Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Славната Хали Бери отсекогаш била отворена за својот приватен живот. Актерката се разведуваше три пати, а по последниот љубовен бродолом, кој се случи во 2016 година кога се разведе од францускиот актер Оливие Мартинез, реши да направи пауза. Таа беше во целибат четири години и признава дека своето слободно време го посветувала на своите деца и на својата благосостојба. „Морав целосно да се посветам на себе, да бидам сама, да растам и да ја ...
Овогодинешните Греми награди ја поделија јавноста. Додека некои коментираат за совршениот стајлинг, други со остро око наоѓаат модни грешки, а пејачката Чапел Роун лесно се пласираше на втората листа. Нејзиното појавување на црвениот тепих предизвика лавина од реакции, и барем, повеќето луѓе го сметаат за бизарно, несоодветно, премногу едноставно… View this post on Instagram A post shared by H A L E Y B A Y L E E (@haleyybaylee) Иако ...
Во последниве години, балетанките ги освоија модните писти и улиците, а сега трендот се пресели во светот на убавината – и тоа на наједноставен можен начин – преку шминка. Станува збор за усни инспирирани од балерини. Кога ќе ја пронајдете совршената комбинација од нежни розови тонови, целиот изглед станува лесен како танцување, пишува Byrdie. Овој тренд вклучува нежни розови усни со ладен подтон, инспирирани од бојата на класичните платнени ...
Познатата манекенка, Кара Делевин, се појави на забава пред доделувањето на Греми наградите и веднаш привлече внимание со својот изглед. Иако неодамна се врати на сцената и ги шармираше сите, овој пат отиде чекор понатаму. Во сите претходни години, Кара беше препознатлива по својата руса коса, но не и беа непознати и различните изданија и промени. Cara Delevingne attends the Warner Music Group Pre-Grammy awards party on Jan. 29 ...
Во светот на астрологијата, хороскопските знаци носат уникатни карактеристики кои ги обликуваат нивните личности, ставови и животни одлуки – вклучително и како го замислуваат семејниот живот. Додека некои знаци имаат тенденција да бидат повеќе ориентирани кон кариера, независни или имаат помали, поинтимни семејства, постојат знаци кои природно гравитираат кон дом полн со смеа, љубов и деца. За овие луѓе, семејството не е само обврска – тоа е ...
Шпанската централна банка ја заврши 2025 година со златни и девизни резерви во вредност од речиси 94 милијарди евра, рекордно високо ниво откако започнаа споредливи податоци. Зголемувањето првенствено ја одразува огромната побарувачка за злато на меѓународниот пазар како безбедно засолниште во година обележана со геополитичка и финансиска неизвесност. Но, во Шпанија, златото никогаш не е само сметководствена ставка, туку и прашање на ...
Ученик од деветто одделение отворил оган со воздушна пушка во една гимназија во Уфа, најголемиот град во Република Башкортостан во Русија, потврди гувернерот на таа република Радиј Хабиров. Според неговите зборови, во инцидентот немало повредени, а малолетниот напаѓач бил приведен. Како што пренесува руската агенција ТАСС, безбедносните служби веднаш реагирале, а состојбата во училиштето била ставена под контрола. Хабиров наведе дека нема ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, свика состанок на европските комесари со цел да ги смири растечките тензии и да го подобри начинот на работа во Колегиумот, објави Политико. Состанокот, кој не е задолжителен, е закажан за 4 февруари во Левен, Белгија, и е отворен за сите членови на Колегиумот. Според извори од Комисијата, идејата за собирот произлегла по серија напнати разменувања меѓу комесарите и незадоволство ...
Пред да објави кого ќе назначи за вршител на должноста премиер, претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе разговара одделно со пратеничките групи во 51. состав на Националното собрание. Консултациите започнуваат денес со првите две најголеми формации. Во 11 часот е состанок со претставници на ГЕРБ-СДФ. Во 13:30 часот, во „Дондуков“ 2, поканета е втората најголема парламентарна група „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“. ...
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија. Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра. Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската ...
Во месецот посветен на љубовта, ЈП Лајка започнува посебна иницијатива за љубителите на животни – „Биди мојот Валентајн за еден ден”. Со оваа акција, јавноста има можност да подари љубов и внимание на бездомни кучиња кои со месеци, а некои и со години, не излегле надвор од ѕидовите на прифатилиштето, известуваат од Лајка. „Иницијативата им овозможува на граѓаните да изберат куче и да поминат еден цел ден со него надвор од прифатилиштето – на ...
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт. „Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на ...
Опозициската СДСМ обвини дека власта спроведува, како што наведуваат, грабеж преку криминални тендери, во време кога во државниот буџет недостасуваат две милијарди евра. Од партијата посочуваат дека 161 тендер биле доделени на една фирма, 51 тендер на, како што велат, омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ преку општините, девет милиони евра на фирма со двајца вработени, како и 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта на Северна ...
