Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Од малото охридско село Велестово до поетските мапи на Европа, „Поетска ноќ во Велестово“ речиси четири децении ја гради својата приказна како фестивал што не сака поезијата да ја затвори во салоните, туку да ја врати таму каде некогаш и започнала – меѓу луѓето, вели во интервју за МИА основачот на фестивалот, поетот, Славе Ѓорѓо Димоски, во пресрет на новото 38. издание на манифестацијата. Фестивалот денес е препознатливо место за средба на ...
Со 40 фестивалски денови, 48 настани и учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји, фестивалот „Охридско лето“ го заокружи 66 издание со богата музичка, театарска и балетска програма. Од управата на фестивалот оценуваат дека и годинава „Охридско лето“ го потврдило статусот на еден од најпрепознатливите македонски културни брендови, со значајно меѓународно присуство и публика од земјата и странство. Во рамки на фестивалската програма беа ...
Слаткаристика, „Суперхикс“, „2Бона“, „Фанк Шуи“ и Дина Јашари ќе настапат на 2 септември на платото пред “Т Арена“ во Скопје, во рамките на програмата „Најдоброто од Македонија“, по повод 35 години независност на Македонија, објави „Авалон“. „Една вечер, различни генерации и комбинација од најдоброто од македонската музика на едно место“, велат од продукцијата. Влезот за концертот е бесплатен. Одбележувањето на 35-годишнината од независноста ...
Краткометражниот игран филм ,,Кучињата немаат соништа” на младиот Ханис Багашов ја имаше светската премиера на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, најважниот и најголем филмски фестивал во југоисточна Европа. Филмот ја следи приказната на тинејџерите Илире и Бесник од планинско село, на кои патријархалното наследство не им дозволува да бидат заедно. „Кучињата немаат соништа“ беше прикажан во програмата „Тин арена“, меѓу седум кратки ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани во Струга ги посети Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“, Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“, како и Спомен-домот на браќата Миладиновци. Како што соопштија вечерва од Министерството за култура, во разговорите со директорите на установите, министерот се запознал со нивните тековни активности, програмите и плановите, како и со состојбата и потребите за ...
Таа деновиве интензивно работи на својот нов предизвик – ја создава музиката за краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“. Промоцијата треба да се случи на почетокот на септември Многу добро ја паметам музиката од цртаните филмови со кои сум израсната. Дури знам да си ги пуштам песните и ден-денес. Ова е преубав предизвик за мене, чувствувам одговорност дека треба да направам музика што треба да допре до помалите генерации, ...
Општина Карпош официјално го започна 17. издание на традиционалната културна манифестација „Карпошово културно лето“, која и оваа година ќе понуди богата и разновидна културна програма за граѓаните. Првиот ден од манифестацијата беше посветен на уметноста и културното творештво. Во рамки на отворањето беше организирана изложба на постери и плакати од театарските претстави на великанот на македонската драматургија, Горан Стефановски. На ...
Во првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд. Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на манастирот во ...
Проектот се реализира во продукција на „City Star Production“, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“ кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото е дело на авторите Гоце Цветановски и Алек Русјаков. „Голиот Рид“ е современ кинематографски трилер-драма со елементи на хорор-фантазија, кој ја брише линијата меѓу реалноста и имагинацијата. Приказната ...
Програмата ќе биде отворена на 13 август во црквата „Света Софија“, со концертна промоција на албумот „Orthodoxia Kai Thanatos“ на Крсте Роџевски, македонски пејач, гитарист и композитор, кој е активен на авангардната „даунтаун“ сцена во Њујорк уште од неговата преселба во градот во доцните деведесетти години на минатиот век. На концертот, Роџевски ќе настапи со Христијан Моневски и со Дамјан Палоски на вокален исон, како и со Андреа Мирческа ...
Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретација на Скопје како простор во кој минатото и сегашноста постојано се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоцијации за времето, сеќавањата, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите објекти. Делата повику� Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретација на ...
