Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху денеска на вонредна прес конференција апелираше до избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач. Како што вели, причината за нејзиното свикување се информациите кои ги добивале од терен дека дел избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности ...

Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај незгодните Фарани, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој вечерва ќе се спротистави на Фарски Острови. Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров, а деби ќе има и младиот Дамјан Митев. Се разбира, тука се и искусните Кузмановски, Талески, ...

Вчера во Малме, Шведска, се одржа првата полуфинална вечер на 68-мото издание на Евровизија. На спектакуларната сцена настап имаа учесници од 15 земји, а 10 од нив влегоа во големото финале. Србија, Хрватска, Словенија, Португалија, Украина, Кипар, Луксембург, Литванија, Ирска и Финска се земјите кои добија пласман за финалната вечер која ќе се одржи на 11 мај (сабота) во 21:00. Погледнете ги настапите 10-те финалисте од првата полуфинална ...

Младата месечина во Бик не очекува утре во 5 часот и симболизира нов почеток во животот. Младата месечина во Бик носи чувство на стабилност, практичност и сензуалност. Бикот како земјен знак ги симболизира темелите, материјалната сигурност и уживањето во животот. Кога младата месечина ќе се појави во овој знак, се нагласува потребата за чувство на сигурност и удобност во животот. Овој период може да ја поттикне желбата за практични активности ...

Секогаш е непријатно кога не знаете што да очекувате од другата личност во која било смисла. Ова се непредвидливи хороскопски знаци кои сигурно ќе ве натераат да се намачите. Чудните и неочекувани промени на расположението се многу карактеристични за овие луѓе. Тие можат да се предомислат во секунда и да донесат неочекувана одлука која ќе ги збуни сите, а тоа е особено незгодно ако сте во блиски односи со нив. Од друга страна, понекогаш знаат ...

Вечерва започнува првата полуфинална вечер на Евровизија која годинава се случува во Шведска, Малме. Победата лани на Швеѓаните им ја донесе пејачката Лорин која победи на Евровизија по втор пат и стана првата жена на која и успеало тоа, а само пред неа двапати победи пејачот Џони Логан кој испиша историја во машка конкуренција. Лорин овие недели под полна пареа се подготвува за она што ќе се случува во следните три дена во нејзината земја, па ...

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на одлуката од 29.4.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,438%, кај дизелот за ...

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р. удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска. Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. ...

OВЕН Едно известување ќе предизвика големи промени не само во личниот живот, туку и на работното место. Не ја пропуштајте добрата шанса затоа што можеби нема да ви се појави наскоро. Здравиот разум и добро осмислените постапки ќе ве заштитат од сериозни грешки. Проблемите во попладневните часови се поврзани со вашите успеси и со поголема претпазливост. БИК Потребно е многу труд за да се справите со работата и да ги одложите итните задачи. Не ...

Три лица се повредени во сообраќајката, што утрово се случила на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“ во скопската населба Влае. Како што информира МВР, сообраќајна несреќа во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје била пријавена во 2:25 часот. Во неа учествувале две возила, едното марка „шевролет“ управувано од 32-годишната Е.С. и автомобил „ауди“, кој бил управуван од 27-годишниот Б.А. од скопски Сарај. ...

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден. Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината. Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака. Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите ...

Вие сте нов политичар на македонската политичка сцена. Може ли да се претставите? Доаѓам од среднокласно работничко семејство, каде од мали нозе не учеа, мене и брат ми, дека во животот ништо не е невозможно. Доколку работиш со многу труд и волја може да се постигне се и дека клучот кон успехот ќе дојде само ако инвестираме во нашето образование за подобар личен развој и прогрес во животот за наше идно вработување. Дипломирав на ЈИЕУ во Тетово, ...

Српската пејачка Јелена Карлеуша (45), која имаше повеќе од два милиони следбеници на Инстаграм, го изгуби профилот на оваа социјална мрежа поради говорот на омраза кон Црногорците и Црна Гора. Со објава на Икс (поранешен Твитер), нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ потврди дека профилот на Карлеуша избришан, но дека работат на тоа да го вратат. „Поради многу пријави на профилот на Јелена Карлеуша, од бот-профили на различни IP адреси, настана ...

На израелската претставничка на овогодинашната Евровизија, Еден Голан, ѝ беше препорачано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на оваа манифестација, поради пропалестинските протести во Малме, шведскиот град каде што се одржува натпреварот. Од полицијата ѝ рекле да остане подалеку од очите на јавноста освен за време на настапите, објави „Еуроњуз“. Таа пристигна во Малме овој викенд, среде силно ...

