Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани деновиве го претставува македонскиот фолклор и традиција во Хрватска во рамките на 60-тата јубилејна меѓународна смотра на фолклорот во Загреб. На Етно фестивалот во Бенковац, северна Далмација викендов ја освои и наградата за „Изворност“. Друштвото, како што истакна претседателот, Тошо Чочороски настапило на култни места низ Загреб: на големата отворена сцена на Трг Бана Јелачича, на сцената ...
Гркот Сотирис Минас, кој научил македонски јазик и се бори за тој да ја види светлината на денот во Грција, во објава на Фејсбук за сопственото искуство со борењето со ветерници во неговата земја и за присилното предомислување на поединците што (привремено) ќе се одважат да го користат. „Сакам да ве информирам дека преводот на поетската збирка „Θαμνολίβαδα“ (Грмушести ливади) од Олга Икономиду на македонски јазик се откажува дефинитивно, со ...
ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ Liberation of Skopje Раде Шербеџија / DCP / 2016 / 110 мин Скопје, 1941 година. Градот се наоѓа под окупација на германските сили и нивните бугарски сојузници. Во сенката на војната, единаесетгодишниот Зоран одблиску се соочува со суровоста на историското време и трагедиите што ги носи окупацијата. Неговиот татко е отсутен, борејќи се во редовите на партизанското движење, додека семејството се обидува да преживее во ...
Старата битолска чаршија синоќа беше местото каде се играше и пееше, каде се создаде една прекрасна атмосфера под отворено небо, за која се погрижија членовите на „Skopje Via“, новата музичка сензација на овие простори, етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук. Се работи за група која го спојува традиционалниот џипси џез со современиот урбан звук, создавајќи автентична музика што ја освојува публиката. Тие настапија во рамките на ...
Во организација на Пламенка Трајковска, виолинистка, композитор и членка на Државната филхармонија, како и основачка на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ денеска во Дајмонд Мол во Скопје ќе се одржи концерт „Музика и цртан филм“, посветен на најмладата публика. Цртаните филмови се медиум кој најнепосредно допира до детскиот свет. Во нив има прекрасна музика, често базирана на класични композиции. Нашата цел ...
Вечерва во Трпејца започнува новото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“. Манифестацијата во име на покровителот Општина Охрид се очекува да ја отвори претседателот на Советот на Општина Охрид, м-р Перчо Божиноски. Обраќање ќе има и м-р Милчо Јованоски, член на здружението „За Трпејца со љубов“ а потоа Весна Јованоска, раководител на Одделението за култура во Општина Охрид ќе ја промовира неговата монографија „ Петнаесет ...
Бруклински Jazz Bistro во Скопје оваа недела, од 22 до 28 јули, организира пет џез вечери со пет различни изведувачи. Распоредот опфаќа пет датуми со по еден настап дневно: 22 јули настапува IN THE MOOD, на 23 јули е на ред Skopje Jazz Inc., на 24 јули свири BT Trio, на 25 јули настапува Filip Dinev Trio, а седмицата ја затвора Simeon Petrov Trio на 28 јули. За тие кои што во жешкиот јули останаа во Скопје, Бруклински е вистинското место за ...
Додека светот со нетрпение ја дочека новата филмска „Одисеја“ на Кристофер Нолан , приказните на Хомер веќе со векови живеат и на археолошките артефакти, велат од Археолошкиот музеј во Скопје. „Пред Одисеј да тргне на своето легендарно патување, едно јаболко ја променило историјата… Во раката на оваа теракотна Афродита (Венера) се наоѓа прочуеното „јаболко на Парис“ – наградата што тројанскиот принц ѝ ја доделил на божицата на љубовта, ...
Археолошкото одделение при НУ Музеј Куманово успешно ги заврши годинашните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“ во Младо Нагоричане. Истражувањата беа реализирани под раководство на Дејан Ѓеорѓиевски, кустос советник – археолог и раководител на проектот, а беа насочени кон секторот „Долна тераса“, каде што во претходните години беа откриени конструкции од 4 век пр.н.е., всечени во карпа, како и камени тумулоидни конструкции ...
Уникатен археолошки наод со претстава на божицата Деметра е откриен на локалитетот Градиште кај Младо Нагоричане. Од Музејот на Куманово посочуваат дека овој артефакт го потврдува постоењето на ритуално светилиште во античката населба од 4 и 3 век пред нашата ера. Според археологот Дејан Ѓорѓиевски, ритуалниот карактер на просторот го потврди наодот на питос кој на своето устие има декорација од отпечатоци од прстен, на кој има претстава на ...
