Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ГЕВГЕЛИЈА во Служба за мрежа на експозитури. Потребни квалификации: Дел од работните задачи: Бенефиции / Придобивки: Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до ...

Германија донесе одлука да го намали бројот на дозволени годишни работни визи за граѓаните од Македонија и останатите балкански земји, од досегашните 50.000 на 25.000. Оваа одлука доаѓа во време на економска нестабилност, рецесија и нови политики насочени кон ограничување на имиграцијата. Според агенциите за посредување при вработување, моменталната побарувачка за работна сила во Германија е значително намалена. Многу сектори, особено ...

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. Работна позиција: Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office) Тип на вработување: На определено време од 12 ...

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2024 година продажбите достигнуваат 13.433.299.470 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 19.005.696.029 денари, што е за 15% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 17%, а вкупниот ...

Вчера, во хотел Мериот Скопје, се одржа свечената церемонија за доделување на македонските Награди за е-трговија 2024 – “E-commerce Awards 2024”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Овој престижен настан привлече голем број на гости, вклучувајќи членови на Асоцијацијата, поддржувачи, партнери, жири-комисијата на наградите и најуспешните е-трговци во земјата. Гала вечерта беше исполнета со богата програма, одлична ...

Во годините успешна работа Panteleon GS покажа голема експертиза на наоѓање на вистинските луѓе за вистинските работи, и ги поврза со нивните работи од соништата во големи компании од Соединетите Американски Држави. А сега, со новиот клиент Impel Union, уште една американска компанија која доаѓа од камионската индустрија, се отвора можност за вработување на врвен професионалец од нашата земја на атрактивна, но и посакувана позиција во ...

Во овие тешки моменти на неизмерна тага и загуба, Триглав осигурување Живот искрено сочуствува со семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Свесни дека ништо не може да ја надомести загубата на најблиските, одлучивме да преземеме чекор кој барем малку ќе помогне во обезбедувањето иднина на децата што останаа без родител. Со цел да им пружиме финансиска сигурност во годините што доаѓаат, Триглав осигурување Живот ќе донира детско животно ...

Државниот завод за статистика објави дека просечната исплатена нето плата во јануари 2025 година во Македонија изнесувала 43.050 денари, што претставува зголемување од 8,9% во однос на истиот месец од минатата година. Ова зголемување најмногу се должи на порастот на платите во секторите Уметност, забава и рекреација, Административни и помошни услужни дејности и Образование. Од друга страна, намалување на просечната месечна нето-плата во однос на ...

Во дигиталната ера кога брзината е сѐ– довербата станува клучна валута. MINT Fintech Group и OneID објавуваат нова стратешка соработка насочена кон нова заштита на корисниците од финансиски измами и дигитален идентитет кој нуди максимална безбедност. Преку интеграцијата на OneID – платформа за сигурна дигитална идентификација – корисниците на MINT ќе добијат можност за проверка на идентитет без споделување на чувствителни податоци, преку ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Македонската берза АД Скопје (МБ) се согласија да соработуваат во поттикнување на работењето на локалниот пазар на капитал. Денес беше потпишан Меморандум на разбирање помеѓу Главниот Извршен Директор на Македонска берза АД Скопје, Иван Штериев и Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, со кој се создава силна основа за соработка помеѓу двете страни, во насока на зајакнување на ...

Шведскиот трговец со брза мода „H&M“ објави послаба од очекуваната продажба за првиот квартал. Во исто време, прелиминарните податоци за продажбата за март покажаа пораст од само 1%, што е знак за бавен почеток на сезоната пролет-лето. Оперативната добивка за периодот од декември до февруари изнесува 1,2 милијарди шведски круни, што е помалку од очекувањата на аналитичарите од 1,9 милијарди круни. Нето-продажбите достигнаа 55,3 милијарди ...

Утринските часови се најпродуктивни. А кога се споени со совршено подготвен појадок – добивате рецептот за успешен ден. Во AURUM Kitchen & Bar, појадокот е повеќе од оброк – тој е искуство што се памети, и простор што инспирира.Ако барате место за утрински состанок, вип просторија, тишина за работа или едноставно начин да си го започнете денот убаво – AURUM го има сето тоа.На менито ќе најдете внимателно избрани комбинации за енергија и ...

