Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Страшна сообраќајна несреќа го потресе Богатиќ откако двајца 19-годишни момчиња, кои биле школски другари, трагично го загубија животот во судир на два автомобили. Несреќата се случила доцна вечерта, околу 23 часот, а според првичните информации, двата млади животи згаснале на местото на трагедијата. Тинејџерите се наоѓале во автомобил „Пежо“, кој по судирот бил целосно уништен. Во несреќата тешко се повредени уште две лица, кои итно биле ...
Болница во Холандија соопшти дека примила пациент кај кој постои „благ сомнеж“ за можна зараза со вирусот ебола. Пациентот е сместен во специјализирана изолациска единица во Универзитетската болница „Радбуд“ во Најмеген, а конечните резултати од тестирањето се очекуваат во текот на викендот. Болницата засега не открива информации за идентитетот на пациентот, ниту за неговите неодамнешни патувања или контактите пред хоспитализацијата. Случајот ...
Вишото јавно обвинителство во Белград подигнало обвинение против 18-годишниот Павле Ф., кој се товари за тешко убиство извршено на свиреп и подмолен начин врз 23-годишниот Тадија Пантиќ. Злосторството се случило на 22 ноември минатата година на подрачјето на Нов Белград, а обвинетиот се гони и за недозволено поседување и носење оружје. Според наводите од истрагата, Павле Ф. делувал во соучесништво со уште едно лице, кое управувало со мотор и ...
Телото на постар маж било пронајдено денеска во шумскиот предел Дубоко, покрај патот Белград–Обреновац, во близина на угостителски објект. Случајот веднаш предизвикал внимание кај јавноста, особено поради околностите под кои е откриено телото. Според првичните, неофицијални информации, постои сомневање дека мажот бил удрен од возило, по што неговото тело било преместено и оставено во шумата. Овие наводи засега не се потврдени од надлежните ...
Британски државјанин доби условна казна од две години откако се обидел да продаде лажни антички статуи преку престижната аукциска куќа „Сотбис“. Станува збор за Ендру Кроули (46) од Глостершир, кој тврдел дека вредните артефакти ги наследил од својот дедо и дека тие имаат значајна историска и финансиска вредност. Кроули се обратил до експертите на аукциската куќа со барање за проценка на три кикладски фигури од Грција, како и една анадолска ...
Во ноќен напад со дрон врз ученички дом во Луганската област, која е под руска контрола, загинаа најмалку четири лица, а 35 деца се повредени, соопштија руски официјални претставници. Според нивните тврдења, во домот на универзитетот во градот Старобилск спиеле 86 тинејџери на возраст од 14 до 18 години кога објектот бил погоден. Во нападот, дел од зградата бил тешко оштетен, а спасувачки екипи сè уште трагаат по лица затрупани под ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П. (49) од село Могила, поради сомнение за неовластено производство на тутун. Според информациите, пријавениот во текот на 2025 година произвел околу 1.200 килограми тутун од сортата „Вирџинија“, без да има склучено договор со овластен откупувач или правен субјект регистриран за откуп и обработка на тутун. Со тоа, тој постапил спротивно на законските прописи кои ја регулираат оваа дејност. ...
Вчера во 12:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.Б.(36) од Тетово. Од МВР информираат дека 36-годишниот тетовец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка, а оштетил и дел од покуќнината. При преземање мерки врз К.Б. е извршено алкотестирање, при што биле измерени 1,49 промили алкохол во крвта. Вчера во 12:40 ...
Жителка на Прилеп пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот партнер во семејниот дом. Како што информира СВР Битола, случајот бил пријавен на 21 мај 2026 година во 12:10 часот во ОВР Прилеп. Според пријавата, жената навела дека била нападната од нејзиното момче А.М. од Прилеп. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
МВР информира дека на 22 мај 2026 година на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(37), државјанин на Индија. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. — реклама — По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. — реклама — МВР информира дека на 22 мај 2026 година на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(37), ...
МВР информира дека на 21 мај 2026 година во 12:05 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на патот кон селото Кнежје, Д.М.(43) од Свети Николе, управувајќи мопед со светиниколски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. — реклама — Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. — реклама — МВР информира дека на 21 мај 2026 година во ...
МВР информира дека на 21 мај 2026 година во 22:30 часот на улицата „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(26) од Тетово. Според полицијата, тој се сомничи за сторено кривично дело „кражба“, односно дека претходно одзел електричен тротинет сопственост на Б.Б.(41) од Тетово. — реклама — Одземениот тротинет бил пронајден и вратен на сопственикот. — реклама — Осомничениот е задржан во полициска станица, а по ...
На 21.05.2026 во 15:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(20) од Шуто Оризари, Скопје, со привремен престој во Гостивар. Тој бил баран по потерница врз осноа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Исто така, тој се сомничи и за други кривични дела „тешка кражба“ ...
На 8 мај 2026 година почина новинарката од „МИА“, Ирена Радовановиќ, информираше семејството преку објава упатена до пријателите, познаниците, колегите и роднините. Погребот ќе се одржи на 9 мај 2026 година (сабота) во 11 часот на гробиштата во Радишани. Од неа се простуваат семејството, пријателите и колегите, кои ќе ја паметат по нејзината човечност и блискост. Со нејзиното заминување, „МИА“ и македонското новинарство загуби посветен ...
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, 76-годишниот Б.Б. од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...