Ако ја снема поезијата од мојот ум и срцевина, што би останало од мене? Не би останало друго, освен да одам на фудбалски натпревари. Да ги гледам најновите вести заразени од антракс, да мечтаам за киселите дождови, да ги читам некролозите. во весник Животот е краток како црв, а ние ја пишуваме најдолгата рибарска поема. Да беше жив, оваа година, во март, авторот на овие стихови ќе наполнеше 45 години. Беше актер и поет. Сите што го познаваа ...
Во конкуренција на 41 ансамбл од целиот свет, битолското културно-уметничко друштво освои сребро и награда од 3.000 долари на World Folk Dance Competition во Истанбул. Македонскиот фолклор повторно се најде на светскиот победнички пиедестал. КУД „Илинден“ од Битола го освои второто место во категоријата автентичен фолклор на престижниот World Folk Dance Competition, што се одржа во Истанбул, Турција. Во силна конкуренција од 41 ансамбл од ...
Beach Film Festival, фестивалот на нов европски филм, се враќа во Охрид од 22 до 26 јули 2026 година со своето деветто издание. Пет дена, четири локации и десетици филмови под отворено небо — на плажа, на брод и покрај езерото — ќе го претворат Охрид во летна филмска сцена. Годинашното издание носи официјална селекција на долгометражни, краткометражни и студентски филмови од повеќе европски земји, специјална селекција, детска програма и ...
– Спортот и физичката активност треба да бидат извор на енергија, здравје и задоволство, а не причина за болка, исцрпеност и истоштеност. Со правилен пристап, редовен одмор, соодветна исхрана и стручна поддршка кога е потребно, секој може долгорочно и безбедно да ужива во спортувањето. Здравјето треба секогаш да биде на прво место, па потоа резултатите доаѓаат како неизбежни бенефиции, вели физиотерапевтот Илија Жежов за весникот ВЕЧЕР Во ...
– Наградата за најдобар дебитантски долгометражен филм му припаѓа на филмот „17“ на Косара Митиќ. Суров и непомирлив. Филм полн со бес и вешта кинематографија, на многу талентирана режисерка и неверојатна глума. Филмот прикажува долго премолчено насилство со кое мора да се соочиме, се вели во образложението за наградата што долгометражното дебитантско остварување на Митиќ го доби на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим што се одржа ...
„Силви бенд” ќе одржи концерт на 24 јули од 20 часот на летната сцена Долни Сарај во Охрид. Публиката ќе има можност да ги слушне нивните најпознати песни, меѓу кои „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“ и „1762 лето“. „Подготвивме програма во која преку секоја песна ќе ја споделиме нашата енергија и љубов со публика од сите генерации. Охрид има посебна магија, а концертот на Долни Сарај ќе биде вистинска летна бајка и ноќ што долго ќе се памети“, ...
Британската поп-ѕвезда со косовско потекло Рита Ора (36) на 1 август за првпат ќе настапи во Охрид. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК Ора, која е пејачка, текстописец и актерка, и живее и работи во Лондон, вели дека иако како едногодишно дете со родителите се преселиле во Велика Британија, таа растела со балканската традиција и култура. Вели дека е возбудена што ќе пее во град како Охрид. „Чувството е неверојатно посебно. Родена сум во Приштина, ...
Љубителите на македонскиот документарен филм утревечер ќе имаат единствена прилика да уживаат во творештвото на еден од најзначајните домашни auteurs. На 21 јули 2026 година (вторник), со почеток во 20:30 часот, Кинотеката на Македонија подготвува специјална вечер посветена на познатиот режисер Трајче Попов, чии дела оставија длабок печат во историјата на нашата документаристика. Во рамките на овој настан, ќе бидат прикажани три од неговите ...
„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова е романот кој денес излезе од печат во издание на издавачката куќа „Или-Или“. -Се работи за мрачен, динамичен и визуелно силен роман во кој просторот не е само сцена, туку речиси самостоен лик. Коулун е претставен како жив организам: лавиринт од тесни ходници, влага, цевки, чад, мириси, глад, насилство и сиромаштија, но и како место во кое, и покрај распадот, опстојуваат нежноста, лојалноста и ...
