Нето-профитот на „Ryanair Holdings“ се зголеми повеќе од двојно во првиот фискален квартал, а нискобуџетната авиокомпанија изјави дека ќе надомести поголем дел од падот на цените од минатата година за да постигне „разумен“ раст на профитот во фискалната 2026-та година. Ирската авиокомпанија објави профит по оданочувањето од 820 милиони евра за првата половина од април до крајот на јуни, во споредба со 360 милиони евра една година претходно и ги ...

Припадниците на Генерацијата Z имаат свои онлајн двојници – а повеќето од нив не знаат дека нивните податоци можат тајно да се клонираат и продаваат, без нивна согласност. Со својата нова меѓународна кампања #OwnYourWorld, Дојче Телеком ги открива скриените дигитални закани –покажувајќи како личните податоци можат да се дуплираат, злоупотребуваат и експлоатираат. Кампањата, која е активна на девет пазари во Европа, каде е присутен Дојче Телеком, ...

Никој повеќе не сонува за биро, осум часа работа и шеф што те гледа преку рамо. Наместо тоа, сè повеќе млади, а и не така млади, си го бараат местото под дигиталното сонце. Фриленсот стана спас за оние што не сакаат да чекаат некој да им определи работно место, туку сами си го создаваат. Од дома, од кафуле или од некоја планина со сигнал. Македонија полека, но сигурно влегува на глобалната мапа на фриленсери. Од млади кои пишуваат текстови за ...

Владата донесе две одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство, согласно последните измени на Законот за стокови резерви. На вчерашната владина седница донесена е одлука за набавка на 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв. Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона. Владата донесе одлука и за набавка на 2.400 ...

Компанијата Casys официјално ги помина сите проверки и ја доби најновата верзија на глобалниот сертификат за безбедност на картични трансакции – PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) верзија 4.0.1. Оваа верзија претставува најстрог и најсеопфатен безбедносен стандард во индустријата и е задолжителна за сите ентитети што обработуваат, складираат или пренесуваат податоци од платежни картички. Во период од последните две години, ...

Изберете го курсот што ви одговара: -Подготвителен курс (A1–C1) – за TELC/Goethe, работа или студии -Интензивен курс – индивидуален пристап за брзи резултати -Конверзациски курс – развијте слободен говор и самодоверба -Флексибилни термини -Онлајн или во училница (Битола – Пелагонка 2) -Групна или индивидуална настава -Сертификат според CEFR Уписи и повеќе инфо: 078 391 978 / 076 571 914 (Viber / WhatsApp) ...

Одбројувањето започна! До големиот концерт на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид остануваат само уште неколку дена, а дека интересот за ова музичко доживување е огромен зборува фактот што бројот на влезници во продажба веќе е ограничен. Настанот, кој се најавува како концерт на летото, ќе се одржи на 29-ти јули и ќе донесе симфониски спектакл под отворено небо – вечер на емотивни балади, незаборавни хитови и сценска магија во придружба ...

МТЕЛ Скопје, во целосна сопственост на „Телеком Србија“, го зголеми основниот капитал на компанијата на 16.769.587 евра. Ова следи по одлуката за измена на актот на друштвото донесена на 15 јули 2025 година, која деновиве беше регистрирана во Централниот регистар. Со новото зголемување, целосниот уплатен паричен влог на МТЕЛ изнесува речиси 17 милиони евра. Компанијата останува со ист основач и сопственик – Претпријатието за телекомуникации ...

Раководните лица на поранешната Еуростандард банка се наоѓаат под сериозни сомневања за сторен организиран криминал, по отворањето на кривичната истрага од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција уште во февруари 2021 година. Постојат сомневања дека станува збор за систематско и свесно делување на повеќе лица од управниот и надзорниот одбор на банката, со цел проневера, злоупотреба на службена ...

Македонско-словенечките врски во поезијата од средината на дваесетиот век се централната тема на магистерскиот труд на Хана Подјед, студентка на Универзитетот во Љубљана која едногласно ја одбра стручното жири на стипендијата „Ацо Шопов“ за 2025 година, во чиј состав се д-р Маја Бојаџиевска и д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорки на УКИМ, д-р Ивица Баковиќ, доцент на Универзитетот во Загреб, и Јасмина Шоповa, потпретседател на фондацијата ...

