Вечерва во Трпејца започнува новото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“. Манифестацијата во име на покровителот Општина Охрид се очекува да ја отвори претседателот на Советот на Општина Охрид, м-р Перчо Божиноски. Обраќање ќе има и м-р Милчо Јованоски, член на здружението „За Трпејца со љубов“ а потоа Весна Јованоска, раководител на Одделението за култура во Општина Охрид ќе ја промовира неговата монографија „ Петнаесет ...

– Ако е Охрид срцето на македонскиот туризам, тогаш, несомнено, Трпејца е неговата душа. Ова место поседува ретка, речиси филмска убавина, каде што природата и традицијата се спојувале со векови. Но, она што ја прави Трпејца навистина особена не се само карпите и бистрата езерска вода туку и луѓето – кажа претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски, кој вчеравечер го прогласи за отворено јубилејното 15. издание на ...