена меѓу 3.111 вработени и 759 лица кои донесуваат одлуки од 15 индустрии, покажа дека дури 60 проценти од вработените во Србија имаат намера да ја сменат работата во следната година, објави Инфостуд. Оваа информација станува уште поважна кога се забележува јазот помеѓу она што го мислат менаџерите и фактичката состојба кај вработените. Имено, менаџерите во ...

Коосновачот на пропаднатата криптоберза FTX, Сем Банкмен-Фрид, формално поднесе барање за претседателско помилување, повеќе од две години откако беше осуден поради колапсот на неговата некогаш успешна криптоимперија, тежок повеќе милијарди долари. 34-годишниот Банкмен-Фрид поднел барање до Канцеларијата на обвинителот за помилувања при Министерството за правда, според веб-страницата на таа служба. Банкмен-Фрид користеше социјални мрежи и ...

Поради невремето што попладнево го зафати охридско-струшкиот регион, дојде до испад на 110 kV далекувод ТС Охрид – ТС Струга, соопштуваат од МЕПСО. Силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа кинење на проводното јаже на далекуводот. Дефектот настана во период кога, поради редовни технички зафати за замена на оптичко јаже, плански беше исклучен и 110 kV далекуводот ХЕЦ Глобочица – ТС Струга, велат од компанијата. Како последица на тоа, ...

Добивај вести на Viber Финска не беше задоволна од својата географија и историја, па затоа не е изненадувачки што имаше неутрален статус 75 години, сè до избувнувањето на војната во Украина. Во текот на изминатите децении, западната јавностги критикуваше Финците за водење попустлива политика кон Русија, што се претвори во аплауз кога оваа земја одлучи да се приклучи на НАТО во пролетта 2023 година со брзина на светлината. Три години подоцна, ...

Во Охрид денеска беше одржан увид во градежните работи на реконструкцијата и модернизацијата на Аеродромот „Свети Апостол Павле“, а генерален директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, истакна дека проектот се одвива со забележителна динамика. – Денес сме собрани тука од две важни причини. Првата е што рано утрово го пречекавме првиот лет на Виз ер од Вроцлав до Охрид. Летот донесе приближно 200 полски туристи, кои ги пречекавме со ...

Последната верзија на предлогот, која ја претстави кипарското претседателство со ЕУ, уследи по маратонските повеќедневни преговори со Европскиот парламент. Компромисниот предлог го задржува сегашниот праг на доцнење од три часа за добивање обесштетување, кое останува 250 евра за летови до 1.500 километри и 400 евра за летови меѓу 1.500 и 3.500 километри. Од нашата мрежа Работодавците имаат проблеми со вработувањето државјани од трети земји ...

Владата е пред чекор на решение самата да го гради проектот Чебрен и Галиште. Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека оваа стратешка одлука ќе ја донесат после разговорите со раководството на ЕСМ. Вели дека се блиску до одлуката да не се бара приватен партнер, а проектот ќе биде од стратешко значење биддејќи како што рече во регионот недостигаат два резервоари со питка вода, нешто што би се реализирало со проектот. ...

Растот на инфлацијата не запира. Државните статистичари измерија зголемување за 4,8 отсто на трошоците на живот во месец мај во споредба со изстиот месец лани. Податоците од најновиот извештај покажуваат дека во анализираниот период најмногу се зголемиле трошоците за транспорт на граѓаните и тоа за 11 отсто, веднаш зад нив се зголемените трошоци за набавка на пијалаци 9,8 отсто, алкохолните 9,3 а безалкохолните 4,7 отсто. Пресметките на ...

Војната на Блискиот Исток ги зголеми трошоците за увоз на енергија во Европската унија за 47 милијарди евра во изминатите 100 дена, изјави денес портпаролката на Комисијата, Ева Хрничорова. „Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во изминатите 100 дена. Тоа е цената што ја плаќаме без да увезуваме ниту една капка енергија повеќе“, рече Хрничорова. Таа додаде дека немало прекин во снабдувањето со ...