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин. Текстот Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип е превземен од МАКФАКС. Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во областа на сајбер безбедноста и управуваат со повеќе FFRDC центри (Federally Funded Research and Development Centers). На средбата се разговараше за теми од клучно значење за современата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина откако изрази загриженост за екстремно ниските температури што ја погодуваат земјата. Во разговор со новинарите во Белата куќа, Трамп рече дека директно го контактирал Путин за да побара привремена пауза во ракетните напади, особено оние што ги таргетираат големите градови. „Го повикав ...
Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу Џефри Епстин и неидентификувано лице во септември 2018 година. Во разговор што се одвивал во текот на два дена преку iMessage услугата на Apple, неидентификуваното лице (чиј идентитет и телефонски број се затемнети) споменува жена опишана како 23-годишна поранешна манекенка од Русија. Лицето му се обраќа на Епстин со ...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, изјави вчера официјален претставник. Одлуката би можела да го спречи планираното гласање во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, за двајцата истакнати демократи да бидат прогласени за виновни за ...
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на забраната за Русија од меѓународните фудбалски натпреварувања. ФИФА ја суспендираше Русија од сите нејзини натпреварувања во 2022 година, по почетокот на целосната инвазија на Украина. Инфантино изјави за британскиот „Скај спортс“ дека ФИФА треба да ја укине забраната за Русија, особено во ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, по посетата на Израел треба да учествува на следниот круг преговори меѓу Украина и Русија, кои ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби. Ова го објави Барак Равид, дописник за глобални прашања на порталот „Аксиос“, пренесе „Европејска правда“. Според наводите на новинарот, Виткоф на 3 февруари ќе допатува во Израел, а потоа ќе замине во Обединетите Арапски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги намалат царините за индиската стока, откако Индија се обврзала да престане да купува руска нафта и да го зголеми увозот на енергенси од САД, а можно и од Венецуела. Во објава на мрежата „Тру соушал“, Трамп соопшти дека по разговор со индискиот премиер, Нарендра Моди, е постигнат трговски договор со кој реципрочната царина за Индија се намалува од 25 на 18 проценти. Според ...
Во Санта Фе денеска започнува големо судење против компанијата Мета, второ вакво оваа година, по обвиненија дека свесно им овозможила на предатори да ги користат „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за сексуална експлоатација на деца, ставајќи го профитот пред безбедноста. Тужбата ја поднесе државата Ново Мексико, по истрага која утврдила сериозни пропусти во заштитата на малолетниците, пишува Гардијан. Главниот државен обвинител Раул Торез тврди дека ...
Унгарија покрена постапка пред Европскиот суд на правдата против одлуката на Европската Унија за забрана на увоз на природен гас од Русија, објави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто тоа го соопшти на платформата „Икс“, откако во правната база на податоци на ЕУ беше објавена регулативата за постепено напуштање на рускиот гас. Намера да ја тужи ЕУ пред судот со седиште во Луксембург најави и Словачка. Унгарскиот ...
Португалија планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за деца помлади од 16 години, според предлог-закон поднесен во парламентот по примерот на Австралија и Франција. Со законот се воведува таканаречена „дигитална полнолетност“ на 16 години. За тинејџерите од 13 до 16 години, пристапот до социјалните мрежи би бил дозволен само со согласност од родителите, а платформите би морале да воведат системи за проверка на возраста и ...
Во документите за починатиот сексуален престапник Џефри Епстин, кои неодамна ги објави американското Министерство за правда, се споменува и Србија. Имено, Епстин бил заинтересиран за купување на една од најстарите вили во Њујорк, сместена на Петтата авенија – зградата на поранешна СФРЈ, позната како „Титовата вила“, пишува „Блиц“. Овој архитектонски бисер се појавува во преписката што Епстин ја водел на 10 декември 2018 година. Меѓу ...
Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен маж од Македонија, под сомнение дека ограбил пет кладилници и пошта соопшти денеска локалната полициска управа, пренесе „Н1“. Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на кладилници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари. Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и ...
Рим воведе влезница од 2 евра за пристап до прочуената Фонтана ди Треви, која досега беше бесплатна за посетителите, пишува Би-Би-Си. Оваа наплата има за цел да се контролира бројот на туристи и да се обезбедат дополнителни средства за одржување на споменикот, наведува Би-Би-Си. Некои туристи ја поздравија мерката, со надеж дека ќе се намалат гужвите и ќе се подобри целокупното искуство. Текстот Пристапот до Фонтана ди Треви повеќе не е ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека светот станува многу опасно место, но дека Русија не сака глобален конфликт. Руската инвазија на Украина во 2022 година предизвика најголема конфронтација меѓу Москва и Западот од врвот на Студената војна, иако претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп во моментов се обидуваат да преговараат за крај на војната со Русија и Украина, објави ...
Европа ризикува да стане подредена, поделена и деиндустријализирана ако не се трансформира во „вистинска федерација“, предупреди денес поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги, во говорот на Универзитетот во Лувен во Белгија, пренесува „Euronews“. Според Драги, „моќта бара Европа да се трансформира од конфедерација во федерација“ бидејќи глобалниот поредок „сега се распадна“. Во својот говор, ...