Пожар избувнал во штала на локалниот пат кон селото Брвеница, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот бил навреме ставен под контрола. Од СВР Тетово информираат дека на 17 јуни околу 16:35 часот било пријавено дека настанал пожар во штала сопственост на И.У. (67) од Тетово. — реклама — На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица од Тетово, која успеала да го изгасне пожарот. Според информациите од ...

Дваесет и петгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди, а уште две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу селата Вејце и Селце во Тетовско. Од СВР Тетово информираат дека на 17 јуни во 13:00 часот било пријавено дека четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.Т. (25) од селото Селце, излетал од коловозот. — реклама — Во несреќата возачката се здобила со тешки телесни повреди, ...

Полициски службеници од СВР Тетово привеле 59-годишен жител на Тетово по пријава за семејно насилство. Според информациите од полицијата, на 17 јуни во 20:30 часот бил лишен од слобода Ш.Е. (59), откако неговата 50-годишна сопруга пријавила дека по кратка расправија во семејниот дом се обидел физички да ја нападне. — реклама — Лицето било задржано во полициска станица, а при извршената проверка било утврдено дека е под дејство на алкохол. ...

Седумдесет и тригодишен жител на Тетово бил пронајден починат во својот дом, информираа од СВР Тетово. Случајот бил пријавен на 17 јуни во 21:05 часот, кога било пријавено дека во куќа во Тетово е пронајдено безживотното тело на З.М. (73). — реклама — Лекар кој извршил преглед констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина за утврдување на ...

Млада жена го загуби животот во страшна и бизарна несреќа во сојузната американска држава Кентаки. Иако првобитно успеала да го преживее сударот, нејзината огромна љубов кон миленичето завршила фатално само неколку моменти подоцна. Според официјалното соопштение на локалната полиција, 33-годишната Морабија Сиди Суреш доживеала сообраќајна несреќа на 8 јуни во округот Рокасл, на истокот на Соединетите Американски Држави. Трагедија на ...

На 17.06.2026 на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници го уапсија од слобода М.Ц.(62) од Кичево. Со автомобил „шевролет“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода и по извршено алкотестирање кај него се измерени 1,56 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичен ...

Осумнаесетгодишно лице од струшкото село Ташмаруништа е лишено од слобода откако полициски службеници пронашле марихуана при извршен преглед. Како што информираат од СВР Охрид, на 18 јуни во 01:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Ц.В. (18) од селото Ташмаруништа. — реклама — При прегледот кај него биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. Од полицијата соопштија дека по ...

Тројца жители на Скопје се лишени од слобода откако полициски службеници при контрола во патниот сообраќај во Кичево пронашле марихуана во возилото во кое се превезувале. Според информациите од СВР Охрид, на 17 јуни во 22:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле М.Т. (24), Б.В. (25) и О.К. (25), сите од Скопје. — реклама — При контролата било сопрено патничко возило „Форд“ со скопски ...

Во тешка несреќа во познатиот Central Park, животот го загуби 18-годишен тинејџер откако паднал од коњска кочија која се превртела за време на возење во паркот, објави BBC. Според првичните информации, младиот патник, идентификуван како турист од Индија, се наоѓал во кочијата заедно со уште тројца патници. Инцидентот се случил кога кочијашот на кратко се оддалечил од возилото за да направи фотографија од групата. Во тој момент, коњот се ...

Tаткото ја донесе најтешката одлука во животот! Светот е во шок по трагичната смрт на 15-годишната Лија Пресон, која почина како жртва на нов, опасен предизвик на ТикТок. Ова девојче, кое според зборовите на нејзиното семејство „отсекогаш сакало да биде популарно на интернет“, завршило со целосна мозочна смрт откако свесно се предозирало со лекови за да сними видео. Принтскрин/ социјални мрежи Станува збор за таканаречениот „Бенадрил ...