Во неговото родно село Глобочени делегацијата на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) положи цвеќе пред неговата биста, оддавајќи почит кон животот и делото на човекот кој остави неизбришлив белег во културната историја. Стерјо Спасе (1914–1989) е еден од најзначајните основоположници на современата албанска литература, а неговите корени длабоко се вплетени во македонската традиција. Своето основно образование Стерјо Спасе го ...
Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“, и Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“ изјавија дека годинава фестивалот ќе се одржи со мото „Само сонот е стварност“, а се очекуваат над 100 гости од странство. „Горди сме што низ годините МакеДокс израсна во фестивал на кој не се доаѓа само за да се гледаат филмови, туку и за да се остане по филмот – да се ...
Ликовите и позадините го добија својот финален изглед, а актерите веќе им ги позајмија своите гласови. Готов е и аниматикот, односно визуелната мапа што ги поставува кадрите, движењата и ритамот на целата приказна. Секој лик е целосно ригуван и подготвен да оживее, а во моментов сцените од „Лефти и Рајти“ веќе се претвораат во вистинска анимација. „Ретко има детски анимирани филмови и анимирани филмови воопшто, затоа како Агенција за филм ...
Како што наведува ПР-тимот на Манчевски, „Добри луѓе” е снимен со минимална филмска екипа, само еден месец по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 млади луѓе. Манчевски го снимил со свои средства, во знак на почит кон жртвите и преживеаните и на публиката ѝ ги носи непосредните сведоштва на тивките херои, кои с Како што наведува ПР-тимот на Манчевски, „Добри луѓе” е снимен со минимална филмска екипа, само еден месец по ...
Најголемиот успех го постигна групната кореографија „Trisch Trasch Polka“, која ја освои титулата Светски шампион, освојувајќи го првото место во својата категорија. Кореограф на оваа победничка кореографија е Дора Пајдакова – студент на Факултетот за музичка уметност, на Катедрата за балетска педагогија – класичен балет. Во победничката кореографија настапија младите балерини Миа Пеновска, Искра Ивановска, Мила Андовска, Александра ...
Во издание на „Студентски сервис“ од Скопје излезе од печат македонското издание на двојазичната македонско-словенечка стихозбирка „Венец за Искра – Venec za Iskro“ од словенечкиот дипломат, универзитетски професор, писател и поет проф. д-р Милан Јазбец. Книгата е објавена неполни два месеца по словенечкото издание на „Културен центар Марибор“, кое беше промовирано под наслов „Venec za Iskro – Венец за Искра“. Стихозбирката е посветена на ...
За време на Сараевскиот филмски фестивал, во рамки на кампањата „ЕУ со тебе“ (EU With YOU), се одржа панел дискусија „Култура што поврзува – европски можности за креативните индустрии“, посветена на поддршката што Европската Унија и програмата Креативна Европа ја нудат за професионален развој на младите креативци. Само во Босна и Херцеговина, во изминатите четири години, преку оваа програма се обезбедија над седум милиони евра за поддршка на ...
Македонското трио Интерарт од Битола се претстави пред римската публика со концерт во рамките на престижниот Festival Musicale delle Nazioni – Concerti del Tempietto, традиционална летна концертна серија што се одржува во историскиот амбиент на Театарот на Марцел во Рим. Концертот се одржа во Chiostro di Campitelli al Teatro di Marcello, простор во непосредна близина на античкиот Театар на Марцел, едно од препознатливите историски места во ...
По една од своите најуспешни сезони, исполнета со бројни настапи, признанија и незаборавни свадбени веселби, маестро Александар Ицов не запира. Напротив, периодот по летните ангажмани го користи за она што најдобро го знае – создавање нова македонска инструментална музика. Со звуците на армониката, кавалот, гајдата и тапанот, Ицов и оваа година беше неизоставен дел од најубавите семејни прослави низ Македонија, потврдувајќи дека важи за еден ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вчеравечер присуствуваше на концертот со кој беше заокружена музичката програма на 66-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање тој истакна дека фестивалот и годинава понуди богата програма и средби со врвни уметници од земјата и светот. „Со настапот на квартетот „Глам“ од Полска и пијанистот Стен Брекинриџ од Соединетите Американски Држави ја заокружуваме музичката ...
