Старата битолска чаршија синоќа беше местото каде се играше и пееше, каде се создаде една прекрасна атмосфера под отворено небо, за која се погрижија членовите на „Skopje Via“, новата музичка сензација на овие простори, етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук. Се работи за група која го спојува традиционалниот џипси џез со современиот урбан звук, создавајќи автентична музика што ја освојува публиката. Тие настапија во рамките на ...

Со претставувањето на етнопроектот „Кафе Де Анатолија“, Били Естебан и Александар Јовевски, севдах-бендот „Диванхана“ од Сараево и диџеј-сетот на Били Естебан, „Локум фест“ ѝ се оддолжи на битолската чаршија за сета радост и дух кој ѝ го даде на овој фестивал, што точно пред 20 години започна токму таму. Од 16 до 18 јули, битолчани и гостите уживаа во фестивал кој две децении ја чува автентичната музика и заокружи уште една убава музичка ...