Љубителите на чоколадо имаат нов хит, откако веќе го искусија познатото Дубаи чоколадо. Станува збор за чоколадо наречено „Ангелска коса“ кое се произведува рачно во белгиската слаткарница „Tucho“ од Антверпен. И ова чоколадо има уникатно полнење. Содржи традиционално турско слатко познато како пишмании (Pişmaniye) кое се прави со мешање на брашно печено во путер во извлечен шеќер и потоа се формира во фини прамени. Во него се додаваат и мелени ...

Бизнис Скриените димензии на квалитетните работни места: Дали вашата компанија нуди вистинска вредност за вработените? Економија и бизнис | печатено издание | 15 март 2025г. Дали вие би ја избрале вашата компанија како работно место доколку денес баравте работа? Работното место е повеќе од канцелариски простор и плата. Компаниите често го гледаат работниот однос како трансакција – „нудиме добра плата и бонуси, очекуваме лојалност и резултати“. ...

Социјалната мрежа X на Илон Маск е на пат да го објави својот прв раст на приходите од реклами откако милијардерот ја купи компанијата во 2022 година, покажаа податоците од истражувачката компанија Emarketer. Големите брендови се враќаат на X исто како што расте политичкото влијание на Маск во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Како сопственик на Tesla, Маск сега игра клучна улога во американското Министерство за владина ...

Под покровителство на НЛБ Банка д.д., вчеравечер, во Љубљана, со изложбата „Ехо: НЛБ Колекција на современа уметност во дијалог“ свечено беше отворена новата Галерија МУЗА. Во присуство на важни гости, меѓу кои претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, странските амбасадори во Словенија, регионални уметници и истакнати личности од културниот и бизнис сектор, изложбата претстави уметнички дела од постоечката колекција на НЛБ ...

Бројот на вработени на „Dell Technologies“ ќе падне за 10% во фискалната 2025-та година, а компанијата ја потврди својата посветеност на различноста и вклучувањето, соопшти производителот на сервери за вештачка интелигенција (AI). Компанијата во својот годишен извештај посочи дека има околу 108.000 вработени заклучно со 31-ви јануари, што е под бројката од 120.000 една година порано, додека продолжи да презема мерки за намалување на трошоците, ...

Додека глобалните сили интензивно се натпреваруваат за пристап до клучни минерални суровини како бакар, кобалт, литиум, силициум и цинк, кои се од суштинско значење за зелената транзиција, рударскиот сектор во Македонија бележи загрижувачки пад. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во јануари 2024 година, во однос на истиот месец претходната година, е ...

Деловниот успех во било кое поле не е прашање на среќа, туку потребно е многу труд и напорна работа за да се стигне до целта или до дестинацијата која ја посакуваме. Пример за тоа е Давор Митревски, кој успешно ја гради својата кариера во македонската компанија Panteleon GS и успешно ја искачува корпоративната скала, која го донесе до одговорната позиција на Финансиски контролор. Иако млад, Давор уште пред 4 години решително ја направи одлуката ...

H&M Шведскиот моден синџир H&M објави послаба од очекуваната продажба во првиот квартал од 2025 година, со зголемување на продажбата од 1 година порано. „Нашата продажба и добивка во кварталот беа малку послаби од планираните, но првиот квартал е најкраткиот квартал од годината за нас во однос на продажбата и ние сме уверени во патот напред“, изјави извршниот директор на синџирот Даниел Ервер. Компанијата известува дека речиси 30% од ...

Бизнис Берлин и Париз бараат одговор на американските царини, Лондoн не сака трговска војна 27.03.2025 Велика Британија не сака да ескалира трговската војна со САД, изјави британската министерка за финансии Рејчел Ривс, додека Франција и Германија повикаа на силен одговор од Европската Унија на новите американски царини што ја погодуваат европската автомобилска индустрија. - Трговските војни не се добри за никого. Во моментов не сме во позиција ...