Пишува: Звонко Димоски Фестивалот официјално се отвора вечерва со претставата Tempest Toss’D“, копродукција на Театар Ла Рибалда (Италија) и Театар 63 (Обединето Кралство). Утревечер пред италијанската публика ќе се претстави Народниот театар од Битола со „Кориолан“ во режија на Џон Блондел. Додека летната театарска сезона го достигнува својот врв, вниманието на европската културна јавност се свртени кон градот на Ромео и Јулија. Токму таму ...
Книгата „Пустинско срце“ од Ана Пејчинова, која излезе во издание на „Или-Или“, е заснована на сеќавања на вистинити настани со кои авторката го раскажува своето искуство од петнаесетгодишниот живот и работа во Авганистан. Писателката и поетеса Ана Пејчинова (1973) има разновидно творечко и професионално портфолио во областа на книжевноста, визуелните уметности, филозофијата, психологијата, политичките науки и меѓународниот развој и ...
Со делата „Откриј кој те гледа“ и „Сè може да се промени“, македонската уметница Ивона Велковска ја освои највисоката награда во категоријата цртеж на 18. Меѓународно биенале на уметноста на минијатурата во Горњи Милановац во Србија, манифестација што речиси четири децении ги обединува најдобрите автори на мал формат од целиот свет Македонската ликовна уметница Ивона Велковска е добитничка на првата награда за цртеж на 18. Меѓународно биенале ...
„Од канон до индивидуален израз: зографството и профаното сликарство во Македонија (19-20 век)“ е изложба што ќе биде отворена на 28 јули со почеток во 20:00 часот, во Чифте амам. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од ...
На 20 јули (понеделник) во 19:00 часот, во рамките на проектот „Македонски филм. На големо платно.“, во „Синаплекс“ во Скопје ќе биде прикажан блок од кратки анимирани филмови: „Девојката што паѓа“ на Владимир Лукаш „Образец Б16“ на Иван Ивановски „Неми филмови“ на Крсте Господиновски „Кружно патување на Марето“ на Жарко Иванов А пред проекцијата, разговор со дел од авторите на филмовите. На 20 јули (понеделник) во 19:00 часот, во рамките ...
Вечерва (20.07.2026г. – понеделник) со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје ќе се одржи камерен концерт „Дуо виолина и виолончело со премиерни изведби на две дела и ретко изведуваната Соната од М. Равел“ на Марко Поп Ристов – виолина (Македонија) и Исак Харачиќ – виолончело (Босна и Херцеговина). Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, Марко Поп Ристов и Исак Харачиќ носат програма која ги поврзува современите музички изрази со ...
Со богата културно-уметничка програма вечерва во охридското село Трпејца почнува јубилејното 15. издание на културно-забавното лето „На зајдисонце“, манифестација која со текот на годините прерасна во препознатлив културен настан што ги обединува уметноста, традицијата и туристичката понуда на тоа крајезерско место. Свеченото отворање ќе биде збогатено со повеќе содржини, меѓу кои промоција на монографијата „Петнаесет години ‘На зајдисонце во ...
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот. Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. Наследен беше долг од 273 милиони денари по основ на ...
Охрид, 20. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од среда, 22 до недела, 26 јули Охрид ќе биде домаќин на 9 издание на Beach Film Festival. Под ѕвезденото небо, покрај езерото и помеѓу брановите, повторно се среќаваме со филмот. – Beach Film Festival носи нови европски приказни, незаборавни проекции и пет дена исполнети со кино, разговори и лето. Претпрограмата е утре, а ќе бидат прикажани два долгометражни филмови на плажата Сараиште. Тоа се „Железна ...
Македонскиот КИЦ во Белград продолжува со реализација на проектот „Портрети“ на познати македонски уметници кои живееле, работеле и стекнале статус на големи ѕвезди во Белград и во Србија. По минатогодишното исклучително успешно музичко портретирање на Зафир Хаџиманов, со учество на Бисера Велетанлиќ и неговиот син Васил, годинава КИЦ Белград ќе реализира музички портрети на три легендарни музички ѕвезди: Нина Спирова, Маја Оџаклиевска и Бети ...
Издавачката куќа „Антолог“ го објави на македонски јазик романот „Мрежи“ од новата ѕвезда на шпанската литература, Елој Морено, во превод на македонски јазик на Виолета Јагев. „Мрежи“ е повик за размислување за улогата на дигиталната технологија во нашиот живот и покана за повторно поврзување со тоа што е навистина важно: личните односи, емпатијата, реалноста. „Мрежи“, низ очите на една тинејџерка, ни раскажува за дигиталниот свет што го ...