Во познат ресторан на Нов Белград дошло до сериозен инцидент во кој е употребено огнено оружје, при што е повредено едно лице. Според првичните и сè уште неофицијални информации, во угостителскиот објект дошло до пукање во текот на денот, што предизвикало паника меѓу присутните гости и персоналот. На местото на настанот веднаш пристигнала полицијата и ги обезбедила околностите околу локалот. Како што пренесуваат дел од медиумите, сопственикот ...
Тројца малолетници се осудени во Англија за силување на две девојчиња во два одделни случаи што се случиле во Фордингбриџ, објави Sky News. Првиот напад се случил на 26 ноември 2024 година, а вториот на 17 јануари 2025 година. Двајца 15-годишници добиле тригодишна мерка за рехабилитација на малолетници со 180 дена интензивен надзор поради силување и поседување непристојни снимки. Судот бил информиран дека и двајцата имаат дијагностициран ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 61-годишно лице од Куманово, поради сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите, пријавениот подолг период наводно вршел психичко насилство врз својата снаа, со која живеел во исто домаќинство, и ѝ упатувал сериозни закани по нејзиниот живот и безбедноста на другите членови од семејството. Последниот инцидент се случил на 18 мај 2026 година, кога повторно ѝ биле ...
Повозрасна жена денеска околу 13 часот била удрена од автомобил на пешачки премин во строгиот центар на Скопје, кај Градскиот трговски центар и паркот „Жена борец“, објави телевизијата „21“, заедно со снимка направена откако на местото пристигнала Брзата помош. Од МВР за „Фокус“ ја потврдија информацијата. „На 21.05.2026 во 13:09 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.С.(67) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 22.03.2026 во атарот на с.Горна Душегубица, пријавениот запалил смет во дворното место на неговата куќа, кој се проширил и предизвикал пожар во Шумско-стопанска единица „Стогово-Лопушник”. Надворешната канцеларија за ...
Во Србија, во близина на Инѓија, е пронајдено тело на непознато лице скриено во буре, што веднаш ја засили мистеријата околу случај што веќе неколку дена ја тресе јавноста. Иако идентитетот сè уште официјално не е потврден, дел од српските медиуми неофицијално наведуваат дека постои сомнеж дека станува збор за Александар Нешовиќ Баја, кој исчезна по пукање во ресторан во белградскиот кварт Сењак. Полицијата во меѓувреме спроведува проверки и ...
Голема трагедија го потресе Шпанија, откако двегодишно девојче починало од топлотен удар по неколку часа поминати во затворен автомобил. Несреќата се случила во градот Брион, во северозападниот дел на земјата. Според информациите што ги пренесуваат шпанските медиуми, таткото утрото прво го однел постарото дете на училиште, а потоа требало помалата ќерка да ја остави во градинка. Но, по телефонски повик, наместо кон градинката, тој заминал ...
Маж од кочанско бил погоден во глава со тврд предмет додека си работел во својот двор. - На 20.05.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Кочани, Ј.Д.(68) од село Бели, кочанско, пријавил дека околу 11:00 часот, додека работел во дворот од семејната куќа во село Бели, лицето К.Г. од истото село фрлил тврд предмет кон него и го погодил во главата, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Маж од кочанско ...
Јавен обвинител и полицајци од СВР Скопје во селото Копаница, Скопско, нашле мртво тело на 37-годишна жена, која имала прострелна рана во главата. „По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Покрај телото е пронајден пиштол ‘глог19’, сопственост на нејзиниот сопруг. Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство ...
Дваесет и седумгодишната Катарина Е. е пронајдена мртва во својот стан во Котингбрун во Австрија. Нејзините родители наишле на телото, а во почетокот не било јасно што се случило. Сега е откриено: во прашање е убиство. Сторителот е пријател од Фејсбук кој, како што се наведува, „длабоко навреден ја изгубил контролата над себе“. Откако на 14 мај во стан во Котингбрун (округ Баден) беше пронајдена мртва 27-годишна жена, Покраинската ...
Поранешната македонска мисица, 28-годишната Јулија Ѓорѓиевска од Крива Паланка, повторно се најде во центарот на вниманието. Овој пат таа заврши со лисици на рацете, а според полицијата, пружила отпор и ги попречила службените лица да си ја вршат работата. Како што информираат од полицијата, таа била приведена откако се обидела физички да спречи голема акција за заплена на добиток. Принтскрин Инцидентот се случил на познатото место „Калин ...
Синоќа во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода 34-годишната С.Ч., С.Т.(53), двајцата од Велес и С.Џ.Х.(55) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, на масата на која седеле, користеле дрога. Во полицискиот билтен се наведува дека полициски службеници ги затекнале лицата пред објектот, при што С.Ч. се однесувала агресивно кон нив, а подоцна на масата на ...
Кривично ќе се гони жена од Гостивар која напднала полциајци. - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 16.03.2026 во Гостивар, пријавената физички нападнала полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираа од полицијата. ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С. од тетовското село Волковија поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „одземање моторно возило“ и „предизвикување општа опасност“. Според полицијата, на 4 и 5 декември минатата година во селото Брвеница, пријавениот од домот на неговата поранешна девојка одзел клучеви од возило, по што го опожарил автомобилот. — реклама — Потоа, како што информираат од полицијата, во Брвеница одзел и ...