Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на ...

Го чекав и го гледав „Одисеја“ од Нолан. После неполни 24 часа филмот веќе е наголемо славен како негово најдобро остварување и 99 проценти позитивни реакции. И да, филмот е супер веројатно за некој не-медитеранец, кој не ја читал оригиналната „Одисеја“ и не морал да ја студира за испит, не ја читал поезијата на Кавафис, не ги гледал адаптациите на Беким Фехмиу, Арманд Асанте и Ралф Фајнс. Накратко, филмот е супер ако си препишувал лектири и ...

Со претставувањето на етно проектот „Кафе Де Анатолија“, Били Естебан и Александар Јовевски, севдах бендот ,,Диванхана” од Сараево и дј сетот на Били Естебан, Локум фест и се оддолжи на битолската чаршија за сета радост и дух кој и го даде на овој фестивал кој точно пред 20 години започна токму тука. „Кога гледате радосни лица кои играат и се веселат, знаете дека мисијата е успешна. Голема благодарност до сите кои помогнаа да се случи Локум ...

Објавен е видеоматеријал „зад сцената“ од снимањето на гласовите за краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти“, кој открива дел од процесот на синхронизација на ликовите. Гласовите на главните ликови ги позајмуваат Јелена Јованова (Лефти), Гораст Цветковски (Рајти), Изабела Јакимова (Јакната Јасна), Ева Скендеровска (Дреска) и Тања Кочовска како наратор. Во видеото учествуваат и статистите Јана и Миа Велеви, како и Александар ...

Игор Јосифов е визуелен и перформанс уметник чија 25-годишна меѓународна практика го позиционира огнот како инструмент на уметничко истражување, а неговото најново дело „Тело од оган“ можеше да го посведочи и публиката во Скопје. Проектот „Тело од оган“ го испитува прагот помеѓу материјалната трансмутација и естетската појава. Огнот не функционира како деструктивна сила, туку како примарен соработник и сведок во уметничкото дело. На ...

Студиото „Парамаунт“ ќе снима нова верзија на „Кошмар на Улицата на брестовите“ откако постигна договор со семејството на Вес Крејвен, режисерот на оригиналниот филм. Крејвен беше режисер и сценарист на првиот филм од 1984, како и на седмиот од 1994. Последниот, деветти дел од серијалот излезе во 2010. Главниот лик Фреди Кругер, во изведба на Роберт Енгланд, стана дел од поп-културата во 1980-тите и 1990-тите. Во последниот филм, неговата ...

Театарот за деца и младинци од Скопје вечерва во рамки на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“ ќе ја изведе претставата „Која е Лорет“, работена по текст на Флоранс Кадије, во режија на Драгана Милошевски-Попова во центгарот за култура „Григор Прличев“ во 20 часот. „Која е Лорет“ е претстава што го истражува прашањето на идентитетот и припадноста, отвора простор за разбирање на различностите и ја поттикнува публиката да го ...

Филмот „Железна тврдина“ во кој учествуваат штитеници од Центарот за рехабилитација на Психијатриската болница во Демир Хисар ќе биде прикажан во вторник во Охрид, во рамки на претпрограмата на Beach Film Festival. Филмот е во продукција на „ПирејФилм“, а актерската екипа ја сочинуваат штитеници на Центарот за рехабилитација на Психијатриската болница во Демир Хисар, заедно со гостински актери меѓу кои Пол Гордон, Синоличка Трпкова, Игор ...

Во тек е реализацијата на втората фаза од проектот „Конзервација и реставрација на одбранбената кула Пирг“ на локалитетот „Пирго Каљ’ната“ во село Мокриево, Општина Ново Село, објавија од НУ „Завод и Музеј Струмица“. -Активностите ги спроведуваме согласно одобрената проектна документација, со цел зачувување, конзервација и реставрација на овој значаен споменик на културното наследство, се наведува во објавата. Според археолозите, станува збор ...

Плакатот за претставата „Трговци со презервативи“, во режија на Дејан Ангелов, а во продукција на Театар „Антон Панов“ – Струмица, е избран во официјалната селекција на Меѓународно биенале на театарски плакат – TPAM 2026 во Ерменија. Дизајнот на плакатот е авторско дело на Ване Костуранов, чиј препознатлив визуелен јазик и креативен пристап добиваат значајно меѓународно признание. Избраниот плакат ќе биде претставен на изложбата во рамките на ...