Еден од најкултните филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Јубилејот ќе биде одбележан на 25 август (вторник), со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“, на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол, со ...
НОЌ НА МУЗЕИ Охрид на една вечер станува музеј под отворено небо. На 12ти септември, ве очекува културна прошетка низ ул. Цар Самоил, со почетна точка кај Долна Порта, каде во периодот од 19:00 до 23:00 часот ќе ве очекуваат отворени музеи, галерии, ателјеа, винарии, занаетчиски работилници и уште многу културни содржини. Од една до друга локација, од една приказна до друга, низ улицата, просторот и културното наследство на Охрид. Во ...
Проектот „Vintage Home Film and Video Formats for Intercultural Learning“ влегува во една од своите клучни фази. Развојот на едукативните модули е при крај, а паралелно со подготовката на материјалите, Кинотеката на Република Македонија активно работи на дигитализација на аматерски филмски материјали, кои ќе бидат искористени за потребите на проектот. Дигитализацијата на старите аматерски филмови претставува една од најзначајните активности ...
На 21 август од 20 часот во Ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концерт на класична музика на кој ќе настапи ТРИО ДОЛЧЕ. Концертот е со поддршка на Министерството за култура и туризам. Учесници : Светлана Богданоска Ристеска – флејта, Андријана Дукоска – виолончело и Марија Шамоска Буџаковски – пијано. Програма: Scherzo (Allegro vivace) Schäfers Klage ( Andante espressivo) February | Carnival April | ...
Битола на 21 и 22 август повторно ќе живее во ритамот на „Широк Сокак во бело” настанот кој со години создава една од најпрепознатливите летни слики на градот на крај на август со илјадници луѓе на улиците, музика во центарот и публика облечена во бело. Годинава програмата започнува на 21 август со Детскиот хепенинг „Широк Сокак во бело“, на платото пред Офицерскиот дом, со почеток во 19:00 часот. Вечерта е целосно посветена на најмладите, а ...
На 24 август (понеделник), во рамките на „BookStar 2026“, во Скопје ќе гостува познатата филозофка, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија. Нејзиното гостување ќе го означи и првиот официјален преднастан на годинашното издание на меѓународниот книжевен фестивал „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „ЧУМУ СЛОБОДА?“. Ипи во Скопје доаѓа како авторка на книгата „Слобода“ (Free), дело во кое преку ...
„Скејтбордингот не е за девојчиња“, долгометражното деби на Дина Дума, вечерва во 19 часот ќе ја има европската премиера, во рамките на 32. Филмски фестивал во Сараево. Имаше светска премиера на врвниот фестивал „Трибека“ во Њујорк. Ова е втор игран филм на Дума, по наградуваниот „Сестринство“. Филмот е македонско-белгиско-словенечко-хрватска копродукција. Дејството се одвива во Скопје и ја следи 11-годишната Адела, девојче од ромската ...
Прв избор од поезијата на Линдита Ахмети објавен во книга во препев на македонски јазик по нејзиното физичко заминување Во издание на „Матица македонска“ е објавена „Сама против Ерос“ од Линдита Ахмети (1973–2024) – првиот избор од нејзината поезија што се појавува како книга во препев на македонски јазик по нејзиното физичко заминување. Изданието е нова средба со еден од најдаровитите и најпрепознатливи поетски гласови од нејзината ...
„Матица македонска“, во превод на македонски јазик го објави романот „Самец во бракот“ од Мир-Јам, едно од најпрепознатливите имиња на љубовната проза во регионалната книжевна традиција. Новото издание е дел од летната акција „Со книга на плажа“, преку која „Матица“ и ова лето им доближува на читателите книги што се читаат со леснотија, а остануваат во мислите долго по последната страница. Мир-Јам, книжевниот псевдоним на Милица Јаковљевиќ, е ...