Непосредно пред зори на 17. јануари, кинески воен дрон за прв пат влезе во тајванскиот воздушен простор над спорниот корален гребен во Јужното Кинеско Море. Извидувачкото летало се задржало неколку минути над островот Праташ, додека Тајванците преку меѓународни радио-фреквенции издавале предупредувања да го напушти подрачјето. Кина соопшти дека летот бил дел од „нормална“ мисија за обука. Тајпеј го нарече „провокаторски и неодговорен“. Од ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека целта на Владата е Македонија до крајот на годинава првпат да стане нето-извозник на електрична енергија. Изјавата доаѓа во период кога власта најавува консолидација на ЕСМ, подобро менаџирање на акумулациите, нови инвестиции во обновливи извори и можност за поевтина струја за домаќинствата од 5 до 10 проценти од следната година. „Мислам дека тоа ќе го постигнеме, добро е и што државната ЕСМ се ...

Добивај вести на Viber Бакарот малку поскапи на пазарите на стоки и ги надомести дел од загубите забележани минатата недела, благодарение на зголеменото купување во Кина и континуираните приливи на металот во Соединетите Американски Држави(САД), што ги поддржа изгледите за побарувачката. Цената на бакарот падна за речиси три проценти на Лондонската берза за метали (LME) во петокот, што беше најголемиот дневен пад од средината на март. Ова се ...

Според нивниот извештај, 57,4% од барањата на веб-страниците во рамките на мрежата сега доаѓаат од ботови и агенти на вештачка интелигенција, додека луѓето сочинуваат 42,6% од преостанатиот сообраќај. Овој пресврт главно е поттикнат од наглиот раст на роботите за разговори и автономните дигитални агенти кои пребаруваат на интернет, собираат информации и извршуваат задачи со минимална или никаква човечка интервенција, пишуваат „Ен-би-си њуз“ и ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека голем глобален инвеститор ќе вложи околу 1,5 милијарди евра во неколку различни бизниси во Македонија. Информацијата ја соопшти на денешниот брифинг со новинари во Клубот на пратениците. Наскоро ќе бидат познати повеќе детали Според Мицкоски, за многу кратко време јавно ќе биде објавено името на инвеститорот, како и дејностите во кои ќе бидат насочени инвестициите. Повеќе детали за најавените ...

Се повеќе компании во Македонија ги препознаваат придобивките од примената на ESG стандардите и принципите на одржливост – практики кои придонесуваат за поголема транспарентност, подобра деловно репутација и поголема отпорност на предизвиците со кои се соочува современата економија, беше речено на денешниот бизнис форум за одржливост што го организира Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерството за економија и труд и ...

Поскап транспорт, храна, пијалаци. Статистика измери 4, 8 отсто инфлација во мај годинава во однос на мај лани. Цените на мало пак пораснале за 5, 6 отсто. Од документот на статистичарите може да се види дека за една година речиси се поскапело. Најмногу транспортот, за 11 отсто. Од храната пак ударот е најголем кај месото. Од лани до сега тука цените пораснале за скоро 9 проценти, потоа следи маслото, млекото, јајцата, безалкохолните ...

Компаниите во Велика Британија сè повеќе избираат да вработуваат привремени и повремени работници наместо постојан персонал, покажува извештај објавен денес од KPMG и Британската конфедерација за вработување (REC). Анкета спроведена на 400 британски агенции за вработување покажа остар скок во понудата на привремени работни места во мај. Во исто време е забележан најбрзиот пад на постојаните вработувања во последните десет месеци, објавува ...

Граѓаните од следната година би можеле да плаќаат од 5 до 10 проценти пониска цена на електричната енергија, најави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, Владата во соработка со ЕВН Хоум и државната компанија ЕСМ подготвува ново потрошувачко портфолио кое треба да овозможи поевтина струја преку поголемо користење на електрична енергија произведена од обновливи извори. Како што појасни Мицкоски, Владата ги подготвува сите потребни анализи ...