Македонските приредувачи на различни видови игри на среќа во автомат клубови, казина и обложувалници, здружението на вработени во овој сектор, гласно реагира на усвојувањето нов Предлог закон за игри на среќа од страна на Владата. Во оваа верзија на законот меѓу другите одредби се актуелизира дистанцата од 500 метри на објектите за игри на среќа од основните и средни училишта. Нивните асоцијации постојано предупредуваат дека дислокацијата на ...

Кина сè повеќе им парира на САД и Европа во фармацевтската индустрија, мотивирана од брзи иновации, регулаторни реформи и демографски промени кои генерираат цврст раст и важен прогрес во креирањето на нови лекови, пишува порталот Еуроазија бизнис њуз. Во 2025 година, Кина учествува со околу 31 отсто во глобалната развојна програма на иновативни лекови, веднаш зад САД, кои имаат 35 отсто. Кинеските компании предничат во напредни области како што ...

По завршувањето на тргувањето на американската берза денеска, „Тесла“ ќе ги обелодени своите деловни податоци за вториот квартал. Американскиот производител на електрични автомобили веќе објави податоци за производството и испораките на возила, но тие не беа охрабрувачки. Производството остана на ниво од вториот квартал од минатата година, додека испораките се намалија за 13,5 проценти на годишно ниво. Компанијата сака да привлече клиенти со ...

На денешната собраниска седница на која се расправаше за дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека буџетот е флексибилен инструмент што се приспособува на реалните економски движења и на приоритетите на нашето општество, а воедно потенцираше дека има зголемување на приходите, стабилен дефицит и стабилна фискална политика. „Станува збор за една важна ...

„Инвестициите во енергетиката се клучниот двигател за економскиот и општествениот развој на државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во енергетиката, во домашното производство на енергија и во современа и одржлива енергетска инфраструктура“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со цел Македонија да стане енергетска раскрсница на Балканот секојдневно се работи на нови инвестиции во енергетиката. Се потпиша моморандумот со компанијата „Казанџи груп“ којашто е ...

Централниот регистар донесе решение со кое се разрешуваат двајца неизвршни членови на Одборот на директори на „Пелистерка“ АД Скопје и се вршат измени и дополнувања на Статутот на компанијата. Од Одборот на директори се избришани Горан Јосифовски од Скопје, машински техничар, и Златко Талески од Битола, дипломиран машински инженер. Решението е донесено врз основа на нотарски акт и записник од седница на собранието на акционерите одржана на 30 ...

ПОБАРУВАЧКАТА за кредити од компаниите во еврозоната малку се опорави во вториот квартал и се очекува да се зајакне во текот на летото, соопштија комерцијалните заемодаватели во анкета на Европската централна банка (ЕЦБ). Банките во еврозоната објавија мало нето зголемување на корпоративната побарувачка за кредити, покажа анкета на ЕЦБ објавена во вторник. Побарувачката беше поттикната од пониските каматни стапки, додека глобалната неизвесност и ...

По речиси две децении заедничко управување со две од водечките компании во градежниот сектор во земјава, Гордана Димитрова повеќе не е сопственичка ниту на „Бауер БГ ДООЕЛ Скопје“, ниту на „Енергоинвест Трејд“. Со решение на Централниот регистар донесено вчера, таа е избришана од евиденцијата на сопственици на „Бауер БГ“, а целокупното основачко право сега му припаѓа на Благој Димитров. Промената следува по одлука донесена на почетокот на ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање за повикот на САД земјите од Европа да стават стопроценти царина на руските производи, рече дека ние како држава со усогласена политика со ЕУ ќе го следиме тој процес. – Ние сме прва држава од регионот која има стопроцентна усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, така што ќе го следиме тој процес и доколку се донесе таква одлука, ние како држава тоа ќе го примениме ...

Најчесто кога ќе се спомене заработка од туризам, луѓето веднаш мислат дека треба да имаат апартман или соба за издавање. Ама, кој вели дека тоа е единствениот начин? Всушност, далеку од тоа. Може да имаш добра заработка од туристите и без воопшто да се заморуваш со менување чаршафи и бришење подови. Еве неколку идеи за заработка кои се прилично реални, па дури и профитабилни, а не бараат да поседуваш недвижнина или да бркаш гости што гласно ...