Полицаецот што ја уби со нож сопругата пуштен на слобода да ја чека правосилната пресуда од судот. Јавноста и естрадата на Балканот се во тотален шок и неверување по објавувањето на првостепената пресуда на Вишиот суд во Белград за бруталното убиство на Анкица Делибашиќ (57), долгогодишна кројачка во „Гранд“ продукција. Нејзиниот сопруг, пензионираниот полицаец Ж. Д. (63), за ова свирепо дело е осуден на единствена казна од само десет и пол ...

Каталонската полиција го утврди идентитетот на мажот кој на 10 јуни беше ликвидиран во Барселона, во близина на Конзулатот на Црна Гора и канцеларија на шпанската Национална полиција. Станува збор за 45-годишниот белграѓанец Кристијан А., државјанин на Србија, за кого белгиските власти претходно распишале европска потерница и црвена потерница на Интерпол поради сомнение за трговија со кокаин. Првичните информации во медиумите беа дека жртвата ...

Поминаа десет дена од исчезнувањето на 17-годишната Душица Периќ од селото Дрен кај Обреновац, а нејзиното семејство сè повеќе стравува дека девојката не исчезнала по своја волја. Според родителите, Душица исчезнала на 9 јуни, откако рано наутро заминала кон училиштето. Иако наставата ја имала попладне, поради превозот тргнала од дома уште околу 6 часот. Оттогаш ѝ се губи секоја трага. Два дена по исчезнувањето, таа им се јавила на родителите ...

Голема тага ја потресе France откако осумгодишно момче починало за време на организиран училишен час по пливање во базен во местото Conches-en-Ouche. Трагичниот настан се случил на 16 јуни во текот на попладневните часови, додека учениците присуствувале на редовна настава по пливање под надзор на спасувачи и одговорни лица. Според првичните информации, детето се нашло во животна опасност за време на активностите во базенот. Спасувачите веднаш ...

Млад кумановец фатен како пијан управува со „бмв“. - На 16.06.2026 во 22:11 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(21) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и проверки, било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има ...

Утринава е забележано големо присуство на полицијата низ улиците на Скопје. Според нашите информации се вршат претреси во поголем број на објекти во кои живеат лица поврзани со тешки кривични дела меѓу кои и со убиството на Пластичарска улица со кое во Мај 2024 беше убиен Амар Исмани, а две лица беа тешко ранети, како и убиството на Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен на 15 јули 2023 година во луксузна вила во Ханиоти на Халкидики во Грција. На ...

Утрово во 05:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.Ц.(39) од Куманово. Од МВР информираат дека 39-годишната кумановка била уапсена постапувајќи по претходна пријава од нејзината 61-годишна мајка дека околу 03:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала и оштетила дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од ...

На 16 јуни во 19:50 часот во СВР Скопје, 44-годишната Н.М. од Скопје пријавила дека нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Според пријавата, инцидентот се случил на 15 јуни околу 23:00 часот на подрачјето на општина Аеродром. — реклама — Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. ...

На 16.06.2026 во Полициската станица Драчево е пријавено дека во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К.(72) од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13:00 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на ...

На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, соопшти МВР за јавноста и медиумите во дневниот билтен. На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ...

На 16 јуни, околу 23:40 часот, во СВР Скопје, 24-годишниот Д.А. од Скопје пријавил дека неговиот малолетен внук бил физички нападнат во Шуто Оризари. Според пријавеното, нападот го извршило едно лице, но засега не се даваат дополнителни информации за околностите под кои се случил инцидентот. Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека се преземаат мерки и активности за расветлување на случајот и идентификување на сторителот. На 16 ...

На 16.06.2026 околу 15:20 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на пешачка патека помеѓу ул.„Глигор Прличев“ и ул.„Гоце Делчев“ во Делчево, 13-годишен малолетник од Делчево, управувајќи велосипед изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Делчево. На 16.06.2026 околу 15:20 часот во ОВР Делчево е ...