Во организација и под покровителство на групацијата „Стрип Центар-стрипот може“ од Велес младите македонски стрип–таленти: студентката Ангела Петрушевска и средношколците Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски од денеска до 13 јули ќе творат со врвни балкански и светски стрип автори учесници на 14-та Меѓународна стрип колонија во Јошаничка Бања, Србија. Како што информира Томе Трајков претседателот на оваа групација, годинава, традиционалната ...

Делчево, Македонска Каменица и италијанската општина Рикалдоне потпишаа трилатерален договор за соработка, со што се отвораат нови можности за партнерство во повеќе области, со посебен акцент на зачувувањето на македонскиот јазик и култура, преку воведување на македонскиот јазик во образовниот процес во регионот Пиемонт, пренесува МКД.мк. Договорот беше потпишан во Рикалдоне, Италија, од страна на градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски; ...

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „На чет со Чет џи пи ти“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска. Најновата книга на Марина Димитриева – Ѓорѓиевска „На чет со Чет џи пи ти“ е роман кој зафаќа многу современ тематски аспект – вештачката интелигенција. Авторката ја повикува и ја користи вештачката интелигенција за градењето на приказната во романот. Всушност, во романот течат две паралелни приказни – таа на главниот наратор, женски лик, ...

Иако се верува дека Соединетите Американски Држави економски се далеку пред Европа, податоците за животниот стандард, безбедноста и очекуваниот животен век откриваат сосема поинаква слика. Еве што покажува најновата анализа. Иако често може да се слушне дека Европа заостанува зад Соединетите Американски Држави и Кина кога станува збор за економијата и технолошкиот развој, споредбата на животниот стандард покажува значително посложена слика. ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 340, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (18-19.7.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Ана Пејчинова, авторка на „Пустинско срце“: Постои нешто жилаво во нас што трага по интензитет на постоењето – разговор со визуелниот уметник Игор Јосифов за перформансот „Тело од оган“: Огнот е јазик на ритуалот – ...

Денеска (18 јули) од 20 часот, во Куќата на Касапови во Велес ќе настапи „Чалгија саунд систем“ во рамките на Велешко лето. Насловен е „Во чест на Ало Тончов, великанот на велешката чалгија“. Влезот е бесплатен. На 21 јули, на Светскиот ден на музиката, концерт во Младински парк ќе имаат групата „Д Чикс“ и велешанецот Александар Анастасов-Прија, што исто така е дел од Велешко лето. Денеска (18 јули) од 20 часот, во Куќата на Касапови во ...

Стихозбирката „Собрани остатоци од светот“ од Пепи Стамков ќе биде промовирана на 21 јули (вторник) во 20 часот во малата сала на Народнио театар во Гевгелија, во рамките на манифестацијата „Гевгелиско културно лето 2026“. Станува збор за дебитантска збирка во која се вклучени песни со кои Стамков е еден од тројцата добитници на признанието „Антев златник“ на манифестацијата „Антево перо“ во 2024 година. Стихозбирката, во издание на ...

Во издавачката куќа Или-Или, како јубилејно 250. издание во едицијата ПРОаЗА, во понеделник (20 јули) од печат излегува романот „Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова. Се работи за мрачен, динамичен и визуелно силен роман во кој просторот не е само сцена, туку речиси самостоен лик. Коулун е претставен како жив организам: лавиринт од тесни ходници, влага, цевки, чад, мириси, глад, насилство и сиромаштија, но и како место во кое, и покрај ...

Прилеп е подготвен за вечерашното отворање на 23. издание на манифестацијата „Пивофест 2026“, која до недела ќе понуди богата музичка програма, гастрономска понуда и фестивалска атмосфера за илјадници посетители од земјава и странство. Градоначалникот Дејан Проданоски информираше дека целата инфраструктура е подготвена за одржување на фестивалот. Во централното градско подрачје, на површина од околу 3.000 квадратни метри, поставени се ...

Продолжението на големиот хит на Мет Ривс, „Бетмен 2“ (The Batman Part II), повторно е одложено. Наместо претходно најавените датуми, филмот сега официјално ќе пристигне во кината дури на 18 февруари 2028 година, речиси шест години по премиерата на првиот дел во март 2022 година. За да го ублажи разочарувањето кај фановите, режисерот Мет Ривс ги објави првите тест-кадри од враќањето на Роберт Патинсон во костимот на Темниот витез. Покрај ...