Земјите членки на ЕУ на крајот на првиот квартал од оваа година имаа вкупен јавен долг на ниво од 81,8 отсто од БДП и буџетски дефицит од 2,9 проценти од БДП. На ниво на Еврозоната, пак, долгот достигна 88 проценти од БДП, а дефицитот 2,9 отсто, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција Евростат. Со ова јавниот долг во ЕУ пораснал за 0,8 проценти поени во однос крајот на последниот лански квартал, кога изнесуваше 81 отсто, додека ...

“Имајќи ја предвид посветеноста и залагањето на вработените во извршувањето на работните обврски, а по повод летните одмори, „Макпетрол“ АД Скопје информира дека на своите вработени им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 48.000 денари по вработен. Грижата за вработените е значајна за долгорочниот успех на Друштвото и претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ АД Скопје”, се вели во соопштението на компанијата објавено ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска повторно го актуелизираше прашањетo за воведување закон за личен банкрот на јавната работна средба во Стопанската комора. Тој смета дека не може до бесконечност да се толерираат луѓе кои не во состојба да ги подмируваат своите обврски. Сите развиени земји, потсети Славески, имаат регулатива за личен банкрот. – Тоа можеби е повеќе прашање за Министерството за финансии, но заедно може да ...

На 62. пленарна седница на Собранието, пратениците расправаат за ребалансот на Буџетот за 2025 година, тема што ја продлабочи поделбата меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата. За едните ова е буџет на стабилност, одржливост и развој, a за другите e документ без визија кој ќе ги чини граѓаните уште повеќе. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, го бранеше ребалансот како доказ за одговорно управување со јавните финансии. Според него, ...

Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација, кон нивото што се постигнува во еврозоната. Имавме средба со премиерот, му кажавме дека може да се најдеме во ситуација нашите цели да се конфликтни зашто секоја влада сака да го забрза растот, но во последните 4-5 години голем број политичари во светот ги загубија изборите токму поради незадоволството на граѓаните од високата инфлација, како што беше случајот ...

Скопје, 22 јули 2025 година – Шпаркасе Банка АД Скопје и Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија(КФСМ) официјално потпишаа договор за соработка, со кој Шпаркасе Банка АД Скопје станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига. Од новата сезона, лигата ќе го носи името „Sparkasse Life Прва лига жени“, што претставува значаен чекор кон поддршка и унапредување на женската кошарка во државата. Женската кошарка во нашата ...

Дури и додека конкурентските медиумски компании ги намалуваат средствата и ги намалуваат трошоците, „Netflix“ продолжува да напредува, објавува „Bloomberg“. Сопственикот на најпопуларната платена услуга за стриминг во светот објави резултати за вториот квартал кои ги надминаа очекувањата на инвеститорите за секоја главна метрика. Компанијата соопшти дека приходите се зголемиле на 11,1 милијарди долари, а заработката скокнала на 7,19 долари по ...

Изминатиот викенд, „Евротип“ беше дел од најголемиот летен настан во Прилеп – Пивофест 2025, каде што како еден од официјалните спонзори успешно ја промовираше својата програма за лојалност.Под отворено небо, со илјадници посетители и врвна забава, тимот на „Евротип“ беше присутен со сопствен штанд каде што посетителите имаа можност да се информираат и веднаш да се регистрираат во програмата која нуди бројни поволности, награди и изненадувања ...

„PepsiCo Inc“ ја задржа својата годишна прогноза и објави раст на продажбата што ги надмина очекувањата на аналитичарите, наведувајќи силен раст на меѓународно ниво. Компанијата, која ги поседува брендовите „Gatorade“, „Lipton“ и „Quaker“, објави органски раст на продажбата од 2,1% во вториот квартал, надминувајќи ги пазарните проценки. Заработката по акција достигна 2,12 долари, што е исто така повисоко од очекувањата на Волстрит. „Нашиот ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со трендот на прометот во индустријата и придонесот на поединечни гранки, како и проценките на среден рок, информираше дека најмногу воодушевува индустриската активност со странство. Тој истакна дека кога станува збор за прометот во индустријата, евидентен е огромен раст, кој достигнува до 20 проценти, а во периодот што следи очекува уште повисоки бројки. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
46%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
0.51
64%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
45%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.68
32%
1017
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
6.26
45%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
65%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
50%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
42%
1018
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
61%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
53%
1014
Currency

61.535

Currency

52.5169

Currency

70.8969

Currency

34.5144

Currency

37.9741

Currency

65.9863

Currency

7.37394

Currency

0.64871

Currency

0.35804

Currency

0.52671

Currency

1.27699

Currency

0.59729