ОВЕН Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата личност и може да добиете желба да ја прекинете врската. Имате многу енергија во себе. БИК Ви се укажува нова можност на работно поле која може да биде добра за вас. Во периодот кој ви претстои ќе имате многу несогласувања со саканата личност. Нервната напнатост е нагласена кај вас. БЛИЗНАЦИ Подгответе се за промени на ...

Американската пејачка Мадона (65) синоќа одржа бесплатен концерт во бразилскиот град Рио де Жанеиро, претворајќи ја прекрасната плажа Копакабана во огромен подиум за танцување, пишува „Асошиејтед прес“. Тоа беше последното шоу од нејзината концертна турнеја „The Celebration“, која започна во октомври минатата година, со концерт во Лондон, Велика Британија. Таа го започна концертот со песната „Nothing Really Matters“ од 1998 година, а ...

Актерот Бернард Хил, кој глумеше во филмовите „Титаник“ и „Господарот на прстените“, почина на 79-годишна возраст. Хил го играше капетанот Едвард Смит во филмот награден со Оскар од 1997 година. Друга истакната улога беше кралот Теоден во трилогијата „Господар на прстените“. Неговата главна улога беше ликот на Џозер Хјуз во легендарната драмска серија од 1980-тите „Момци од црните работи“. Неговиот агент Лу Коулсон потврди за Би-Би-Си дека Хил ...

Американската пејачка Мадона (65) синоќа одржа бесплатен концерт во бразилскиот град Рио де Жанеиро, претворајќи ја прекрасната плажа Копакабана во огромен подиум за танцување, пишува „Асошиејтед прес“. Тоа беше последното шоу од нејзината концертна турнеја „The Celebration“, која започна во октомври минатата година, со концерт во Лондон, Велика Британија. Таа го започна концертот со песната „Nothing Really Matters“ од 1998 година, а ...

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти. Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на Хамас пристигнала во Каиро со намера да постигне договор, „но не по ...

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град Малме, годинава е во сенка на војната во Газа. Посебно за одбележување е учеството на Израел на речиси 70 години старото натпреварување, на кое годинава учествуваат 37 земји, а завршува со финалето на 11 мај. Жителот на Малме, Андерс Пухел, изјави за АФП дека ќе учествува на протестот на 9 мај, кога Израел ќе се ...

Пожар синоќа избил во Дом за стари лица во село Банско, Струмичко. Нема повредени лица, предизвикана е само материјална штета, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица, пожарот бил пријавен околу 23.30 часот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот целосно е изгаснат во 50 минути по полноќ. – Прво биле евакуирани лица од ...

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го ...

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38). Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи. – Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од ...

Во интервју со поранешниот новинар на GB News, Ден Вутон, Спејси ги негира наводите за сексуално вознемирување и напад, велејќи дека понекогаш „можеби постапувал несоодветно“, но не и незаконски. „Ја преземам целосната одговорност за моето минато однесување и постапки. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да се извинувам на некој што измислил работи за мене или преувеличувал приказни за мене“, рече Спејси, пренесе Би-би-си. Тој ...

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six. Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена ...

Манекенката Емили Ратајковски (32) присуствуваше на глобалниот гала настан „The King’s Trust“ одржан во Њујорк. Познатата убавица за оваа пригода избра свилен крем фустан со раскошно деколте, кое допираше речиси до нејзиниот папок и кој брилијантно ја истакна нејзината витка линија. Фустанот е со гол грб и врзан околу вратот, а Ратајковски не носеше градник поради кројот на фустанот. Долгата коса ја остави пуштена, а целиот стајлинг го ...

41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на претстојниот филм The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин. Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја ...

Србите пред неколку дена и официјално започнаа со изградбата на новиот фудбалски стадион кој се наоѓа во околината на Белград. Сите беа воодушевени од проектот и како ќе изгледа стадионот кога ќе биде готов, а воодушевени се и англичаните кои имаат само пофални зборови. „Србија го претстави проектот за новиот стадион. Фасцинантно изгледа ова технолошко ремек дело кое ќе биде опкружено со дрвја и зеленило. Србија планира величествен стадион и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
36%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
47%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
57%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
40%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.26
36%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.03
63%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
34%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
47%
1018
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
32%
1019
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
35%
1015
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
42%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
60%
1017
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62