Полицијата верува дека Кристофер Ревак, кој си го одзеде животот откако беше обвинет за убиство, можеби бил сериски убиец. Овој техничар во брза помош (EMT) неодамна беше поврзан со уште едно убиство, а локалниот шериф предупредува дека бројот на жртвите би можел да биде уште поголем. „Имаме работа со можен сериски убиец. Во текот на денот правеше добри дела, им помагаше на луѓето и ги спасуваше, но Крис Ревак имаше и своја мрачна страна“, ...

Во текот на 16 и 17 јуни 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 11 лица на различни локации во главниот град, откако кај нив била пронајдена и одземена дрога. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени се Е.Р. (21), А.Ј. (37), М.Н. (29), М.Р. (23), Р.С. (44), И.О. (24), сите од Скопје, А.Б. (19) од село Сопиште, А.Б. (43), Р.Ш. (48) и А.Н. (42) од село Катланово, како и К.А. (41) од село ...

Едно лице го загубило животот, а друго е рането во оружен инцидент што се случил во болница во градот Вилмингтон, во американската сојузна држава Delaware. Според првичните информации од истрагата, за нападот е осомничен 23-годишен маж кој исто така бил вработен во здравствената установа. Полицијата соопшти дека осомничениот по инцидентот бил лоциран и приведен во градот Филаделфија неколку часа подоцна, додека истражните тимови продолжуваат ...

Полициски службеници од Полициската станица Кривогаштани вчера лишиле од слобода 29-годишен жител на струмичкото село Баница, откако бил затекнат како управува возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување. Како што информираат од СВР Битола, настанот се случил на 16 јуни околу 11:45 часот во Кривогаштани, при редовна сообраќајна контрола. — реклама — Полициските службеници сопреле товарно возило „фиат“ со прилепски регистарски ...

Каса со пари била украдена од пред влезот на црквата „Св. Атанасиј“ во тетовското село Брвеница, информираат од СВР Тетово. Според пријавата, случајот бил пријавен на 16 јуни во 11:30 часот, а кражбата се случила претходниот ден околу 16:30 часот. — реклама — Од полицијата наведуваат дека засега непознат сторител ја одзел касата со пари која се наоѓала пред влезот на црквата. СВР Тетово презема мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и ...

Тешка трагедија го потресе австрискиот град Тауфкирхен, откако наставник ја убил својата млада колешка во просториите на училиштето, а потоа го загубил животот при бегство од местото на злосторството. Според информациите од истрагата, настанот се случил во библиотеката на средното училиште Билгер-Брештет по завршувањето на наставата. Осомничениот, 29-годишен наставник кој воедно бил и заменик-директор на училиштето, ја повикал својата ...

Четириесет и двегодишен жител на гостиварско село е кривично пријавен откако, според сомневањата на полицијата, со нож го повредил сопствениот татко по расправија во семејниот дом. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против осомничениот е поднесена кривична пријава за кривичното дело „телесна повреда“. Според полициските информации, инцидентот се случил по претходна семејна расправија, која прераснала во физички напад. Во ...

Трагичен настан се случи во селото Петница кај Чачак, каде што 79-годишен маж го загуби животот по удар од гром за време на невреме. Според информациите од локалните медиуми, несреќниот човек во моментот на невремето се наоѓал пред својата куќа и се обидувал да се засолни од дождот. Во тие моменти гром удрил во близина на домот, при што мажот бил директно погоден. Соседите велат дека временските услови нагло се влошиле и дека сè се случило за ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.95
62%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.13
69%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.35
90%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.84
57%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.63
68%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
0.37
97%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
56%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.44
48%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.86
50%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
71%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
62%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
2.78
100%
1016
Currency

61.645

Currency

53.9983

Currency

72.4174

Currency

37.5504

Currency

38.1008

Currency

66.7433

Currency

7.96794

Currency

0.70105

Currency

0.33399

Currency

0.52508

Currency

1.14928

Currency

0.56524

Рутениум

49029.89

Паладиум

40509.94

Бакар

12.63

Цинк

0.00

Сребро

1924.70

Злато

132441.79

Платина

52244.96

Алуминиум

3.15

Родиум

262028.58

Иридиум

245953.21

Калај

52.82

Кобалт

56.29