По повеќе од три децении научни студии кои укажуваат на неговата штетност, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) конечно одлучи да ја забрани црвената боја бр. 3 во прехранбените производи. Светло-црвениот сјај на бонбони, житарки и печива со децении доаѓа од синтетичка боја позната како Red No. 3. Иако истражувањата уште во 1980-тите ја покажаа неговата поврзаност со ракот и невролошките нарушувања, дури сега, по повеќе од 30 ...

На 31.12.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 30% од БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2024 година е зголемен за 183 милиони евра, или за 4,1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71,7%. Во текот на четвртиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 193 милиони ...

Технолошкиот гигант „SAP“ ја освои титулата највредна јавно тргувана компанија во Европа, поместувајќи го данскиот производител на лекови за слабеење „Novo Nordisk“, пишува „Bloomberg“. Акциите на „SAP“, кои уживаа во растечкиот оптимизам на инвеститорите за софтверот базиран на облак, пораснаа за 1,6% во понеделникот, вреднувајќи ја германската компанија на околу 314 милијарди евра. Ова го става пред „Novo Nordisk“ по вредност, чии акции паднаа ...

Компанијата Алкалоид АД Скопје се приклучи кон масовната акција за помош на настраданите во трагичниот пожар во Кочани, донирајќи 15 милиони денари преку Црвениот крст на РСМ. Оваа финансиска помош е наменета за поддршка на граѓаните погодени од несреќата и нивните семејства. „Со длабока почит кон сите што покажаа хуманост во овие тешки моменти, ја упатуваме нашата поддршка на настраданите. Веруваме дека солидарноста и заедничките напори се ...

Кинескиот премиер Ли Кечијанг потпиша декрет за спроведување на нови правила кои ќе го зајакнат одговорот на Кина на санкциите, објави кинеската влада. Новите правила произлегуваат од законот усвоен во 2021 година кој дозволува странците и странските субјекти вклучени во донесување или спроведување дискриминаторски мерки против кинеските граѓани и субјекти да бидат вклучени во списокот на можни контрамерки, како што се забрани за влез и ...

Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Македонија инфомира дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца. Како традиционален производ кој е дел од Велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, пазари и фармерски продавници. Од групацијата посочија дека во понеделникот во просториите на Комората се одржа работна средба помеѓу компаниите од ...

Бизнис САД ЈА ПРОШИРИ ЦРНАТА ЛИСТА ЗА КОМПАНИИ ЗА ИЗВОЗ НА ЧИПОВИ 26.03.2025 Администрацијата на САД на својата црна листа за извоз додаде нови кинески технолошки компании. Управата за индустрија и безбедност во Министерството за трговија во САД ја дополни листата со 80 компании, а повеќе од 50 се од Кина, за кои се забранува американските компании да ги снабдуваат со чипови без дозвола од владата. Компаниите се ставени на црната листа поради ...

Apple објави нов инвестициски фонд во Кина кој ќе ги поддржи неговите планови за транзиција кон 100% синџир на снабдување со обновлива енергија до крајот на деценијата, објави Quartz. Компанијата соопшти дека доделила до 720 милиони јуани (99,3 милиони американски долари) за втората фаза од својот Кинески фонд за чиста енергија, кој првпат го објави во 2018 година. со цел да ги поврзе кинеските добавувачи со обновливи извори на енергија. ...

Македонските банки беа шампиони на Берзата минатата година, движејќи го растот на индексот МБИ10 кон рекордни нивоа незапаметени уште од 2007 година, но годинава перформансите на нивните акции очигледно ќе бидат послаби, ако по утрото денот се познава. Имено, од почетокот на годинава, од седумте деловни банки чиишто акции котираат на Македонската берза, само три имаат раст, три имаат пад, додека со една акција нема ни трговија. Најдобар принос ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
73%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
71%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
74%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
47%
1015
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.22
58%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
1.34
74%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.63
33%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
57%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.63
49%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
55%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
47%
1015
Currency

61.535

Currency

52.6246

Currency

71.1856

Currency

34.788

Currency

37.9116

Currency

65.8359

Currency

7.39397

Currency

0.62077

Currency

0.35582

Currency

0.52509

Currency

1.27508

Currency

0.59504