На 18.07.2026г. (сабота) ќе се одржи концерт на Аматерскиот женски хор „Фрида од Македонија“ насловен „Пеам – значи живеам“ со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје. Диригент е Сузана Турунџиева, а билетите се достапни на karti.com.mk. Настанот претставува целовечерен концерт на првата (најискусна) група на а.ж.х. Фрида од Македонија, составена од искусни, долгогодишни хористки на кои музиката им е повеќе од хоби и пасија. Нивната ...

Делото „Magna Mater“ на светски познатиот уметник Синиша Кашавелски од денеска е дел од престижната International ARC Salon Exhibition, која се одржува во Sotheby’s New York и ќе трае до 27 јули. Како што денеска објави на социјалните мрежи, самиот автор изложбата претставува речиси 100 наградени дела од 20 држави, избрани меѓу повеќе од 8.500 пријавени дела од речиси 90 земји. – Денес, 17 јули 2026 година, официјално се отвора ...

Уште четири дена до настапот на американската ѕвезда Џос Стоун, која на 21 јули од 21 часот ќе настапи на Стадионот на АРМ во Скопје. Уште од првиот албум „The Soul Sessions“ издаден во 2003, кој ја освои престижната награда „Меркјури“, па до подоцнежните грандиозни Brit Award и Греми награди, Џос Стоун го покажа својот квалитет. Нејзиниот настап е дел од големата европска турнеја. Влезниците за двата концерта се во продажба онлајн на ...

Next Time одговорија со музичко ремек-дело на сите што велеа: „Направете нешто свое!“ (ВИДЕО) Објавена во: 17 Јули, 2026 13:12 „Еј, другари, браќа, дигнете чаша за спомените…“ – стихови што ја откриваат главната порака на новата песна „Славам“ на музичкиот бенд Некст Тајм, составен од дуото Мартин и Стефан Филиповски. Песната носи силна емоција за пријателството, братството и луѓето кои, без разлика на далечината, секогаш остануваат ...

Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, оствари уште еден грандиозен успех на меѓународната сцена. На свечената церемонија одржана вчеравечер (16 јули) во Ерусалимската кинотека, филмот ја освои престижната GWFF награда за најдобар меѓународен дебитантски филм во рамките на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим (Jerusalem Film Festival), најважниот кинематографски настан во Израел. Наградата е ...

Од почетокот на јули Националната установа Музеј на тетовски крај почна со истражувања на нов локалитет во близина на Стенче. Под Брегови Долна Цеста село Стенче е именувано местото од мештаните каде на една нива во септември 2025 година се најдени керамички остатоци при копање за градежни работи. Се наоѓа на околу километар и половина од центарот на селото во правец кон запад, односно во близина на крстосницата што води кон Волковија и ...

Филмот „Инк“ (Ink) на режисерот Дени Бојл, за подемот на медиумскиот магнат Руперт Мардок и уредникот на весникот „Сан“ Лери Лем, ќе го отвори Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите. „Инк“ е филмска адаптација на драмата на Џејмс Греам, која го прикажува преземањето на дневниот весник „Сан“ од Мардок во 1969. Гај Пирс го игра ликот на Мардок, а Џек О’Конел го игра Лем во филмот што ја раскажува приказната за тоа како двајцата ...

Поради најавените врнежи од дожд во периодот кој следи, балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ во изведба на Операта и балетот „Мадленијанум“ од Србија, која е на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 22.07.2026 година, наместо на сцената Долни Сарај, ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Промената на локацијата е направена со цел на публиката и уметниците да им се обезбедат соодветни услови за ...

Една од најконтроверзните современи архитектонски приказни во Европа добива драматичен крај. Речиси петнаесет години откако беше завршена, а никогаш не ја пречека својата прва публика, концертната сала Rike Concert Hall во Тбилиси, дело на прочуеното италијанско архитектонско студио Studio Fuksas, ќе биде урната. Одлуката предизвика силни реакции во архитектонските кругови, бидејќи станува збор за објект што многумина го сметаа за едно од ...

Изложбата „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)”, ќе биде отворена на 28 јули во 20 часот во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.0
91%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
68%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
0.9
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Калај

46.54

Рутениум

61086.42