Добивај вести на Viber Халкбанк ја доби наградата за одржлив развој во категоријата „Животна средина“, за проекти и иницијативи во областа на климатската акција и зачувувањето на природата, која ја доделуваат Министерството за економија и Клубот на одговорни бизниси - Конект. Признанието е доделено за иницијативата „Милион садници“, еден од најзначајните проекти во рамките на платформата ХалкЕко, преку која банката веќе години наназад ...

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши редовната консултација со Република Северна Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Во својата оцена, директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за забавување на ...

Советот на ЕУ денеска ја усвои уредбата со која се воспоставува нова рамка за заштита на пазарот на челик во Унијата од негативните влијанија на глобалните прекумерни капацитети во овој сектор. Со уредбата, која ќе започне да се применува од 1 јули, се воведуваат ревидирани царини и квоти. Новата рамка е предвидена со Акцискиот план за челик и метали од 2025 година, а новите правила ќе ги заменат оние што истекуваат на 30 јуни, со што ќе се ...

Во текот на април од Македонија биле извезени 335 илјади тони стоки во вредност од 784 милиони евра. Вредноста на извозот во април бележи раст од 16,3% во споредба со истиот месец лани, додека извезените количини се зголемени за 9,1%. Во истиот период, увозот изнесувал 1,16 милијарди евра, што претставува раст од 21,7% во однос на април минатата година. Покриеноста на увозот со извозот во април изнесувала 67,6%, што е намалување во споредба ...

Владата прави потрошувачко портфолио, кое што треба го услогласи со дистрибутерот ЕВН Хоум и со државниот производител ЕСМ и оваа или следната недела ќе имаат заеднички работен состанок, а со што би се обезбедила просечна цена на струјата од 5 до 10 отсто поевтина од сегашната, најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување на обновливи извори на енергија и како можат ...

Халкбанк ги повикува пензионерите да ги искористат придобивките од ПЕНЗИ пакетот, кој нуди повеќе банкарски услуги и дополнителни поволности за полесно секојдневие. Со пакетот, корисниците добиваат исплата на пензијата пред првиот ден во месецот, можност за подигнување готовина од сите банкомати во земјава, како и пристап до низа услуги наменети за нивните секојдневни потреби. Дополнително, сите новопријавени корисници на ПЕНЗИ пакетот ...

Народната банка четврта година по ред обезбедува поддршка за македонските ученици кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада. Годинашната Деветта меѓународна економска олимпијада ќе се одржи од 12 до 20 јули 2026 година во Шенжен, Народна Република Кина. Во рамки на подготовките, учениците посетуваа стручни предавања и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството организирани од ...

Слушај ја веста Шеќерот поскап за 7,5 проценти, пченицата за 7,8 отсто. Светските цени на основните прехранбени производи повторно се движат нагоре, при што најголем раст покрај шеќерот и пченицата има кај пченката и оризот – покажуваат најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Аналитичарите предупредуваат дека климатските промени, повисоките цени на енергенсите и растечките производствени ...

Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во следните групи: Транспорт за 1,6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1,0 %, Рекреација, спорт и култура за 0,9 %, Информации и комуникации за 0,7 %, Ресторани и услуги за сместување за 0,5 %, Здравствена заштита, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,1%. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.07
30%
1011
weather icon

Белград

28ᴼ / 28ᴼ
5.11
38%
1015
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.53
37%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.39
94%
1016
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.58
41%
1012
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
50%
1017
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
2.68
36%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.37
52%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
43%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
4.47
38%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
5.98
84%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.9728

Currency

72.4174

Currency

37.5273

Currency

38.0827

Currency

66.7407

Currency

7.96417

Currency

0.70436

Currency

0.33213

Currency

0.52564

Currency

1.14874

Currency

0.56616

Сребро

1924.70

Паладиум

40509.94

Злато

132441.79

Цинк

0.00

Алуминиум

3.15

Иридиум

245953.21

Рутениум

49029.89

Калај

52.82

Кобалт

56.29

Бакар

12.63

Родиум

262028.58

Платина

52244.96